Post Views: 0
Во координирана акција на надлежните органи, лоцирано беше лицето кое е осомничено за извршеното Разбојништво со смртни последици, кое се случи во Охрид на 20 февруари, пренесува „Макфакс“.
Лицето е лишено од слобода и по наредба на надлежен јавен обвинител во тек е преземањето на дејствија за натамошно расветлување на кривично-правниот настан.
Осомничениот кој потекнува од Куманово, во моментот на разбојништвото живеел во иста станбена зграда со жртвата и се познавал со неа.
По извршеното разбојништво, осомничениот заминал за Куманово со намера да излезе од границите...
Post Views: 12
Два тони нафта исчезна преку ноќ. Во понеделникот 23 јануари годинава во О.У. „Св. Климент Охридски“, Драслајца, за потребите за греење на учениците пристигнале 4 тони нафта. Оваа количина за нецели 24 часа била преполовена од засега непознати сторители. И не само тоа, од училиштето фали апарат за заварување, бормашина, гарнитура клучеви и др, за ТВМ во телефонски разговор кажа директорката, Жана Димоска. Таа рече дека настанот се случил ноќта помеѓу вторник и среда, за што е известена и полицијата. До сега од таму немале никаква повратна информација кој би можел да...
Post Views: 1
Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево-Охрид по планинскиот превој „Пресека“ кај село Врбјани денес ќе биде во прекин поради изведување работи на пат – минирање.
Како што соопштија од ЈП „Македонија пат“, прекинот во сообраќајот ќе биде во периодот помеѓу 13:00 и 16:00 часот во траење од околу 15-20 минути.
Post Views: 6
“Најголемата вистина” новиот Mакедонски филм на младиот Мартин Цветковски премиерно ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, кино проекции во среда (02.03.2022) и четврток (03.03.2022) почеток 19.00 часот, цена на карта 150 денари, во големата сала.
Мартин веќе 23 години се наоѓа на културната сцена. Од 5-годишна возраст, е на сцена со голема љубов, со фолклор, музика, ора, песни и глума. Денес е управител на „Ансамбл – Никола Јoнков Вапцаров”. Освен фолклор, Мартин Цветковски е млад режисер кој за првпат својата идеја...
Post Views: 0
67 годишна охриѓанска убиена во својот стан. Спаса Бојоска, понеделникот предпладне била на пазар. Тогаш последно ја виделе нејзините соседи. Таа живеела сама во стан на ул „Галичица“ бр 31 откако пред шест месеци починал нејзиниот сопруг. Имала две деца, синот кој живее во Германија и ќерка во село Велгошти. Безживотното тело го нашла нејзината внука, која ја испратила ќерката на починатата, после повеќето неуспешни обиди да ја добие мајка си на мобилен телефон. Жителите од улица Галичица се потресени од грозоморното убоство на старицата. Дел од нив видно вознемирени...
Post Views: 4
Во хотел Гарден, утре, ќе се сецка домашен зеленчук и сирење за подготовка на најголемата шопска салата за Гинис. Оваа интернационална салата за прв пат се подготвува за влез во книгата на Гинисови рекорди. Сузана Бакреска, дел од менаџерскиот тим, вели дека идејата произлегла од разговор со Ина Жарова, лиценцирани диструбутер на македонски производи во Русија, при подготовка на промоција на македонски јадења подготвени од домашни квалитетни земјоделски производи.Во специјално изработен сад со запремнина од 250 литри ќе се подготвува шопска салата според светски прифатениот...
Post Views: 0
Од Охрид, лулката на христијанството, од градот на словенската писменост и култура, денес беше промовирана поштенската марка посветена на знаменитостите на Охрид и Санкт Петербург. Денес во куќата на Уранија беше промовирано изданието на Руската пошта од заедничкиот проект за издавање на руско македонска марка, додека пак пред две недели во Скопје беше промовирано македонското издание. Пријателската соработка со Руската федерација посебно на полето на проширување на туристичката понуда на градот, продолжува, истакна првиот човекна градот Никола Бакрачески
„Овој чин...
Post Views: 11
Охридските туристички водичи бараат решенија за надминување на слабостите во професијата. Денес нивното здружение Кеј се состана со претставници од повеќе инспекциски служби, УЈП и министерството за труд и социјална работа со цел да се изнесат проблемите кои им задаваат главоболка пред новата туристичка сезона. Климент Наумов , претседателот на здружението на туристички водичи „Кеј“ е задоволен од тоа како нивните права ги штити државата. Сепак на денешната средба ќе бараат измена на членови од Законот за туристичка дејност, но ќе бараат и решавање на нивниот работен...
Post Views: 6
Граѓаните на Грција овие денови се во очај бидејќи банките ограничија исплата на пари и ги затворија своите врати до 6 јули. Тие имаат средства само да преживеат една седмица, но владата упорно им ја испраќа пораката “Без паника”!
Но, многу е лесно тоа да се каже отколку навистина да се отствари во пракса за милиони луѓе кои живеат на работ од кога сфатија дека банките преку ноќ практични им го ускратија правото на своите пари. На вратите од банките се спуштени решетките, нивните вработени се пуштени на неодредено време, а банкоматите се пресушени, јавува News.com.au.
Луѓето...
Post Views: 4
Поради големиот интерес Црвен крст Охрид започнува нов, пролетен циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL(Test od English as a Foreign Language). Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 27 февруари 2017, ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува Александер Џоунс, волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.
TOEFL е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. 9000 унвирезитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земји ширум светот...
Post Views: 41
Ацо Богдановски- Конга, познат музичар и поранешен член на групата “Нокаут”, почина по долга битка со тешката болест. Пред 3 месеци јавноста дозна за здравствените проблеми на Ацо Конга, кога беше иницирана хуманитарна акција од неговите колеги.
На својот официјален Фејсбук профил, македонскиот пејач Јоцо Панов, инаку близок пријател на Ацо Конга, ја објави веста, додавајќи дека за жал, метастазите му се прошириле и на други делови од телото и затоа итно му е потребна терапија која чини 15.000 евра.
По Јоцо Панов, голем број на други музичари, негови колеги...
Post Views: 1
Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32, односно за 0,09 отсто.
Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од Комисијата ја посочуваат пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена.