Post Views: 0
Како дел од своите програмски активности, а во рамки на одбележување на Неделата на грижа за стари лица Црвен крст Охрид од денес па во наредните денови со своите тимови од социјално-хуманитарната и здравствено-превентивната дејност, помогнати со членови од здржението „Мозочен удар“ за борба против мозочен удар, ќе посетат стари лица во селата во општина Дебрца, при што ќе им поделат хуманитарна помош (прехрамбени производи, ќебиња) и ќе вршат основни здравствени прегледи (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта, ЕКГ).
Ваквите активности ќе продолжат и во текот на наредната...
Post Views: 11
„За последен први септември без сеопфатно сексуално образование“ е мотото под кое денеска Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување -ХЕРА во Скопје ги повикува граѓаните да се потпишат на петиција во која се бара воведување на сексуално образование во училиштата.
Драшко Костовски од ХЕРА информира дека сите предуслови за ваков предмет се остварени. Тие имаат изготвено рамка за сеопфатно образование изработена од стручни лица и од Министерството за образование и наука(МОН), имаат три стратегии во кои се предвидува воведување на сексуалното образование кои...
Post Views: 0
Граѓаните од одредени улици во градов се жалат дека при пообилни врнежи од дожд редовно се поплавуваат. Улиците пливаат во вода, а не ретко таа навлегува и во нивните подруми. Такви критични точки има на улицата „Никола Карев“ на „Сирма војвода“, кај Тинекс маркет, во населба Даљан и на улицата „Цар Самоил“. Од ЈП „Нискоградба“ велат дека го имаат лоцирано проблемот и дека работат на негово решавање. Уште со завршување на летната сезона започнале со чистење на шахтите и сливниците во градов.
Одржувањето на мрежата и цевководите е обврска на ЈП „Нискоградба“, но другиот...
Post Views: 0
Се степаа стружани и охриѓани. Денеска нешто после пладне околу 14 часот две групи на деца предизвикале тепачка. Во неа учествувале 14 деца од охридското средно училиште ЕМУЦ и неколку од сртушката гимназија Ибраим Темо. Настанот се случил на ул Маршал Тито во близина на ресторанот Т’га за Југ. Нарушувањето на јавниот ред и мир потврден е и од страна на СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски вели дека дел од учесниците се приведени во полициска станица и се врши распит заради утврдување на сите аспекти поради кои дошло до тепачката. После тоа ќе излезат и со детали за...
Post Views: 3
Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење, „Кузман Шапкарев“ ги додели сертификатите за опслужувачи на алатни машини и монтери на нисконапонски инсталации. Станува збор за проект кој универзитетот го спорведува во соработка со локалната самоуправа со цел подобрување на формалните знаења на оние кои сакаат да ја подобрат својата конкурентност на пазарот на трудот.
„Се надевам дека вие ќе имате корист од тоа, ќе најдете вработување и да се наденваме дека ќе си го средите својот живот и својата егзистенција, а од ЛС очекуваме и понатака да имаме поддршка во вакви...
Post Views: 1
Во тек се работни активности за комплетна реконструкција на подовите во ООУ „Христо Узунов“.
Поставена е нова бетонска подлога во сите сите училници, со вкупна површина од 1358 метри квадратни, a во текот на наредниот период истата ќе биде поплочена со современ пвц материјал.
Оваа инвестиција е дел од овогодишната Програма за образование на Општина Охрид и за нејзина реализација од општинскиот буџет се издвоени 892.552 денари.
Во текот на изминатиот период во ООУ „Христо Узунов“ беа спроведени низа реконструктивни зафати со кои значително се подобрија условите за одвивање...
Post Views: 8
Мостот на желбите што води кон Канео повторно е во лоша состојба. Дел од оградата е разнишана, а дел одсечена од паднато дрво. Дрвените штици исто така попуштиле под налетот на југот, а светилките се или искршени или не светат. Сето тоа ја загрозува безбедноста на минувачите.
Иако подолго време се најавува изградба на нов мост кој полесно ќе го поврзува Канео со центарот на градот од неговата изградба досега нема нешто конкретно. Останавме без одговор од локалната самоуправа до каде е постапката со изгрдбата на новиот мост. Од општината од есента 2015 најавуваат...
Post Views: 0
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.С.(62) од Охрид.
Пријавениот, во текот на 2016 година, како раководител на градежна оператива во јавното претпријатие ,,Градски гробишта“ Охрид, искористувајки ја службената положба, во четири случаи не се придржувал на изготвените налози за вршење на градежни работи на гробните места, туку неосновано дозволил зголемени градежни работи кои што не биле наведени во налозите. На тој начин, биле извршени и работи кои не...
Post Views: 1
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од денес па во наредните две недели горивата ќе се продаваат по нова пониска цена за 3 денари по литар.
Од денес, Еуросупер БС-95 се продава за 60,00 денари, а Еуросупер БС-98 за 62 денари за литар. Новата цена на Еуродизел (Д-ЕV) е 47 денари за литар гориво.
Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство чија нова цена е 35,5 денари за литар, како и малопродажната цена на мазутот М-1 HC кој сега се продава за 21,947 денари за килограм.
РКЕ одлуката за промена на цената, како што соопштуваат, ја донела врз основа...
Post Views: 2
Најновото британско истражување докажало дека жените се сепак подобри зад управувачот, но за да бидат признати како подобри возачи ги спречува нивната скромност.Имено, многу се ретки жените кои се фалат со возачките способности, додека посилниот пол често сака да се фали дека е врежано мислењето дека мажите се подобри возачи од жените. Но…–Жените се повнимателни, повеќе внимаваат на безбедноста и возат поспоро од мажите. Статистиките покажуваат дека мажите почесто предизвикуваат сообраќајни несреќи и повеќе прават сообраќајни прекршоци.–Жените се посмирени...
Post Views: 4
ЈП „Македонија Пат“ подружница Охрид и оваа зима без потребната механизација. Дополнително чекаат ризла и сол, а во моментов ЈП располага со резерви од минатата година. Исто така чекаат да помине тендерот на централно ниво за да добијат на заем уште две возила и 3 машини за чистење на снег. Додека пак од СВР Охрид велат дека се подготвени за безбедно одвивање на сообраќајот во зимскиот период, само чекаат од останатите институции, ажурирани планови со комплетни податоци за активностите околу одржување на патиштата. Како што појснува полицискиот гласноговорник Стефан...
Post Views: 8
Улицата „Цар Самоил“ затворена за сообраќај. Веќе неколку дена на неа се вршат интензивни работи од страна на ЈП „Нискоградба“. Се поставуваат цефководи и сливници за опфаќање и одведување на атмосферските води како и собирна решетка и цевки со дијаметар 300 мм преку кои дождовницата ќе се пренесува до Охридското езеро.
Изградбата на атмосферска канализација на улица Самоилова е долгогодишен проблем на жителите на оваа улица, а општина Охрид го реализира преку програмата за изведба на нови атмосферски канализации на територијата на Општина Охрид во рамките на секторот...