Набрзо ќе се реконструира дел од ул „Стив Наумов“

Post Views: 3   Ќе се санираат оштетувањата на дел од патот ул „Стив Наумов“, најавуваат од општина Охрид. Во право се забелешките на граѓаните дека голем процент од трупот на патот е уништен и пропаднат признаваат од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Портпаролот Љупчо Танески, кажа дека нивните стручни тимови на терен ја увиделе лошата состојба и дека веќе преземаат мерки за надминување на проблемот. „За тековната 2017 година овој дел од ул „Стив Наумов“ е предвиден за реконструкција и санација, односно е во тендерот кој што неодамна е активен за крпење на ударни...

Continue reading

vevcanski maskembal

Вевчанци ја погребаа Грција

Post Views: 0 „Ненедејно, после долго нервирање не напушти нашата мила сосетка бившата Турска провинција  HELL ASS, Grcija  Eladaa, во својата 181  година. Погребот ќе се изврши во центарот на Вевчани. Ова беше една од поспецифичните маски на Вевчанскиот карневал 2012 год. Покрај тоа, на годинешново најново карневалско издание се претставија уште и маските  „Денот на дрвото“, Малечката невеста, Гадафи … и ред други Сите, која од која поинтересни, специфични, и карактеристични само за креативните Вевчанци.   И годинава Вевчанци покажаа дека ова е уште едно успешно фестивалско...

Continue reading

ОУ „Глигор Прличев“ го одбележува својот патронат

Post Views: 6   ОУ Глигор Прличев го одбележува својот патронат. Денеска наградените ученици и претставници на Локалната самоуправа, пред споменикот на поетот во дворот на училиштето, положија свежо цвеќе. Со тоа продолжуваат бројните пригодни манифестации кои се одржуваат во институциите кои го носат името на големиот охридски преродбеник. „Наставниците и учениците, сите заедно овој ден го чуствуваме како празник, прославувајќи го името на нашиот патрон, оддавајќи му почит. Сите ученици се ангажирани, за приредбата за игрите и за сите останати работи кои се потребни за да се одбележи...

Continue reading

Владата денес треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор

Post Views: 4 Владата, според најавите, денеска на седница треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат  буџетски средства директно во енергетските компании. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе и се предложи  на Владата да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, како и дека има средства за да се интервенира, а во зависност од тоа колкави се потребите на енергетските компании, толку средства ќе бидат пренасочени директно од Буџетот. Моментално не се предвидени рестриктивни мерки, но ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот...

Continue reading

Студената зима им ги изгоре дрвата на граѓаните

Post Views: 2 Студената зима им ги изгоре дрвата на граѓаните. Голем дел од нив се жалат дека речиси веќе и да немаат дрва за огрев. Посебно се загрижени пензионерите. Прашуваат дали оние кои се снабдија со дрва преку Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца ќе можат повторно да нарачаат бидејќи на ваков начин дадена им е можност дрвата да ги плаќаат на рати, а тоа е големо олеснување за нивниот буџет. Сега преку здружението не може да се нарачаат дрва. Ние веќе запишуваме заинтересирани кои сакаат да купат дрва на рати, но тие ќе ги добијат дури на есен. Сите кои имаат потреба...

Continue reading

Оваа зима врие од глувци во градов

Post Views: 2 И по извршената дератизација од страна на екипи од Центарот за јавно здравје граѓаните од стариот дел на градот и од населбата Бараки „Гоце Делчев“се жалат дека има зголемена појава на глувци. Пред четири месеци со дератизација беа опфатени 3000 шахти во охридскиот регион, но глодарите и понатаму ги има во голем број и тоа во населени објекти и подруми. Тоа пред се се должи на лошите временски услови поради што глувците бараат засолниште, објаснува Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Охрид. Ако е потребно ние ќе извршиме и...

Continue reading

Ќе се дозволи ли згаснување на охридскиот атлетски маратон?

Post Views: 0   Охридскиот атлетски маратон може да згасне. Маратонот кој е еден од најстарите во бившите ЈУ простори и кој оваа година слави 30 годишен јубилеј, веќе неколку години по ред опстојува “на мускули“. Финансиските средства се се помалку и трката практично се одржува со парите кои секоја година ги донира петкратниот победник на првите пет маратони, Живко Стојчески од Австралија. Организаторите на овој маратон очекуваат Локалната самоуправа од Охрид да го потпомогне овој спортски настан, кој веќе е бренд на Охрид. Ние доставивме барање до општината и доколку не ни помогне,...

Continue reading

Музејот Робевци ќе биде отворен пред летната сезона

Post Views: 9   Куќата на Робевци комплетно се обновува. Во еден од најрепрезентативните објекти на градската архитектура ќе бидат поставени нови изложбени поставки на трите ката од овој спомен дом. Како што пренесува директорката на Установата Завод и Музеј Охрид, Тања Паскали Бунташеска во тек е санација и на ентериерот, таваниците, подовите, долапите и опшивите, а се конзервираа сите резбани премети и голем дел од етнолошката збирка со дрвени предмети. „Оваа година до почетокот на летната сезона комплетно ќе бидат завршени сите работи на ентериерот на Музејот на Робевци. Во тек...

Continue reading

Десет најдобри работодавачи во светот

Post Views: 0 Google повторно е најпосакуван работодавач помеѓу младите на новата листа на најдобри светски работодавачи.Во неодамна објавеното истражување на Universum, фирма која се занимава со анкетирање и истражување на јавното мислење, може да се види попис на најпосакувани работодавачи во светот. Анкетата е направена помеѓу студентите на економија и ИТ технологијата со прашањето – кој би бил за нив идеален работодавач. Како и во досегашните истражувања уверлива победа однесе Google. Таа компанија својот добар рејтинг го должи на креативното опкружување за работа, платите се...

Continue reading

Охриѓани најмногу претставки до народниот правобранител поднеле против правосудството

Post Views: 2   На почетокот на годината се сумираат резултатите од работата на Народниот правобранител во 2016 год. Секоја регионална канцеларија изработува годишен извештај кој се испраќа во Скопје. Даут Селими заменик правобранител за ТВМ открива дека, од Охрид, вкупно биле поднесени 62 предмети од кои решени биле 47 предмети. Засега само 8 предмети биле во корист на граѓаните а 7 биле во тек на реашавање. Селими информираше дека, најголем дел од претставките се од областа на правосудството и радиодифузните такси. Имало претставки и од областа на социјална заштита, пензиско-инвалидско...

Continue reading

ucenici

Се воведува програма за советување на учениците со лошо поведение

Post Views: 3 Министерството за образование и наука воведе програма за советување на учениците со лошо поведение, во која ќе бидат вклучени психолози и педагози. Тие ќе ги идентификуваат личните проблеми кај таквите ученици и ќе ги решаваат. Програмата на Министерството предвидува класниот раководител да води евиденција за бројот на изостаноците на ученикот – дозволени се 10 неоправдани и 100 оправдани изостаноци. Програмата, која треба да го подобри поведението на проблематичните деца, опфаќа три чекори – идентификување на ученикот, негово упатување кај училишниот психолог и почеток...

Continue reading

Општинската организација на СДСМ ќе спроведува внатрепартиски избори за кандидати за градоначалници и советници

Post Views: 2 Општинската организација на СДСМ главен иницијатор за спроведување внатрепартиски избори за кандидати за градоначалници и советници на престојните локалани избори. Уште на 24 јануари Централниот одбор на СДСМ го усвоил правилникот и роковникот за начинот, критериумите и постапката за евидентирање и утврдување на кандидати за градоначалници и советници по Општинските организации на СДСМ за локлните избори 2017тата год. Правилникот и роковникот се направени врз основа на  Статутот на СДСМ. Ова следува откога највисокото раководство на партијата дало насоки на претседателите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top