Бројот на грипозни во Охрид секојдневно расте

Post Views: 1 Расте бројот на заболените од грип и во Охрид. Пикот на грипот вообичаено започнува пред Нова година, информираат од одделението за инфективни болести. Од таму засега немаат број колку лица се лекуваат од грип, а не е изолиран ни типот на вирус кој циркулира. Издаден им е налог за земање на  брисеви кои се дaваат на испитување во Центарот за јавно здравје кој треба да го изолира типот на вирус кој напаѓа. Во Македoнија пак преку системот „Мој термин“ во декември биле евидентирани повеќе од 7.800 лица заболени од грип и очекуваат тој број да се зголеми. Комисијата за...

Continue reading

Локална:нема ништо спорно во изградбата на хотелот во населба Лагадин

Post Views: 4 Нема ништо спорно во изградбата на хотелот во населба Лагадин, велат од Локалната. Од таму објаснуваат дека одобрението за градење на хотелот  е издадено во законски пропишана процедура со прибавување на сите потребни документи пропишани според законот за градење. Додаваат дека не станува збор за хотел со шест ката, како што обвинуваа мештаните од оваа населба и дека се гради во согласност со одобрението добиено од Министерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски. Лилјана Јоноска, претставник од секторот за урбанизам,ги покажа сите документи кои...

Continue reading

Samsung работи на уреди на склопување

Post Views: 1 Еден од фокусите на истражувањата на Samsung последните години е технологијата поврзана со екраните. Јужнокорејската компанија досега веќе прикажуваше бројни прототипи на склопливи, преклопни и флексибилни екрани, а тука се секако и двата врвни телефони со закривени екрани – Galaxy Note Edge и Galaxy S6 edge. Овие денови кружат гласини за тоа дека компанијата работи на уреди кои се склопуваат и кои се во можност од мини таблет да се претворат во многу поголем модел и тоа со едно движење – како отворање на книга. Секако, ќе помине време додека оваа технологија се најде...

Continue reading

Водостојот на Охридското езеро се намалува

Post Views: 0 Нивото на Охридското езеро се намалува. Во моментов  водостојот на Охридското езеро е намален и изнесува 3 см на водомерната летва со тенденција на намалување. Состојбата се должи на временските прилики и недостатокот од врнежи во месец ноември и декември, информираат од одделението за водостој при  Управата за хидрометереолошки работи. Во ноември се забележани 76 м2 дожд кој е под просек за периодот од 1982 до 1990 година кој изнесувал 94 литри на м2, посочува раководителот на одделението за водостој на површински м-р Васко Стојoв. „Во месецот кој изминува на станицата...

Continue reading

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица Каменско“ е отворена нова галерија на икони

Post Views: 37 Пред очите на охридската и пошироката јавност е ставено непроценливо богатство. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони во која е изложена постојана поставка на автохтони иконописни дела. Презентирани се 40 икони, како и неколку црковни и богослужбени книги. Поставката содржи неколку икони од 18 век, но преовладуваат икони од 19 век и неколку икони од самиот почеток на 20 век, вели Отец Диме Азески. Ние се трудиме да ги информираме посетотелите за оваа галерија. На огласната табла на влезот на црквата имаме напишано...

Continue reading

Nikola Rilkoski

Никола Рилковски нов претседател на ДИК

Post Views: 6 Пратениците на денешната 77 седница го избраа Никола Рилковски за претседател на Државната изборна комисија, а Вангелина Маркудова за судија во Уставниот суд на Република Македонија. Маркудова доаѓа од одделот за организиран криминал во Основниот суд 1 -Скопје. Пратеникот Павле Трајанов го повлече Предлог-законот за заштита на сведоци. Од Демократскиот сојуз појаснуваат дека причина е чувствителноста на материјата која се регулира со Законот за заштита на сведоци, како и потребата од дополнителни консултации. {loadposition content9}

Continue reading

Покривање на долгови или развој на обрaзованието?

Post Views: 0 Развојната програма на образованието е слика дека ништо не напреднало во образованието во нашата општина во изминативе четири години, обвинуваат советниците од опозицијата. Од Локалната обајснуваат дека голем број инвестиции се преземени во изминатите години во образовните институции, а се вложуваат и многу средства за одржување на минимум услови за настава. Оваа година планираните 26.420 000 денари за основните училиште се за 2.5 милиони денари помалку во споредба со минатата година. Помалку средства исто така се одвоени и за средните училишта.Советниците од опозицијата...

Continue reading

zeni pogradec

Жените од Поградец ги пречека бизнисменките од Струга

Post Views: 4 Партнерс Албанија во Поградец, ги пречека бизнисменките од Струга. Деновиве таму се одржа завршна работилница на проектот Промоција на женско претприемништво во пограничен регион. Целта да се презентира промотивна брошура со податоци за проектот и жените претприемачки кои учествуваат во него е исполнета. Глигор Михаиловски од Македонската развојна фондација, рече дека сеуште постојат работи кои недостасуваат за да успеат овие семејни бизниси, но дека во иднина треба посебна  поддршка од Локалните самоуправи на двата града. Забелешки има и од директорот на Партнерс Албанија,...

Continue reading

Жителите на Лагадин против изградба на хотел

Post Views: 0   Жителите на Лагадин покренаа онлајн петиција против изградба на голем хотел непосредно до крајбржната линија на Охридското Езеро. Од граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ велат дека тоа се прави во заштитен појас. Во прогласот за петицијата на жителите на Лагадин стои, дека хотелот се наоѓа на растојание помало од 50 м од водостојот на езерото, што според нив е недозволен појас за цврсти градби и е заштитен со закон. За изградба на хотелот било донесено незаконско одобрение без согласност на Mинистерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски,тврдат...

Continue reading

Невролошки микроскоп за Специјалната болница „Свети Еразмо” во Охрид

Post Views: 3 Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ за првпат доби нов неврохируршки микроскоп. Денес со помош на новата опрема изведена е комплицирана операција на тумор на мозок. Неврохирургот Митре Милошески, од охридската болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид, неврохирургот Венко Филипче и докторот Миќун Миќуновиќ, денес со помош на новиот неврохируршки микроскоп, изведоа сложена операција на тумор на мозок кај 73-годишна пациентка. Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле. Сега и во болницата...

Continue reading

Во Охрид ќе има дочек на новата година на градскиот плоштад

Post Views: 4 Во Охрид ќе има дочек на новата година на градскиот плоштад. Од Локaланата велат дека иако некои општини ги откажаа прославите на плоштад, Охрид како туристички центар каде се очекува да пристигнат неколку илјади гости, не се откажува од оваа традиција. Од буџетот на општината за оваа намена се издвоени околу 5000 евра. Прослава на плоштад ќе има и за туристите и за охриѓани, но сеуште не се знае кој ќе ги забавува. Се шпекулира дека годинава нема да има некое познато име од македонската естрада туку дека забавата ќе ја прават локални уметници и групи. Секторот за култура...

Continue reading

Охридски рамковен договор, дваесет години подоцна

Post Views: 3 Владата на Република Северна Македонија на 27 јули одржа свечена седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање премиерот Зоран Заев потенцираше дека оваа значајна годишнина се совпаѓа и со 30 годишнината од независноста на нашата земја, со 80 годишнината од народното востание и 20 годишнината од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација како наш прв чекор во остварувањето на нашата заедничка цел за членство во Европската Унија. Премиерот потсети дека една од првите приоритети на листата на новоформираната Влада...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top