Post Views: 1
Од Здружението Еден остварија средба со охриѓани, институции и невладиниот сектор во рамките на завршниот настан на проектот “Заштита на природата во НП Галичица ,бајка или реалност“. Од здружението за заштита на животната средина ги презентираа резулатите од нивните спроведени истражувања. Истражувањата ги опфатиле е анализите на домашната и меѓународна правна регулатива за НП Галичица и анкетното истражување спроведено на 300 охриѓани, институции и невладиниот сектор, информира Драгана Велковска од здружението ЕДЕН.
„Граѓаните не сакаат масовен туризам во Охрид, сакаат...
Post Views: 2
Ќе се изготвува локална стратегија за превенција од ХИВ и туберкулоза. Организација на ИПГ Гостивар и ЗГ Опција Охрид разговараа на оваа тема на состанокот кој неодамна се одржа, а причина за тоа е истекувањето на рокот на ,,Локалната стратегија и Акциониот план за одржливост на програмите за превенција на ХИВ и туберколоза во Охрид и негова реализација“ која важеше за период од 2014год-2016год и беше изгласана од советот на општина Охрид. Сега ќе треба да се носи нов план или да се ревидира постоечкиот и истиот да биде изгласан од советот на општината.
Планот кој го...
Post Views: 2
Јапонската компанија Тојота повлекува околу 625.000 возила ширум светот. Причината е отстранување на грешката во софтверот на хибридите која може да доведе до исклучување на моторот во движење.
Од Тојота се правдаат дека засега немало несреќен случај.
Моделите на кои се однесува повлекувањето ја вклучуваат Пирус V серија, конкретно моделитe Пирус Алфа и Пирус + (во зависност од пазарот), произведени во период помеѓу мај 2010 година и ноември 2014 година.
И порано Тојота имаше проблем со нисправни воздушни перничиња, а тогаш беа повлечени 5 милиони автомобили.
Post Views: 6
Одбележана 112 годишнината од херојската смрт на Христо Узунов. Денеска пред споменикот на војводата во Градскиот парк, свежо цвеќе положија делегации на Општина Охрид, институции, политичките партии и невладини организации. Пред спомен-обележјето на Христо Узунов се одржа историски час и културно-уметничка програма.
Христо Узунов е човек кој се бореше за нашата слобода, една маркантна личност која и ден денес со гордост ја спомнуваме. Среќна сум што за неговото име и дело знаат и помладите генерации па и тие со гордост го спомнуваат, вели советничката Оливија Пирузева...
Post Views: 4
Собранието на Република Македонија во рамките на денешното продолжени на 82. седница со 55 гласови „за“ и осум „против“, како и 11 гласови „за“ и еден „против“ од пратениците од помалите етнички заедници го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, по скратена постапка.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски образложувајќи ги измените и дополнувањата рече дека тие се усогласени со еснафските здруженија на новинарите и со нив се изземаат интернет порталите од системските решенија.
Појасни дека со измените се предвидува...
Post Views: 0
Во охридско, мразот во полн цвет ги уништи јаболката, лозовите насади и коскеските овошки. Овоштарите и земјоделците бројат огроми штети. Повозрасните охридски овоштари ваква слична непогода не паметат од далечната 1975 година кога од мраз биле уништени овошните и земјоделските површини, раскажува охридскиот земјоделец Ванчо Стојаноски.
„Верувајте прашање е дали нешто ќе се вкуси од нашите овошни култури. Покрај црешата настрадаа оревите, јаболката и сите овошни култури, а дел и земјоделските култури како компирот насаден во Андон Дуков ќе биде тотално уништен, а ќе...
Post Views: 6
Се повикуваат земјоделците од Општина Дебрца, на кои ниските температури кои ја зафатија Општината во изминатиов период, им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, истата да ја пријават во просториите на Општина Дебрца.
Пријавувањето на штетите може да се изврши од 08:30 до 16:30 часот, во најбрз можен рок, во архивата на Општина Дебрца.
Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост (имотен лист).
Post Views: 0
Дел на пациентите кои вршат хемодијализа во Центарот во Струга, стравуваат од хепатит Ц. Се пожалија дека недоволно се посветува внимание на хигиената, а посебна забелешка имаа за медицинскиот персонал, со исклучок на докторите. Тие не сакаа да коментираат пред нашата камера бидејќи стравуваат дека тоа лошо може да им се одрази врз нивниот понатамошен третман во оваа установа.
„Има хепатит Ц тие се во друга сала делени сме на групи но и покрај тоа стравуваме бидејќи дома имаме деца но и за себе. Не несум задоволна прво и прво хигиената не е како што треба второ персоналот,...
Post Views: 0
Денес од хотелот Далјан се ширеше пријатна миризба на вкусно подготвена домашна храна. Вредните раце на жените од општинските здруженија на глуви и наглуви лица од целата држава и годинава ќе се докажуваат подготвувајќи традиционални македонски специјалитети по добро испробани рецепти. Претседателот на Националниот Сојуз на глуви и наглуви лица на РМ, Васко Марков рече дека голем бил интересот за оваа манифестација, додавајќи дека глувите жени се опасни мајстори во кујна.
„Ова е натпревар каде што се прават и благи и солени специјалитети има награди, пехари, три награди...
Post Views: 0
Набрзо по пласирањето на веста за наводното отворање на Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид како ковид центар, стигна демант од оваа јавно-здравствена институција. Оттаму демантираат дека од почетокот на наредната недела ќе отворат оддел за лекување на ковид пациенти.
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, односно на страницата на Македонската информативна агенција МИА. Во овој пост споделен е медиумски напис од МИА, во кој се тврди дека од понеделник Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид повторно ќе работи како...
Post Views: 2
Јубилеен патрон на ОУ „Христо Узунов“. Синоќа во Центарот за култура во Охрид во еден прекрасен амбиент и незаборавна атмосфера училиштето го одбележа својот патрон, кој годинава беше во знакот на 40 години од основањето на училиштето. Директорот Тони Симоноски вели дека оваа година е посебна од сите останати, а тоа ги обврзува да продолжат во тој правец.
„Новото време ни наметнува голем број на други обврски, меѓутоа со голем успех ги совладуваме сите препреки. Нормално е да во еден воспитно образовен процес се внесуваат новини, впрочем науката и самото општество продолжува...
Post Views: 0
Полни три децении се одржува настанот „Жена домаќинка“ во хотелот Далјан, Охрид. Вредните домаќинки од земјава и годинава ги засукаа ракавите и покажаа интересни идеи на готвење за ова традиционално натпреварување. Славица Стефаноска вели дека дел од екипите ги подготвуваат традиционалните специјалитети од каде што доаѓаат, како што е тоа Св.Николската пастрмајлија, солени грклани по стара рецепта итн.
„Оваа година имаме пријавено 15 екипи од Македонија од 15 градови од земјава, екипа со три членки кои што спремаат три специјалитети, благо, солено по нивен избор. Оваа...