Обука за човекови права

Post Views: 1   Во тек е четиридневната обука на тема „Обука на обучувачи – Слобода на изразување од чл.10 од Европската конвенција за човекови права“. Претставниот на Советот на Европа, Борис Лазов рече дека на овој настан има 20 учесници, од кои 15 се судии и јавни обвинители а 5 мина се адвокати. „Целта на оваа обука за обучувачи е да произведе кадри кои што ќе можат понатаму да спроведуваат дополнителни обуки за членовите на нивните институции и организации значи за следните кои ќе слушаат обуки од адвокатската комора на Македонија и од Академијата за судии и јавни обвинители,...

Continue reading

svr

Тепачка во Струга

Post Views: 17 Синоќа околу 21 часот и 30 минути, во Струга, случено е нарушување на јавниот ред и мир, во кое учествувале најмалку четири лица. На паркинг просторот кај женска плажа во Струга, најнапред настанала вербална расправија која за кратко време прераснала во физичка пресметка во која,   употребено е огнено оружје пиштол. Притоа, лицата М.Н.(35 ) од Струга и В.Т. (31 ) од струшкото село Калишта, се здобиле со прострелни рани во пределот на долните екстремитети додека  Д.К. (28) од Струга се здобил со убодни рани во пределот на стомакот. Истите, се пренесени во Општата болница...

Continue reading

Жура: Најубавото сликарство на зоографите се во охридските пештерските цркви

Post Views: 1   Четирите ѕидови од работната соба на Гоце Ангеличин Жура, каде уредно почиваат неговите документирани бројни откритија за Охрид, претставуваат Центар на културата во Европа и светот. Пред се тоа се дела од теренската работа на Жура во текот на неговиот работен стаж во Завод и Музеј Охрид, но и приватно талкајќи по белиот свет по интересни и секогаш нови откритија. Неговите светски откритија најмногу се отсликуваат во неговите записи за пештерските цркви, за што годинава Жура очекува да излезе од печат и најновата книга од над 100 колор фотографии за пештерските цркви...

Continue reading

Не е точно дека во вакцините има течни кристали за контрола на умот

Post Views: 2 Не е вистина оти во вакцините има течни кристали, кои се користат за контролирање на мислењето на граѓаните. Неточно е дека во Руанда, во времето на тамошниот геноцид во 1994 година, била спроведувана технологија на контрола на умот и дека Обединетите нации учествуваат во изградба на концентрациони логори. Освен тоа, небулозниот говор на лицето во видеото, според него, претставува прогноза за идни случувања до 2000 година, кои не се остварија. Рецензираме пост на Фејсбук во кој базирано на видео материјал кој трае две минути, авторот заклучува дека „ковид пандемијата...

Continue reading

Љупчо Танески е новиот претседател на Управниот одбор и нов извршен директор на Р.К. „Охрид“

Post Views: 3 За нов претседател на Управниот одбор како и нов извршен директор на РК Охрид, без ниту еден глас против, е избран Љупчо Танески, спортски работник, кој доаѓа на местото на Димитар Спасески кој раководната функција ја извршуваше во изминатите три години. Новиот извршен директор на клубот најави дека серизно ќе се посвети на работата во клубот со цел продолжување на позитивните резултати во Супер лигата и Купот на Македонија, а најави и сериозна можност младите ракометари да започнат професионална спортска кариера токму во овој клуб. „Веќе еве ексклузивно да кажам дека...

Continue reading

Југозападниот дел на Македонија затрупан со диви депонии

Post Views: 4 Југозападниот дел на Македонија затрупан  со диви депонии. Во Охрид, Струга, Кичево, Дебар и уште неколку помали општини има вкупно 97 депонии од кои 87 се диви. И тие неколку кои се легални немаат никакви услови за одлагање смет. Треба да имаат глинеста подлога, има критериуми колку треба да се одалечени од населени места. Треба да има комплетна инфраструктура. Кај нас тоа не е случај. Имаме измешан отпад, комунален, пластика, хартија, стакло. Некаде околу 46.000 тони или 231 килограм по жител годишно се собира отпад, рече Мирјана Лозаноска-директор на Центар за развој...

Continue reading

Доцни изградбата на Домот за стари лица во Охрид, се чека одобрение за градба

Post Views: 5 Изградбата на Домот за стари лица во Охрид сеуште тапка во место. На локацијата во населбата Далјан, каде што треба да се гради овој дом,  нема никакви градежни активности. Изградбата  беше најавувана дека ќе стартува во 2016 година, согласно договорот со кој купувачот беше обврзан  во рок од 12 месеци да обезбеди одобрение за градба, а во рок од 4 години да го изгради објектот согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено. Градоначалникот Никола Бакрачески доцнењето го лоцира кај инвеститорот АД „Илинден„, кој го купи градежното земјиште во 2015 година. Укажува...

Continue reading

Вљубено такси за сите вљубени охриѓани

Post Views: 1 Вљубено такси за сите вљубени охриѓани. Inside Auto, охридскиот дилер на возилата на Citroën организира целодневно бесплатно такси-возење со Citroën C4 Cactus под слоганот „Од Citroën со љубов“. Екипа составена од два члена во текот на целиот ден бесплатно ги пренесуваат сите вљубени во градот до саканата дестинација или пак до нивниот сакан или сакана и заедно им подготвуваат изненадувања за Св Валентајн-Денот на вљубените. Иако не е наш православен празник, но љубовта сите нас не обединува, младите се повеќе го почитуваат, па затоа и ние се одлучивме да го одбележиме...

Continue reading

Курсот на еврото во опаѓање поради грчката криза

Post Views: 0 Курсот на еврото потона денес скоро за цели 2%, а остар пад на цените на акциите имаше на сите азиски берзи бидејќи на Грција и се заканува банкрот и бидејќи тамошната влада воведе капитална контрола за да го спречи излевањето на парите од банките.Азиските берзи први покажаа како инвеститорите реагираат на одлуката на грчката влада за затварање на банките и на воведувањето на капитална контрола од ризикот од банкрот на Грција.Бидејќи преговорите помеѓу Грција и кредиторите минатата недела пропаднаа, на таа членка ѝ се заканува банкрот на 30 јуни, кога за наплата ѝ пристигнуваат...

Continue reading

За празникот Св.Трифун изложба на фотоклубот Охрид

Post Views: 1   Вечерва на празникот Св.Трифун ќе бидат изложени  30 фотографии, 15 на Марија Савеска и исто толку на Дарко Бошњак.  Обајцата се членови на фото клубот Охрид. Фотографиите на Дарко Бошњак се на тема рефлексија на Охридското Езеро,  додека пак на Марија  Савеска – улична фотографија од светските метролопи, Стокхолм, Берлин, Истанбул и Скопје. За своите фотографии Савеска напоменува дека настанале во последните три години при нејзините патувања во европските земји. „Додека сум дома во Охрид, градот е прекрасен и сликам убави пејзажи и најчесто  природа, но кога...

Continue reading

som

Сом тежок речиси еден тон уловен во Преспанското Езеро

Post Views: 40 Ловот на сом не е карактеристичен за Преспанското Езеро, кое е попознато по Преспанскиот крап, но се случува на неколку години. Според зборовите на ихтиологот Живко Џуровски, сомот не е автохтон, но секако постои можност да се населил во Преспа со некое порибување кое се вршело од поодамна во Преспанското Езеро. – Големината покажува дека условите за живот му одговараат, изјави Џуровски. Поради фактот што ловот е забранет, сопстениците на трофејот остануваат анонимни, а сомот е веќе продаден. {loadposition content9}

Continue reading

Охриѓaни го празнуваа Св. Трифун

Post Views: 5 Денес се празнува Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините од штети и несреќи. Во охридско, утрово лозарите ги закроија лозовите насади.  Будимир Соколовиќ, охридски винопроизводител, посочува  дека ова  поднобје има извонредно грозје и основа за производство на квалитетно вино. Културата кон виното на охриѓани е од дамнина, вели Соколовиќ. „Традицијата е долговековна. Во Охрид и старите антички градови  пронајдени се амфори стари 2000 години. Пред 2000 години тука се пиело вино. Винската  култура е на високо ниво и ме радува што помладите генерации почнуваат да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top