Покривање на долгови или развој на обрaзованието?

Развојната програма на образованието е слика дека ништо не напреднало во образованието во нашата општина во изминативе четири години, обвинуваат советниците од опозицијата. Од Локалната обајснуваат дека голем број инвестиции се преземени во изминатите години во образовните институции, а се вложуваат и многу средства за одржување на минимум услови за настава.

 |   | 

Развојната програма на образованието е слика дека ништо не напреднало во образованието во нашата општина во изминативе четири години, обвинуваат советниците од опозицијата. Од Локалната обајснуваат дека голем број инвестиции се преземени во изминатите години во образовните институции, а се вложуваат и многу средства за одржување на минимум услови за настава.

Оваа година планираните 26.420 000 денари за основните училиште се за 2.5 милиони денари помалку во споредба со минатата година. Помалку средства исто така се одвоени и за средните училишта.Советниците од опозицијата во градскиот совет сметаат дека за квалитетен воспитно образовен процес потребни се квалитетни услови, а дека она што локалната го прави во училиштата моментално е само задоволување на основните потреби без никаков развоен момент.

„Образованието е темел на едно општество, но за какво образование зборуваме кога во градов имаме училишта, во кои потребни се четири години да се смени покрив, училишта кои локалната не е способна да ги загради“ обвинува Оливија Пирузева Јанева – советник СДСМ Општина Охрид.

Овие тврдења се апсолутно неточни и прилично паушално искажани, вели секретарот на Општина охрид, Димитар Спасески. Тој демантира дека програмата за образование наликува на програмите од минатите години, со објаснување дека многу инвестиции се преземени во изминатите години во образовните институции, а се вложуваат и многу средства за одржување на минмум услови за настава. Спасески објасни дека исто така се правата напори и се сервисираат долговите на голем број училишта од градов.

„Во 2013 та година училиштата ги наследивме во тешка, односно катастрофална финансиска состојба. Со дирекни средства од Локалната самоуправа минатата година инвестиравме нешто повеќе од 40 милиони денари општински средства во процесот на подобрување на финансиската состојба на училиштата, а оваа година согласно оваа порграма предвидуваме 53 милиони денари за дирекно насочување во образовните институции, така да недржи дека програмите наликуваат една на друга“ дециден е Спасески.

Инаку на последната седнаица на Советот на Општина Охрид беше донесена одлука за исплата на долгот на ОУ „Григор Прличев“ Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top