Post Views: 0
Во три охридски училишта вработени се несоодветни стручни кадри, обвинува советничката од СДСМ Жаклина Лазреска. Посочи дека се вработени секретар во ОУ Григор Прличев со несоодветно завршено високо образование наместо со 300 со 180 кредити, во ОУ Ванчо Николески во Лескоец, дипломиран криминилог наместо библиотекар, партиски кадар на Вмро Дпмне и информатичар во средното екомоско училиште со 180 кредити наместо 240. Лазареска упати прашање до градоначалникот Никола Бакрачески кој ќе сноси одговорности за тие неправилности кои се прават во образованиот систем...
Post Views: 1
67 години слободна Струга. На 08.ми ноември 1944 година после дваесет дневна битка со фашистичкиот окупатор ослободена е Струга. Овој ден сеуште го памети стружанецот 88 годишниот Илија Балоски, кај кој сеуште не избледеле спомените за тој настан. Тој воедно е последниот жив сведок од списокот на 25 те стружани кои биле во составот на Првата македонска бригада. Баловче вели дека денеска е голем празник во Струга, кој се слави по 67 пат.На плоштадот во Струга, на споменикот на револуцијата, свежо цвеќе положија здруженијата кои имаат врска со настаните од НОБ, во присуство...
Post Views: 1
Охриѓани и стружани дишат најчист воздух во Македонија. Тоа го тврдат од Центарот за јавно здравје. Др Лидија Симоноска, вели дека последниве 14 години во Охрид никогаш немало загадување на воздухот. Максимално дозволена концентрација на аероседимент е 300, што според последните мерења од овој месец се многу ниски, вели, Симоноска. Таа пренесува дека на мерното место кај автобуска станица биле измерени 44, 61, кај централна градинка „Јасна Ристеска“38, 21, кај Сокара Темхем на мерното место било 51,22, и кај Општа болница е највисоко 66, 37 милиграми на метар квадратен.
„Од...
Post Views: 5
Германија ја надмина бројката од 100 000 смртни случаи од ковид-19 од почетокот на пандемијата, а регистриран е и нов црн рекорд по бројот на новозаразени на дневно ниво. Само во последното деноноќие се регистрирани 351 нов смртен случај, во споредба со 264 една недела порано.
Бројките објавени од Институтот за контрола на болести „Роберт Кох“ (РКИ) покажуваат дека од почетокот на пандемијата во Германија починале 100 119 лица како последица од компликации со ковид-19.
Бројот на регистрирани новозаразени во еден ден, исто така, првпат надмина 70 000. Ова се споредува...
Post Views: 1
Започна вакцинирањето против сезонски грип. Редица од граѓани чекаа пред амбулантата на епидемиологија да се вакцинираат. Најголемиот дел од нив беа повозрасни лица кои кажуваа дека редовно се вакцинираат секоја сезона. Имаше и такви кои за прв пат годинава ќе примат вакцина против сезонски грип. Од Центарот за јавно здравје велат дека вакцините кои се примаат штитат од 3 типа на вируси на грип. Според СЗО овие видови ќе бидат најзастапени во оваа и наредната година. Вакцините се набавени од холански производител.
Најчесто, се вакцинираат повозрасните лица, но и помладите...
Post Views: 0
Охридската модуларна болница е повторно отворена за ковид пациенти од пред неколку денови. Во моментов во Охрид се регистрирани четириесет активни случаи на корона вирусот, а болнички се лекуваат четворица ковид позитивни пациенти. Хоспитализираните лица се на возраст од 25 до 45 години. Еден од нив е со потешка клиничка слика и повремено е на кислородна поддршка, информира д-р Горан Балески, директор на Општа болница Охрид.
Сите четворица кои се хоспитализирани се помлади луѓе и не се вакцинирани. Не сакале да се имунизираат, одбивале. Неколку се дојдени од странство...
Post Views: 2
Конгресниот туризам во Охрид зема се поголем замав. Хотелските капацитети во градов во есенскиот и пролетниот период се полнат од овој вид туризам. Охрид со своите убавини е примамлив за гостите токму тука да ги одржат своите конгреси, но во слободното време и да уживаат во тоа што им се нуди. Хотелот Метропол има долга традиција за организирање конференции, семинари и конгреси. Од почетокот на септември до сега се организирани 18 големи конференции и триесетина семинари. За таа цел имаат адаптирано неколку конгресни сали кои ги нудат сите услови за одржување на вакви...
Post Views: 3
Денес официјално во употреба беше пуштена долгонајавуваната сензорна соба. Оваа соба која ќе функционира во рамките на ОУ „Св Климент Охридски“ е прва од ваков карактер не само во градот туку и во целиот регион. Директорот на училиштето Јордан Пуроски, искажа благодарност за добрата соработка со Црвениот Крст од Охрид како и на претставникот на Мировниот Корпус, кои се залагале за да ја остварат нивната првичната замисла од пред една година
„Тука ќе можат да ја користат сите ученици од нашето училиште, сензорната соба ја користат учениците кои што имаат потешкотии,...
Post Views: 0
По својот изнимно корисен, Wolfram Alpha, научен пребарувач, британскиот научник Stephen Wolfram претстави импресивна алатка за пребарување, дизајнирана за идентификација на сѐ што се наоѓа на фотографијата.Сѐ што треба да направите е да појдете на страницата imageidentify.com, да ја повлечете фотографијата која сакате оваа алатка да ја препознае и да причекате неколку секунди за да добиете одговор.“Страницата сепак нема да ви даде понекогаш совршен одговор, но мислам дека во повеќето случаи е неверојатно успешна. Она што ме фасцинира е тоа што грешките кои повремено...
Post Views: 9
Судиите не смеат да бидат предмет на политички маркетинг, тие мора слободно и независно да ја вршат својата функција. Поддршка за своите одлуки да бараат во моралноста, етиката и законот.
Актуелните случувања на општестевната сцена во Македонија, особено во политичкиот корпус, фрлија сомнеж врз независноста и самостојноста на нашето судство. Судиите не смеат да бидат предмет на политички маркетинг, тие мора слободно и независно да ја вршат својата функција, а поддршка за своите одлуки да бараат во моралноста, етиката и законот истакна Лидија Неделкова претседателот на...
Post Views: 0
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.10.2016 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„ (комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„ и „Горна Влашка Mала„).
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување...
Post Views: 2
Владата нема донесено одлука за почнување нуклеарна енергетска програма, а ако се одлучи за тоа, ќе се спроведе референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали го поддржуваат тоа или не.
Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на Меѓународната работилница за регионална и прекугранична соработка во енергетиката и нуклеарната енергија, што се одржува во Скопје во организација на АД ЕЛЕМ, МАНУ и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
– Во изминатите неколку години со препорака на Владата формирана е група во ЕЛЕМ која има задача...