Државниот инспектор за труд во Охрид не констатирал драстичен број на повреди на работното место

Post Views: 0 Според информациите од Државниот инспекоторат за труд во Охрид нема драстични зголемувања на повредите на работните места. Во 2015 и 2016 година се случиле по околу 70 повреди. Пред две години биле регистрирани 23 повреди во преработувачката индустрија, 11 повреди се случиле во здравствените дејности , додека само 8 мина градежни работници се здобиле со повреди на работното место. Истата година за еден градежен работник повредата имала фатални последици по неговиот живот. Остантите дваесет повреди се случиле во останатите дејности. И во 2016 година биле регистрирани...

Continue reading

Историјат на украсување и бојадисување на велигденски јајца во Русија

Post Views: 17 НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Почесниот Конзулат на Руската Федерација во Охрид, организираат настан под наслов „Историјат на украсување и бојадисување на велигденски јајца во Русија од древноста до колекцијата Фаберже“. Настанот ќе се орджи во петок на 7-ми април во просториите на Библиотеката со почеток во 12 часот, а на истиот ќе присуствува почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид проф.др. Велимир Стојковски. Во рамки на оваа активност посветена на празникот Велигден, посетителите ќе имаат можност да слушнат предавање за историјата...

Continue reading

Одлична вест за љубителите на пивото

Post Views: 0 Без оглед дали знаете кои се добрите страни на овој освежителен и нутритивно богат пијалок од хмељ, пивски квасец, слад и вода, ова би требало да се прочита. Пивото е добар извор на фолат (препорачана доза за внес во организмот изнесува 200 mcg), наицин (витамин В3), магнезиум и калиум, а едно пиво на ден може да му донесе многу здравствени предности на вашиот организам. Помал ризик од кардиоваскуларни заболувања е само една од нив. Истражувањата покажале дека жените кои пијат во просек едно пиво на ден имаат подобро ментално здравје од жените кои го избегнуваат. Умереното...

Continue reading

Повредите на работните места во пораст, велат од Групацијата за безбедност и здравје при работа

Post Views: 4 Во првите три месеци од годинава 14 охридски работници се задобиле со посериозни повреди на работното место, информираат од Фондот за здравствено осигурување. Во минатата година биле регистрирани 30 повреди на работните места. Ова се податоци за боледувања издадени за повреди за над 16 дена кои ги дава првостепената лекарска комисија на Фондот. Од Државниот инспекторат за труд иако ни ветија податоци за точна бројка на настанати повреди на работните места до затварање на дневникот не ни ги испратија податоците и гипрезакажа дека ќе ги испратат во текот на утрешниот...

Continue reading

piloti

Кои се најпрофитабилните професии во Македонија?

Post Views: 6 ИКТ профил, правник, банкар и пилот остануваат најпрофитабилните професии во државата. Изминатата година во овие сектори се исплатени највисоките плати, додека кожарската и текстилната индустрија остануваат најниско платени. Во поглед на висината на платата и активноста на пазарот на трудот и понатаму доминантни се мажите во однос на жените.Последните податоци со кои располага Државниот завод за статистика покажуваат дека висината на личниот приход во октомври во секторот правни и сметководствени дејности достигнал 41.476 денари што е за 20.229 денари повеќе од просечно...

Continue reading

Во Дебрца старите куќи се пренаменуваат во туристички апартмани

Post Views: 32 Се поголемо внимание привлекува пренамената на старите куќи во туристички апартмани за сместување гости, во општина Дебрца. Субвенционирањето кое што минатата година го отпочна Владата за оваа намена, допринесе да се зголеми интересот за субвенции на селските домаќинства за туристички цели во општината, истакна градоначалникот Игор Трајкоски. Тој додаде дека со оваа мерка, како и со отворање на национални ресторани „меани“, за кои исто така се предвидени субвенции од државата, се очекува да се зголеми бројот на туристи во општината, која брои 30 села. „Министерството...

Continue reading

Света архиерејска литургија по повод празникот Благовештение – Благоец

Post Views: 6 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на  07. април 2017 година (петок), во катедралната црква „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во 08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Благовештение на Пресвета Богородица“. На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Continue reading

himna

Наголемо ќе се слави јубилејот за македонската химна

Post Views: 0 ОО на СДСМ од Струга побара пратениците на власта во македонскиот парламент да им кажат на нивните сограѓани каде и кога се одбележа големиот јубилеј 70 години од македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Исто така тие обвинуваат, дека посебно во Струга, се помалку се придава важност на одбележување на празници кои се од исклучително национално значење. Струшките социјалдемократи велат дека години наназад од ВМРО – ДПМНЕ не најдоа време да дојдат на прославувањето на барем еден празник поврзан со НОБ и Револуцијата како и тоа дека за прв пат се појавија во 2010...

Continue reading

ТАВ го пречека новиот лет на Виз ер од Будимпешта

Post Views: 0 Со традиционален воден мост и сечење торта симболизирајќи го почетокот на новата воздушна линија, аеродромскиот оператор ТАВ Македонија на скопскиот аеродром „Александар Велики“ денеска го пречека авионот од Будимпешта на Виз ер , одбележувајќи го отворањето на новата рута меѓу двата главни града – на Македонија и на Унгарија. Новата ниско-тарифна линија со погоден распоред на летање, чија фреквенција е два лета неделно, ќе донесе пристапни можности за патување при што македонските патници ќе можат да го откријат величествениот главен град на Унгарија, како и...

Continue reading

Започна обука на лични асистенти за лицата со инвалидитет од Охрид

Post Views: 4 8 лица со инвалидитет од Охрид ќе добијат по еден личен асистент. Помошниците ќе им помагаат и ќе им го направат секојдневниот живот полесен. Меѓу овие лица кои ќе користат личен асистент е и охриѓанката Нада Јонеческа. „ Многу сум среќна што можам да добијам ваква услуга. Со оваа асистенција ќе ми биде многу подобро. Очекувам дека животот ќе ми е исполнет и повесел. Нема да бидам сама и тажна“, вели Јонческа. Помошниците на лицата со инвалидитет ќе треба да ги одменат членовите на нивните семејства кои се постојано покрај нив. Асистентите ќе бидат платени од државата,...

Continue reading

Во пожар целосно изгоре сендвичарата „Вили“ во Охрид

Post Views: 2 Попладнево во пожар целосно изгоре угостителски објект во централното градско подрачје на Охрид. Станува збор за сендвичара „Вили”, што се наоѓа во непосредна близина на поранешниот Градски полигон за мали спортови. Екипи на Територијалната противпожарна единица интервенираат на лице место, но објектот е целосно уништен од интензивниот пламен. Среќна околност во целата ситуација е што во непосредна близина на изгорената пластична барака нема други објекти па така е избегната поголема штета. 

Continue reading

МЈП Проаква во четврток ќе го запре водоснабдувањето на Охрид

Post Views: 1 Во четврток на 6 април од пет часот изутрина до 17 часот попладне Охрид ќе биде без вода за пиење. Славините од градската мрежа ќе секнат затоа што МЈП Проаква ќе ја реалзира редовната годишна акција која ја спроведуваат во пролетните месеци, информира Сашо Сотироски технички раководител во МЈП Проаква. „ Со која планираме да извршиме санација на водоводниот систем односно на вентилите од помал до најголем профил кои ги имаме, миење на резервоарските системи и санација на дефектите на непристапни места во досегашниот период , т.е. во минатата година“, вели Сотироски. Со...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top