„Матурската парада 2017“ во Охрид

Post Views: 0 И оваа 2017 година продолжува традицијата на одржување на „Матурската парада“, во која учество ќе земат матурантите од четирите средни училишта од Општина Охрид. На 19 мај точно во 12 часот, на градскиот плоштад Св. „Климент Охридски“ матурантите повторно ќе го танцуваат матурскиот квадрил, со своите врсници од шеесетина градови на Централна и Југоисточна Европа. На овој начин заеднички постепено, заедно со младите од година во година создаваме нова традиција во одбележувањето на матурирањето, што е во согласност со стремежите на младите за меѓусебно поврзување околу...

Continue reading

Јужна Африка прва го пријави сојот омикрон во СЗО

Post Views: 0 Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се инсинуира дека фактот што Јужноафриканската Република побарала од производителите на вакцини Фајзер и Џонсон и Џонсон, да не испорачуваат следни дози во таа земја, е причина што се појавил сојот омикрон, за кој, инаку, има индиции дека е позаразен, а уште не е познато дали предизвикува потешка клиничка слика кај пациентите кои се заразиле со него. Јужна Африка. Објава на 24 ноември 2021 година. Се бара запирање на испорака од Фајзер и Џонсон. Потоа, чудесно појавување на Омикрон. Брее, како повод за напад пред војна. Психолошки-терористичка...

Continue reading

Реконструкцијата на Али Пашината џамија ја разбранува охридската јавност

Post Views: 20 Реконструкцијата на Али Пашината џамија ја разбранува охридската јавност. Деновиве се поставуваат многу прашања околу нејзиниот изглед, висината на минарето за кое се шпекулира дека ќе биде високо 32 мери, а граѓаните прашуаваат и дали е добиено одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за изградба на овој верски објект кој се наоѓа во центарот на градот. Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Тања Паскали Бунташеска не открива колку точно метри ќе биде високо минарето но вели дека ќе се градело минаре...

Continue reading

ПРВА ЛАПАРАСКОПСКА ОПЕРАЦИЈА НА БУБРЕГ ВО ОХРИД

Post Views: 0 Тимот на уролози (Др. Мостро, Др. Симоноска, Др.Јован -анестезиолог) под раководство на Др. Горан Балевски,  за првпат изведе лапараскопска операција врз пациент од Битола, каде што беше рецесиран долниот пол на бубрегот поради циста. Пациентот постоперативно се чувствува добро и после 24 часа може да биде испишан од уролошко одделение и да си оди дома. Со оваа операција се отвора ново поглавје за лапараскопски интервенции во Охрид и околината, за што целиот персонал при ЈЗУ Општа Болница Охрид е посебно горд.

Continue reading

„Охрид трчаТ“

Post Views: 1 Градот се подготвува за големиот настан „Охрид трчаТ“. Организаторот, Асоцијација за спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ најавува настан кој ќе остави белег во нашиот град. Настанот е од спортско промотивен карактер и основна цел е да се даде допринос на растечката тенденција на спортски настани кои се одржуваат во Охрид, вели Иван Цветкоски од Асоцијацијата. Додава дека како спортска дисциплина е избрано трчањето бидејќи атлетиката е основа на сите спортови но и здрава навика за добар психофизички живот. „Ние како асоцијација осетивме клима и потреба за реализација...

Continue reading

Чинго: Државниот инспекторат за локална самоуправа е орган кој нема правен основ да укинува одлуки

Post Views: 10 Паушално и произволно, без правен основ е известувањето на државниот инспекторат за ЛС дека ќе ги укине одлуките што ги донесле советниците по 24 март, тврди Владо Чинго адвокат и поранешен претседател на Советот на град Охрид. Инспекторатот е орган на министерството за Локална самоуправа кој ги контролира одлуките кои ги носи советот дали се во согласност со законот за локална самоуправа и другите закони кои ја уредуваат таа област. Вршат контроли и надзори , редовен, вонреден и контролен наздор и може врз основа на тоа да укинат некои акти од општината или програми,...

Continue reading

Опција која ја забрзува работата на телефоните со Android

Post Views: 2 Сеедно дали имате најнов Android телефон или малку постар модел, на сите нив по одреден период му опаѓаат перфомансите. Но, постои еден трик за кој малку луѓе знаат, а кој значително ќе ја забрза работата на вашиот Android уред.Станува збор за опција која се крие во тајното мени кое е резервирано за девелоперите, но во него е многу лесно да пристапат и сите други корисници.Причини за грижи нема бидејќи оваа опција не може да му наштети на телефонот, а може да се исклучи во секој момент, a за да се намести ќе ви биде потребна само една минута.–Пред сè треба да се...

Continue reading

Годишна средба на ИПА 2 Механизмот за граѓански организации

Post Views: 2 Трета годишна средба на ИПА 2 механизмот на граѓански организации. На оваа средба граѓанските организации два дена ќе дискутираат и ќе бараат решенија за секторските предизвици, но и ќе споделат добри практики, идеи за секторска комуникација и вмрежување. Ана Чоловиќ Лешоска од Еко свест, информира дека иницијативата е започната во 2012 со 9 граѓански организации за да денес после 5 години во неа се вклучени над 200 организации. „Сметаме дека се она како заклучоци кои ќе произлезат од оваа средба ќе бидат корисни не само за граѓанскиот сектор и за делегацијата на ЕУ...

Continue reading

skopski aerodrom

Повторно отежнато одвивањето на воздушниот сообраќај во земјава

Post Views: 10 Поради појава на магла утринава воздушниот сообраќај се одвива со задоцнување, а намалена видливост има и на одредени патишта низ државата. На аеродромо „Александар Велики“ со задоцнување се реализирани утринските летови за Дортмуд и Загреб, додека откажани се летовите за и од Истанбул. Патниот сообраќај со намалена видливост до 50 метри се одвива на патните правци Тетово-Скопје, Велес-Штип, Неготино-Градско, Кула-Катланово и Катланово-Велес. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно, без забрани и ограничувања по претежно влажни коловози.Железничкиот...

Continue reading

Граѓаните се прашуваат како ќе изгледа Али пашината џамија во охридската чаршија

Post Views: 16 Како ќе изгледа Али пашината џамија во охридската чаршија каде во тек се градежни работи за нејзина реконструкција? Оваа градба побуди интерес кај јавноста, откако ТВМ објави неофицијални информации дека од страна на носителот на проектот, охридското муфтиство на ИВЗ, било побарано и добиено позитивно мислење од Завод и Музеј за изградба и на минаре високо 32 метри. Наводно, сега се чека одобрение за градба Од Министерството за транспорт и врски. ТВМ се обиде да ги провери ваквите информации во ИВЗ и Завод и Музеј. Охридскиот муфтија не сакаше да открива детали за...

Continue reading

Пензионерите од Охрид и Дебрца воспоставија соработка со колегите од Костур

Post Views: 5 Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца воспоставија контакт за соработка со пензионерите од Костур, Р. Грција. Делегација од здружението во состав од претседателот Ѓорѓи Трпчески, секретарот Стефан Владимиров и претседателот на Собранието Димитар Спасески се сретна со своите колеги од Костур. Станува збор за прва официјална средба на пензионери од двете соседни земји. Македонските и грчите колеги разменаа искуства околу поставеноста, структурата на органите и телата, начинот на финансирање, пензиските примања, животниот стандард и социјалната заштита, активностите...

Continue reading

Stephen Robinson

Робинсон во Струга

Post Views: 1 После животот во облачниот Сиетл, љубовта помеѓу Стивен и сончевата Струга, се случила на прв поглед. Тој студент на Меѓународниот мировен корпус, таа девојка на чија убавина тешко кој може да и одолее. Преку учеството во програмата на Мировниот корпус, на Стивен му се исполнила животната желба да мине две години во странство. Изборот Македонија да биде земјата во која преку програмата ќе престојува, бил случаен. Сега неговата волонтерска работа, е во рамките на Локалната агенција за развој од Струга. А, помошта од колегите, огромна. „Тие навистина многу топло ме пречекаа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top