Пријава за жител на Октиси поради уништување на гласачко ливче

Post Views: 10 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „уништување на изборен матерјал”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(67) од струшкото село Октиси. Тој, на 17.10.2021 година околу 14 часот, за време на одржување на „Локални избори 2021″, откако го остварил своето гласачко право на избирачко место во селото, го искинал гласачкото ливче и го фрлил до гласачката кутија – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Скрческа: Сметот се подига во отежнати услови

Post Views: 0   Дел од граѓаните незадоволни од комуналната хигиена во Охрид . Велат дека има делови од градот во кои камионите на ЈП „Охридски Комуналец“ не поминале после празниците , сметот не се подигал подолго од една недела. Директорката на комуналното претпријатие Елена Скрческа смета дека тие работат согласно законските обврски и техничките можности, при тоа признава дека се соочувале со проблеми поради временските услови. „Подигањето на сметот го вршиме во отежнати односно во зимски услови и поради тоа не можеме навремено да го подигнеме насекаде. На главните улици настојуваме...

Continue reading

Црногорска класична музика со гитаристите Булатовиќ и Никчевиќ

Post Views: 0 Црногорското дуо гитари, Срѓан Булатовиќ и Дарко Никчевиќ вчеравечер настапија во рамки на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ одржувајќи целовечерен концерт во црквата „Света Софија“. Двајцата меѓународно признати гитаристи се претставија со нивни авторски дела создавани во изминатите три децении и издадени на носачи на звук. Изведовме композиции што ги компониравме ние двајца и кои ги изведуваме со децении во Европа и ширум светот. Дел од композициите се инспирирани од традиционалната музика на Црна Гора, а останатите се инспирирани од географијата на...

Continue reading

Охрид окован во мраз

Post Views: 0 Охрид окован во мраз. Десеттина сантиметри снег  кој наврна пред една недела и кој не се исчисти навреме поради ниските температури, замрзна па сега градот е едно големо лизгалиште. Уште еднаш излегоа на површина сите слабости и пропусти во функционирањето на надлежните служби и претпријатија. Иако надлежните уште пред  да заврне снегот одржаа неколку состаноци и будно ја следеа состојбата, на терен изгледа дека не се справија најдобро со не толку големиот по обем снежен нанос. Причината ја гледаат во ниските температури. Можеби на граѓаните им изгледа дека градот не...

Continue reading

Марина ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција

Post Views: 6 Од 2018-2020 година ќе се реализира проектот за изградба на марина во Охрид, рече на денешната прес конференција претседателот на општинската ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Д-р Љубен Арнаудов. Марината според првичните проекции ќе  чини 2 милиони евра, а целта со нејзината изградба е да се задоволат потребите на сопствениците на пловни објекти во Охридското Езеро. Марината ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција. Ќе има најсовремена инфраструктура која ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти, 10 бродови и осовременување...

Continue reading

Исламската држава праќа сигнали до исламистите на Балканот

Post Views: 0 Нападите на исламистичките екстремисти би можеле да случат веќе на 28 јули, предупредуваат експерти за безбедност, а се проценува дека илјадници екстремисти се веќе активирани во Босна и Херцеговина. Неодамна на некои исламски web страници се појави снимка со наслов “Исламска држава на Балканот”. Тоа било сигнал за пет илјади потенцијални терористи, колку што ги има во моментов во Босна и Херцеговина, да се “разбудат”, да ги трујат изворите со вода за пиење, да рушат згради, да напаѓаат обезбедени објекти, пишува Nezavisne novine. “Таа тактика на терористите на Исламска...

Continue reading

Се е подготвено за манифестацијата Богојавление – Водици

Post Views: 0   При крај се подготовките за организацијата на најголемата верска манифестација во Охрид, Богојавление – Водици. Денес во малата сала на општина Охрид се одржа состанок на координативното тело во присуство на сите институции, граѓани и поранешни фаќачи на крстот кои несебично секоја година ја поддржуваат општина Охрид во организацијата на овој настан. „Целата манифестација ќе се одвива во три дена, односно започнува на 17 јануари со документарниот филм на нуркачкиот клуб Амфора. Потоа на 19 е духовниот дел, односно фрлање на светиот крст во водите на Охридското Езеро...

Continue reading

otisoci

Освен гласачко ливче, на изборите ќе оставаме и отпечаток од прст?

Post Views: 1 Граѓаните на изборите со гласачкото ливче ќе треба да оставаат отпечаток од прст за да се отстранат какви било манипулации при гласањето, пишува „Дневник“. Освен тоа, како што објави весникот, се зголемува цензусот од 2 на 25 проценти од пријавени гласачи при избор на пратеник од дијаспората, поголемиот дел од Дебар од Шестата се префрла во Петтата изборна единица и во време на изборна кампања освен министрите и пратениците сега и градоначалниците не ќе смеат да сечат ленти или да поставуваат камен-темелници. Ова, како што дознава „Дневник“ од извори во Министерството...

Continue reading

Патот до селото Рамне не е соодветно исчистен

Post Views: 0 Стамен Димоски од Рамне, кој постојано живее во оваа населба оддалечена од градот само 4 км, се жали на неисчистениот  пат кој води до нивното село. Тој за ТВМ вели дека пред неколку дена дошла  машина за чистење но наместо да го исчисти снегот само го затапкала и се расипала машината. Патот остана не исчистен,  посочува Димоски. Тој се жали дека со неисчистен пат се соочуваат  со години, а во селото има голем број жители кои постојано живеат или доаѓаат секојдневно од градот заради тоа што чуваат добиток. „Песок има над магацините, кај кривината за Рамне, до тука има...

Continue reading

Садик: За еден миг исчезнаа сите спомени од детството

Post Views: 0   За еден миг исчезнаа сите спомени од детството. Пламените јазици проголтаа се што имав досега стекнато точно на денот на мојот роденден, раскажува Музафер Садик. Вчера додека братот, сестрата и внуката се подготвувале за ручек како што раскажа Садик, почуствувал мирис на чад. Веднаш, излегол надвор да види што се случува. Забележал голем пламен од оџакот и веднаш сватил дека не може да се справи со огнот кој буквално пред негови очи ја проголтал куќата во Карабегомаало на улица „Даме Груев“ . „Планиравме нешто…онака колку што дозволува буџетот да го прославиме...

Continue reading

sednica struga

Среќна Нова 2012 година, без буџет

Post Views: 1 Општина Струга во Новата 2012 година ќе влезе без буџет. Останува уште една шанса, потоа следи црвен картон за советниците или распуштање на ова тело. Струшките советници ниту денес на утринското продолжение од 35 тата седница не го поддржаа предлогот на градоначалникот Рамиз Мерко за буџетот на општината за 2012 година, кој тежи околу 13 милиони евра и е за 200 000 евра повисок од минатата година. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вели дека лошо е што политиката вмешала прсти на место каде што нема потреба, посебно тоа не треба да се прави кога е во прашање буџетот...

Continue reading

Во Охрид има луѓе кои живеат во импровизирани живеалишта без греење

Post Views: 3  Во Охрид нема бездомници , но има  луѓе кои живеат во колиби или импровизирани живеалишта. Екипите на ОО Црвен крст веќе со денови интервенираaт носејќи им соодветна облека, ќебиња и храна, информира Сашо Точков.   „ Оние кои во овој период  се во поголем ризик без соодветен дом се 7-8 лица кои се на различни локации во градот.Тие  имаат потреба од огревно дрво, живеат во импровизирани колиби без огревно дрво или било каков електричен уред“, напоменува Точков. Од охридскиот црвен крст потенцираат дека градот има потреба од прифатен центар за лицата во социјален ризик....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top