Post Views: 0
Нашите цели при градењето на едно општество се: Враќање на слободата и демократските вредности во општеството, Вреднување на луѓето не според етничката или каква било друга припадност, туку според капацитетот што можат да го вложат во развојот; Слобода во изјаснувањето на секој личен идентитет, кажа Земон. Тој обвини дека нашето политичко уредување се претворило во коруптивна ЕТНО КРАТИЈА. Власта во изминатите години избра да води политика на поделби и предизвикување на конфликти кои луѓето ги поделија на „наши“ и „ваши“, кажа Земон.
„Власта наместо да стимулира толеранција...
Post Views: 4
Паднаа уште пет дрва во градов. Исечени се стеблата на дрвата кои се наоѓаа во близина на Охридска банка и ЕВН. Граѓаните изреволтирани од уништувањето на зеленилото во градов велат дека од една страна се прават некакви акции за пошумување и садење дрва, а од друга страна повеќегодишни стебла се сечат без мерка.
Од Локланата самоуправа објаснуваат дека уште пред неколку години се барало одобрение за сечење на дрвата на ова место. Барањето го доставиле од ЕВН и се однесува само на три стебла со образложение дека се стари и преставуваат опасност за минувачите и за просториите...
Post Views: 14
Според податоците од следењето на рибниот фонд во трите езера во државава Преспанското е најсиромашно со риба. Како причини за ваквата состојба се споменува неконтролираното ловење и секако тоа што никогаш не било порибувано. Имајќи го ова во предвид, за првпат е извршено порибување со крап.
„Ова е историски чин за рибниот фонд во езерото. Мора да го зголемуваме и збогатуваме ова еколошки можеби најчисто езеро. Ваквите акции ќе продолжат“, рече на самиот чин на порибувањето Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.
И додека ние за првпат порибуваме,...
Post Views: 0
Одредбите од законот со кои што е предвидена обврската на правните лица да се врши аудио-видео снимање при обуката на кандидатите за возачи се избрзани, нејасни и дискриминирачки за кандидатите и инструкторите, нарушувајќи го нивниот личен интегритет и задирајќи во нивната приватност со можност за понатамошни бројни злоупотреби , обвини кандидатот за пратеник Рајко Домазетоски.
Тој најави дека коалицијата ВМРО за Македонија, ќе донесе Нов закон за Безбедност на сообраќајот на патиштата по европски терк, преиспитување на работата на испитните центри , намалување на даночната...
Post Views: 7
Директорите на двете средни Струшки училишта Нико Нестор и Ибраим Темо, уверуваат дека меѓуетничките односи во овие образовни институции се стабилни. Тие откриваат дека по неодамнешниот инцидент, тепачката меѓу ученици од Охрид и Струга на автобуската постојка, во училиштата повеќе се зборувало за меѓуетничка толеранција.
Првите луѓе на Нико Нестор и Ибраим Темо велат дека постојано работат на елиминирање на насилството меѓу учениците албанци, турци и македонци. „Последната тепачката меѓу деветмината ученици од различна национална припадност е изолиран случај, затоа...
Post Views: 0
Се поизвесно е дека Охрид ќе добие хотел со 5 ѕвезди. Во оваа фаза можеме да потврдиме дека Охрид ќе добие супер-модерен објект по највисоки стандарди и ќе се најде на мапата на светски познатите хотелски брендови, велат од компанијата Камфуд. Следствено на тоа ќе има зголемување на вработувањето и економски развој во Охрид, и пошироко во регионот. Најголемиот македонски туристички центар сега ќе може рамноправно да се носи на туристички план со регионот и европските земји, додаваат од „Камфуд“.
Станува збор за исклучително атрактивната локација покрај езерскиот...
Post Views: 1
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.М.С.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
При претрес, извршен во дом во Охрид во кој привремено престојувал, полициските службеници пронајдоа марихуана – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Post Views: 0
Од 1987-та година откако се води статистика за епидемијата на ХИВ/Сида, па се до 25 ноември годинава, во земјава се региститрани 310 лица со ХИВ Сида, од кои починале 83 . Во Македонија само годинава се регистрирани 35 нови случаи, од кои 9 лица се заболени од сида додека 26 се ХИВ Позитивни. Најголем број од заболените се машки лица на возраст од 30-39 години. Во Охрид во 2015-та и 2016-та година нема ниту едно заболено лице од ХИВ Сида. Според експертите, доколку се одржи досегашното финансирање за ХИВ, може да се спречат 860 нови случаи на ХИВ до 2030-та година и...
Post Views: 5
Вчера во попладневните часови селата од Општина Дебрца беа погодени од невреме проследено со електрични празнења и град. Врнежите од град наместа беа со големина од лешник, јавуваат жителите.
Посебно се погодени селата на Горна дебрца каде се речиси во целост опустошени земјоделските култури, а на социјалните мрежи се споделуваат видеа и фотографии, потенцирајќи дека само за неколку часа, температурата паднала за цели 20 степени.
Post Views: 1
Ќе го менуваме системот и ќе почнеме уште од најрана возраст, преку вклучување на децата со посебни потреби во предучилишно образование со специјални едукатори, ќе отвориме центри за ран детски развој со специјална поддршка за децата од обучени професионални едукатори, изјави денеска во Охрид , носителот на листа од СДСМ и коалицијата, Радмила Шекеринска. Таа додаде дека поддршката за децата со посебни потреби доколку ја добијат довербата на граѓаните, ќе ја зголемат за 50 % и менуваме и голем дел од регулативата која се однесува на оценка на способностите на децата...
Post Views: 0
Советот на општина Охрид ја одржа 65 седница. Советниците од позицијата за 2017 година усвоија 27 точки со предлог одлуки за нацрт развојни програми од бројни општествени сфери, а 38 точки се донесоа од областа на урбанизмот. Советниците од опозицијата по денешните точки на дневен ред гласаа воздржано или пак се изјаснаа против. Јован Стојаноски, координатор на советничката група од СДСМ кажа дека се сведоци на безидејна нацрт програма за буџетот во 2017 година. Нема ништо ново и развојно за градот и еден обичен список на желби , истакна Стојаноски.
„Се гледа од...
Post Views: 4
Реставрацијата на автобусот од култниот филм “Ко то тамо пева” започна во просториите на загрепскиот Јадран филм, а по темелната обнова и враќање на автобусот во состојба во каква беше за време на снимањето во 1980 година, се планира турнеја по државите на поранешна Југославија.
Спрема зборовите на претседателот на Управниот одбор на Јадран филм, Винко Грубишиќ, носителот на проектот, за обновата на автобусот Мерцедес од 40-те години на минатиот век постои голем интерес во јавноста, но и заинтересирани инвеститори за обнова, изнајмување и турнеја.
“Направивме план за...