Згасна најстариот градски спортски клуб, Веслачкиот клуб „Југ“

Post Views: 3 Градот и охриѓани го немаат повеќе  најстариот градски спортски веслачки клуб „Југ“. Денес Управата на клубот доби судска одлука за иселување и примопредавње на просториите на Кичевско Дебарската  епархија.  ВК Југ го загуби судскиот спор што го водеше со Кичевско Дебарската епархија повеќе од 4 години, вели Климент Наумов од Управниот одбор на клубот и останува без пловните објекти. „Врз основа на судски трошоци ни се попишани и основните средства. Чамците, скифовите и дублите без кои не може да функциора клубот и згаснува најстариот спортски клуб формиран во 1932 година,...

Continue reading

отец Владо: Да се постат целите Велигденски пости

Post Views: 6 Секој православен христијанин има потреба од пост, исповед и причесна. Денеска почнуваат Великите пости, познати во народот како Велигденски пости. По вчерашниот празник Прочка кога помладите бараат прошка од постарите, а сите бараат од Бог да им ги прости гревовите, денес се пристапува кон строгиот пост. Отец Владо Недески, од Дебарско – кичевската епархија нагласува дека за време на постите црквата не само што дава насоки како да се пости туку и ги укрепува верниците со Богослуженија кои се одржуваат и во утринските и во вечерните часови во црквата Св Богородица Каменско. „Овој...

Continue reading

protesti

Мерко вчера протестираше а денес повика на соживот и меѓуетничка толеранција

Post Views: 1 По вчерашните протести пред општина Струга, организирани од страна на Исламската верска заедница, денеска во Струга мирно. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко кој првично беше во првите редови од  неколкуте илјади граѓани од албанска националност кои протестираа во знак на револт за како што кажаа „антиисламистичките пораки и антиислмаските сцени“ прикажани на Вевчанскиот карневал 2012 год., каде се играло со верските чувства на припадниците од Исламската вероисповест., денеска повика на соживот и меѓуетничка толеранција. Тој побара извинување од вевчанци за исмејувањата...

Continue reading

Одбележана 109 годишнината од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков

Post Views: 1 Марко Бошњаков, заслужува да биде подигнат на поголем пиедестал. Денес кога одбележуваме 109 години од погибијата на охридскиот гемиџија, потсетувајќи се на неговат жртва, патриотизам, желба да покаже се она што треба во еден таков историски момент за својата држава, во најмала рака треба да му се посвети име на улица или спомен обележје, истакна Дејан Паноски од Комисијата за одбележување празници. „Ние немаме милиони личности кои што треба да ги чуваме и да го чуваме споменот на нив и треба да искористиме секој еден момент да покажеме за нашата историја и посветеност....

Continue reading

Претпоставки и коментари наместо да се праша втората страна

Post Views: 6 Серија различни текстови во прилог на иста видео снимка се појавија на повеќе дигитални медиуми, на кои заеднички именител им е констатирање и коментирање, со инсинуирање на вмешаноста на Радмина Шекеринска, актуелната министерка за одбрана и носистел на листата во Изборната единица број пет, од коалицијата „Можеме“. Го реценцираме текстот на vecer.mk, насловен :„Боки по дома со другарките Катица и Радмила (фото+видео)“, во кој сајтот информира дека на социјалните мрежи се појави фотографија и видео на неправосилно осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки...

Continue reading

Специјализации и за туристичките водичи

Post Views: 0 Нелегалните домашни и странски туристички водичи подлежат на санкции според законската регулатива. Во сферата на туризмот се стави ред со нелегалните домашни водичи, но сеуште има појави на странски туристички водичи кои нелегално водат групи во земјава. Според законот за туристичка дејност организатор во туризмот е само Агенцијата со А лиценца. Но, во истиот закон има и една одредба со која се дозволува групите да најмат водич преку посредник, а најчесто Здружението на водичи се прескокнува, се рушат тарифите и има одлив на пари во сивата економска зона, вели Климент...

Continue reading

Чествување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 5 Со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов во дворот на училиштето денес започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“. Оваа година се одбележуваат 112 години од смртта на Узунов а училиштето одбележува и 40 годишен јубилеј. Покрај делегација на училиштето, предводена од директорот на училиштето, Тони Симоновски, свежо цвеќе на бистата на Узунов положија заменик градоначалникот на Општина Охрид, Ангел Јанев, советниците при Советот на Општина Охрид, Јованка Точко и Дејан Пановски, здружението „Mетодија Патче“– Охрид,...

Continue reading

Се бараат партнери за продолжување на проектот „Допри ја културата, почувствувај ја уметноста“

Post Views: 0 Слепите лица и лицата со оштетен вид можат да ја почуствуваат културата. Завод и музеј Охрид заедно со Здружението за слепи лица од Охрид уште пред три години изработија  проект со наслов „Допри ја културата, почувствувај ја уметноста“. Со него требаше да им се овозможи на слепите лица и лицата со оштетен вид подобар пристап до просториите со музејските збирки и експонати во Охрид. Идеата за еден ваков проект потекнала од проблемите со кои се соочило охридското здружение на слепи лица кога поголема група на слепи лица и лица со оштетен вид кои биле гости во нашиов град...

Continue reading

Општинскиот комитет на Вмро Дпмне упати проглас до охриѓани

Post Views: 2 Општинскиот комитет  на Вмро Дпмне упати проглас до охриѓани. Пред стотина членови на партијата и пратениците кои се собраа пред платото на партиското седиште, со патриотски песни и скандирања, претседателот на ОК на Вмро Дпмне упати проглас до охриѓани. Прогласот следува по обајвувањето на СДСМ дека постигна договр со ДУИ за формирање Влада.   „Да го кренеме гласот, да кажеме ова вака веќе  не може. Ние како граѓани нема да дозволиме на нашата  држава    разнебитување, федерализација и други тајни работи кои ги прави СДСМ и албанските партии“, кажа Арнаудов Ние го креваме...

Continue reading

ММФ официјално објави дека Грција не ја плати ратата од долгот

Post Views: 3 Сите погледи сега се свртени кон шефицата на ММФ Кристин Лагард и дали таа ќе прогласи банкрот или ќе и даде последна шанса и продолжен рок од еден месец на Грција?Грција е првата индустриска држава која има заостанат долг кај Меѓунaродниот монетарен фонд. Од седиштето на ММФ се вели дека Атина ќе може да добие натамошни средства од оваа институција откако ќе ја плати заостaнатата рата. Освен тоа, ММФ потвrди и дека Грција до последната минута молела за одлагање на плаќањето на долгот. Околу ваквото барање Фондот ќе се советува кога за „тоа ќе дојде време“, се вели во...

Continue reading

Исчезнатата 2 годишна Наде пронајдена жива и здрава

Post Views: 8 Малата Наде која беше исчезната повеќе од 24 часа пронајдена жива и здрава. Двегодишното девојче од кичевското село Кленоец, кое од синоќа беше пријавено за исчезнато било пронајдено денеска попладне од полициски службеници меѓу селата Извор и Кленоец. „Со задоволство можам да изјавам дека девојчето е пронајдено живо и здраво, денеска околу 15 часот во месноста Вртиште. Тоа е област на тромеѓето помеѓу селата Извор, Кленоец и Иванчишта во кичевско. Девојчето е пронајдено во дол длабок околу 20тина метри. “ – изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.Вчера...

Continue reading

transplantacija

Во Македонија наскоро ќе се изведуваат кадаверични трансплантации

Post Views: 6 Во Македонија нема официјална бројка колку пациенти чекаат за трансплантација на бубрег. Од здружението за бубрежно болни граѓани, „Нефрон“ велат, пациентите од внатрешноста треба да доаѓаат до Скопје, само за земање крв. Доколку се овозможи таа услуга да ја имаат и во центрите за дијализа, не само што ќе им се олесни животот на бубрежно болните, туку и побрзо ќе бидат евидентирани пациентите кои чекаат за трансплантација на бубрег. Од Фондот за здравствено осигурување потврдуваат дека е тешко да се даде точна бројка, но проценуваат дека една третина од вкупниот број...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top