Post Views: 3
По тригодишна пауза, од денес, повторно започнува одржувањето на спортските лиги на мали спортови. Локалната оваа година издвои средства за оваа намена на задоволство на учениците, професорите по физичка култура, но и на сите љубители на спортот. Ќе се игра футсал, пинг понг, шах, одбојка, баскет, атлетика и фудбал. Учениците од сите основни и средни училишта во градов ќе се натпреваруваат во овие спортови во наредниот период.
Јоне Станкоски кој е професор по физичко и здравствено образование се надева дека овие спортски лиги ќе имаат континуитет бидејќи се многу значајни...
Post Views: 1
Наставниците што имаат поголеми отстапки во оценувањето според резултатите добиени од екстерното тестирање ќе добијат помала плата во февруари 2014 година, а оние чии оценки се поклопуваат со тие што ги ставиле во дневникот ќе бидат наградени со повисока плата.
– Анализата ќе каже и дали некој предмет посебно се издвојува во однос на отстапките со оценките. Тоа би значело дека можеби проблемот не е во наставниците, туку во програмата. Исто така ќе видиме и по кои предмети имаме позитивни, по кои негативни оценки, а сето тоа ќе ни помогне во креирање на идните политики...
Post Views: 5
Општина Охрид од сопствениот буџет издвои 3 милиони денари за партерно уредување на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид. Тоа е надвор од програмските активности кои што се поврзани со буџетот, забележува координаторот на советничката група на СДСМ Јован Стојаноски. Тој смета дека овој проект е на Владата и на ресорното министерство за здравство кои секојдневно се фалат дека инвестираат во здравството. На Стојаноски не му е јасно како може Владата од една задолжена општина како што е Охрид да дозволи да го помага тој проект.
„Секоја одлука...
Post Views: 0
Охриѓанката Мери Нанче, која е голем љубител на природата и знае да ужива во неа, деновиве на социјалните мрежи откри слики кои ја прикажуваат грдата страна на туристичкиот бисер Охрид. Станува збор за расфрлан и со години насобран смет на една од најубавите плажи на Охридското Езеро, плажата Лабино.
„Билјана да ти кажам…едноставно ми дојде, шетам, гледам, убај работи, преуба природа прекрасно езеро…нашево езеро е бисер….ама кога ќе се завртиш од другава страна, ми боди очи сето тоа ѓубре што го гледам зад мене и еден ден бев револтирана и реков ќе...
Post Views: 7
Катастрофално лоша состојба во Струга. Синоќешните обилни врнежи на снег, го блокираа градот. Повеќето на стружани се жалат на неодговорното однесување на надлежните кои треба да излезат на улица и да го отстранат снегот, а дел од нив и во иронија кажаа дека е чисто само добро треба да се погледне. Во прилог на изјавите на стружани оди и сликата која ја регистрира нашата камера. Покрај тоа што е отежнато движењето во сообраќајот, во центарот на градот се забележуваат ритчиња, кои најверојатно ги направиле граѓаните чистејќи го снегот секој од пред својот двор. На тротоарите...
Post Views: 7
Викендов, поточно сабота на домашен терен со почеток во 19 часот и 30 ракометарите од Охрид ќе го играат последниот меч во СРЦ „Билјанини Извори“ во регуларниот дел од Супер лигата, против „Тинекс Пролет“. Охридските ракометари очекуваат победа која ќе ги доближи на меч од првата позиција во елитната ракометна лига.
„Мислам дека сме фаворизирана екипа по табела и сметам дека тоа на терен и ќе го докажеме во сабота. За тоа се подготвувавме цела недела, ќе бидеме можеби во еден тренинг меч за плејофот кој ни следува“ – вели Адамовиќ.
Ракометарот Дарко Јанев ги повика...
Post Views: 7
Рецензираме пост на Фејсбук во кој е споделено видео од руски владика, кој, пак, вели дека „глобалните елити сакаат да избришат 6 милијарди луѓе“. Тој додава и дека светските лидери марширале под знамето на трансхуманизмот. Во постот кој го рецензираме се додава и дека Русија се наоѓа на историска раскрсница пред одлуката дали ќе ги прифати или не вакцините и трансхуманистичката агенда или не.
Свештеникот вели дека единствен начин да се надмине оваа пеколна агенда е молитвата и постот, нагласувајќи дека молитвата без пост не би била доволна. Тоа е брилијантна проповед...
Post Views: 0
Се асфалтираат нови, но и се довршуваат некои од веќе започнатите градски улици во Охрид. Од Секторот за комунални дејности велат дека пролетниов период низа активности биле насочени кон градежни зафати за уредување на повеќе пристапни улици во општината. Портпаролот на Секторот Љупчо Танески, пренесува дека програмата за асфалтирање на улиците била обемна, но со работа труд и трпение се постигнува многу. Тој како пример ја посочи ул „Сирма Војвода“ која од корен ја изградиле, асфалтирале и уредиле.
„Во изминатата година асфалтиравме околу 1500 кавадратни метри од улицата...
Post Views: 25
Пазарната инспекција интензивно се подготвува за засилени контроли во летниот период. Досега според нивниот годишен план на работа контролирале еднаш месечно, но летово тоа ќе биде позачестено. Посебно акцент ќе се стави на угостителските објекти кои често ги прекршуваат законите .Пазарните инспектори веќе почнаа да контролираат дали летните тераси имаат решение за поставување урбана опрема бидејќи уште на крај на декември советот на општина Охрид ја донесе програмата. Ѓорѓи Бошалески, раководителот на подрачното оделение на Пазарна инспекција вели дека дополнително...
Post Views: 0
Четириест генерации досега поминале во ОУ „Христо Узунов“. Далечната 1977 отпочна со работа оваа образовна установа и оттогаш па се до ден денес од тука излегле многу етаблирани личности од градов, кои рботат во системот на нашата земја. Директорот Тони Симоноски вели дека тоа за нив претставува поттик и понатаму да продолжат со таквото темпо. Второто полугодие е во знакот на подготовка за патронот на ова училиште кое годинава одбележува значаен јубилеј 40 години од своето постоење.
„Веќе сме отпочнати со преуредување на дворот, веќе се поставени оградите кои ги заштитуваат...
Post Views: 2
Пчеларите бараат од овоштарите да употребуваат соодветни хемиски препарати за третман на овошните култури. Употребата на несоодветни хемиски препарати индиректно негативно влијаат врз квалитетот на медот, на пчелните семејства, но и врз родот на овошките кои зависат од опрашување на пчелите, укажуваат пчеларите. Минатата година пчеларите побарале од Центарот за јавно здравје да им помогне за да се намали штетното влијание од прскањето, но досега ништо од тоа. Меѓусебна соработка на охридските пчелари и овоштари нема, вели Тони Јосифоски од здружението на пчелари. Секој...
Post Views: 0
Резултатите од вчерашниот референдум на кој грчките избирачи ги отфрлија барањата на меѓународните кредитори ја доведе Грција на работ од напуштање на еврозоната, што е случка која сеуште не е забележана во релативно кратката историја на европската монетарна унија.Грчкиот банкарски систем кој е практично веќе во колапс, по овој резултат би можел да остане без интервентната помош на Европската централна банка со која се одржува ликвидноста, а тоа воедно би значело излегување од еврозоната.Владата во Грција прво би требала да воведе паралелна валута, но ако во краток рок...