Post Views: 0
Бездомните животни со години се убиваат, се трујат, а резултати нема. Денес 4 ти април се одбележува Светскиот ден на бездомните животни. Здруженијата за заштита на животни веќе со години точно го лоцираат коренот на проблемот и вперуваат прст кон децениската неажурност и неисполнителност на институциите, т.е. Локалните самоуправи, како што велат од здружението „ЕДЕН“.
Тие укажуваат дека со години постои и стратегија за хумано, трајно и темелно справување со бездомните кучиња, изработена од граѓанскиот сектор и според нив во нашата земја проблемот трајно би се решил...
Post Views: 1
Грчкиот парламент ноќта помеѓу петок и сабота со мнозинство гласови го поддржа новиот реформски пакет кој на премиерот Ципрас ќе му овозможи продолжување на преговорите со меѓународните кредитори за продолжување на финансиската помош.
Иако самиот Ципрас пред парламентот признал дека се работи за тешки мерки, на крајот од 300 пратеници вкупно 251 гласале “за”, 32 биле против и 8 биле воздржани, а 9 не биле присутни.
Против новиот предлог, кој претставува комбинација на зголемување на даноци и намалување на потрошувачката, се изјасниле седум пратеници на владеачката Сириза,...
Post Views: 10
Победата над Еурофарм Работник во првото коло од плејофот значајна за охридските ракометари. Благојче Трајкоски истакна дека нивниот тим успешно се издигнал над проблемите со кои се соочувале последниве две недели од типот повредени играчи но и проблеми од техничка природа, така што успеале пред бројната публика да се докажат и покажат во вистинско светло. Тоа го ветуваат и за новиот предизвик кој ги очекува нашите „гладиатори“ со екипата на Борец од Велес.
„Борец е една многу компактна екипа иако на почетокот на регуларниот дел беше во незавидна ситуација со многу...
Post Views: 0
За прашањата кои ќе бидат на екстерното тестирање на матурантите, на 22-ри и на 24 јануари, до Министерството за образование и наука за половина месец стигнале 720 коментари, од кои повеќето во последните два дена. МОН прифатило забелешки за 151 прашањe и тие се коригирани, информира ресорниот министер Спиро Ристовски во денешното интервју за МИА.
МОН креираше систем во кој за матурантите (завршна трета или четврта година средно образование) се достапни околу 60.000 прашања за сите предмети од сите видови образование (гимназиско, стручно и уметничко), а тие, како и...
Post Views: 8
Ј.П. „Охридски Комуналец” информира дека на ден 5-ти април, среда, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во селата Елшани и Коњско.
Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Post Views: 8
Во среда во вечерните часови, од 23 часот ќе биде запрена водата од сите пумпи во градскиот водовод во Охрид.
Ќе има прекин во водоснабдувањето до четврток, до 17 часот.
Како што информираат подетално од Меѓуопштинското Јавно Претпријатие „Проаква“- Работна Единица „Водовод“, вечерта ќе се врши измивање на водоводните системи.
– Следниот ден ќе има чистење на главните резервоари. Екипи ќе вршат главна поправка, репарација. Поправка на транзитни водоводни системи и санација на вентили од поголеми профили, како и санација на водомерни шахти. Активностите се во пресрет...
Post Views: 3
Снегот во Струга не е лански. Тој оваа зима падна и подолго време се задржа на струшките улици предизвикувајќи голем број проблеми за граѓаните. Но очигледно надлежните замижуваат и ги занемаруваат своите обврски. Директорот на ЈП „Комунално“ Струга, се најде засегнат од вистината искажана на телевизија ТВМ дека Струга е окована во мраз и обвиена со дебела снежна покривка.Нашата констатација се совпадна и со анкетираните стружани, а и со многубројните гледачи кои изминативе денови интензивно се јавуваат во нашата редакција и упатуваат критики за состојбата во Струга....
Post Views: 0
Женскиот лајoнс клуб „Деница“ традиционално 1ви април, денот на шегата го одбележа со хуманитарен маскембал. Членките на овој клуб заедно со своите гости го прославија петтиот јубилеј под маски. Покрај лотарија оваа година подготвија кувар „Гответе со Деници“ во кој има околу 60тина рецепти на членките на женскиот лајонс клуб, а средствата од продажбата на овај кувар ќе бидат дадени во хуманитарни цели за деца со оштетен вид.
Секогаш ги подаваме рацете на оние кои први ќе побараат помош. Има многу на кои им е им е потребно да им се помогне, но ние гледаме средствата...
Post Views: 1
Безбедоносната состојба во Македонија е стабилна. Будно ја следиме состојбата во регионот и пошироко, како и настаните во Сирија. Пред се сме преокупирани со можноста за нов бран на бегалци за што развиваме соодветни стратегии како да се однесуваме доколку нешто се случи. Ова го изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски кој учествува на НАТО напредната школа што се одржува во Охрид, на тема „Борба против активностите на ИСИС за радикализација преку сајбер-просторот во регионот на Југоисточна Европа“.
ИСИС во последниве неколку месеци трпи загуби на военото поле, но...
Post Views: 1
На охридското крајбрежје се исушени голем број палмини стебла. Пред 4 години беа посадени околу стотина палми на разни локации. Жарко Караџоски, директорот на ЈП Македонски шуми во 2013 година, на големо го најавуваше проектот со кој секоја наредна година бројот на палми ќе се зголемува. Појаснуваше дека ги избрале палмите како садници со кои ќе се зазелени охридската ривиера, а не некое друго автохтоно дрво затоа што влакнестата палма издржувала температура до -10 степени.
Одржувањето на младите садници го доверија на ЈП Охридски комуналец, на кој му беа поделени брошури...
Post Views: 0
Професор Јованка Љаткоска ненадејно почина во 47 година од животот. По повод смртта на Љаткоска денес се одржa комеморацијa на која присуствуваа членови од нејзиното семејство.
Молк и тага во ОУ „Братство Единство“ од Охрид по ненадејното заминување на професорката Љаткоска. Нејзините колеги и пријатели се простија од омилената колешка за која искажаа прекрасни зборови. Со тага се простуваме од личност со високи морални и педагошки особини, рече на комеморацијата Муарем Доко директор на ОУ „Братство Единство“.
„ За твојот професионален ангажман премалку се зборовите,...
Post Views: 0
На охридскиот градски пазар денес се тргуваше на нов прилагоден простор. Поранешниот паркинг сега е пренаменет во локација каде што ќе се продаваат и купуваат прехранбени артикли. Купувачите поделени во размислувањата за новиот простор. Некои зад објективот на камерата коментираат дека просторот е тесен и темен, но имаше и такви кои се задоволни.
На пазарот очигледно е дека сега има помалку тезги за разлика од поранешниот простор. Продавачите со земјоделски производи велат дека на првиот ден е необично , но ќе мора да се прилагодуваат на новите услови.
Тесно е , сега...