Доделени сертификатите за завршени курсеви за машинство и електротехника

Ова е финализирање на проект на локална самоуправа спроведен во соработка со Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење, „Кузман Шапкарев, со цел подобрување на формалните знаења на оние кои сакаат да ја подобрат својата конкурентност на пазарот на трудот.

 |   | 

Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење, „Кузман Шапкарев“ ги додели сертификатите за опслужувачи на алатни машини и монтери на нисконапонски инсталации. Станува збор за проект кој универзитетот го спорведува во соработка со локалната самоуправа со цел подобрување на формалните знаења на оние кои сакаат да ја подобрат својата конкурентност на пазарот на трудот.

„Се надевам дека вие ќе имате корист од тоа, ќе најдете вработување и да се наденваме дека ќе си го средите својот живот и својата егзистенција, а од ЛС очекуваме и понатака да имаме поддршка во вакви обуки за решавање на невработеноста во нашата општина“ истакна Славица Ристеска – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење од „Кузман Шапкарев“.

Инаку ова не е прв пат ЛС на овој начин да соработува со Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење. Имено ваков тип на обуки се спроведуваат четири години по ред с, а истите ЛС ги финансира со цел, да даде свој допринос во намалување на невработеноста преку подобрување на знаењето и вештините за одредени категории на граѓани со што истите стануваат поконкурентни на пазарот на трудот, вели Гордана Коњаноска – Претседател на Совет на Општина Охрид.

„Јас искрено се надевам дека знаењата и вештините кои ги имате стекнато во текот на овој курс, реално ке придонесат да бидете поконкурентни на пазарот на трудот, на сите ви поскаувам валоризација на стекнатот знаење и преку секако вработување и градење на кариера во таа област и исто како и директорката и убедена сум дека нема овде да застане соработката со Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење, „Кузман Шапкарев“ и дека наредните години ќе имаме можност за ваква соработка“ потенцира Гордана Коњаноска – Претседател на Совет на Општина Охрид.

Од ЛС најавуваат дека ќе продолжат со дизајнирање на вакви проекти со кои на сличен начин ќе ја подржува и работата на граѓанскиот универзитет , а со тоа ке им помогне на луѓето да ја подобрат својата компетентност на пазарот на трудот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top