Post Views: 6
Не поминаа ниту десеттина дена откако беше хортикултурно уреден новиот дел на патеката и заменети украдените садници према хотелот “Парк”, несовесноста на граѓаните продолжува.
Забележана е нова и поголема кражба, каде што се украдени 40-тина садници од видот “Џунџуле” и 6 украсни зимзелени садници, што предизвикува неубава глетка за пешаците и туристите што циркулираат на тој дел од градот.
Post Views: 5
Семејствата на починатите не одредуваат што е причината за смртта по пат на избор, туку тоа го прават лекарите, овластените и стручни медицински власти, согласно дијагнозата и текот на хоспитализацијата, а за сето ова постои комплетна документација во здравствените установи.
Рецензираме пост објавен на Фејсбук во кој немедицинско и непоткрепено со факти тврдење се претставува како да е ,,искуство”. Притоа, во групата каде што се споделува ова таканаречено искуство, кое што доаѓа од анонимен извор, се поставува прашањето ,,Дали е ова вашиот избор?”.
Во објавата се вели:
Доктор...
Post Views: 2
Во Скопје, времето на ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот и 7 минути, додека времето на суфур (кога почнува постот) e во 3 часот и 17 минути.
Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.
За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.
Post Views: 0
По интензивна динамика течат градежните активности за комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улиците „Сирма Војвода“ и „Даме Груев“.
Веќе се уредени и поплочени тротоарите на левата страна, по целата должина на улицата, a во моментот се работи на уредување на тротоарите од десната страна на улицата. Деновиве беа завршени работните активности за поставување на ново улично осветлување.
Како дел од претходните градежни фази, на овој значаен инфраструктурен проект, беше поставена нова главна...
Post Views: 2
Нова парфимерија во градов. Брендот Лорис стигна и во Охрид. Околу 450 копии на оригиналните парфеми, спакувани во идентично шише можат да се купат сега и кај нас. Не се работи за фалсификати туку парфемите се производ на турска компанија, маслата се идентични како кај оригиналите и имаат трајност од 6 до 8 часа, многу повеќе и од оригиналните парфеми, објаснува сопственикот на парфимеријата, Јосиф Ќурчиески. Има парфеми од речиси сите познати брендови, машки и женски како и спрејови за тело, гелови за туширање, ролони. Ваква парфимерија е отворена во Скопје и многу...
Post Views: 1
Не стивнуваат реакциите околу реконструкцијата на Али пашината џамија. Иако градежните активности започнаа пред нешто повеќе од еден месец, деновиве на локацијата работите се одвиваат со зголемен интензитет. Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј-Охрид, Тања Паскали Бунташеска изјави неодамна дека во моментов се изведувале конзерваторски работи а до наесен кога ќе започнела реконструкцијата и изградбата на минарето охридското муфтиство треба да го добие и потребнато одобрение за градба. Но граѓаните со недоверба го следат она што се случува на самото...
Post Views: 0
Најпопуларната апликација за допишување, WhatsApp неодамна овозможи бесплатни повици за своите корисници по пат на интернет, но компанијата која стои зад популарната апликација одлучи на своите корисници да им овозможи уште поевтини повици.Имено, повиците ќе трошат помалку податоци за пренос на интернет, т.е. најновата верзија на WhatsApp, која ќе се појави наскоро, ќе донесе подобра оптимизација на повиците, што значи дека ќе троши помалку мегабајти.Ова е одлична можност за корисниците кои имаат ограничена количина на пренос на податоци преку интернет.Исто така, новата...
Post Views: 0
На охридскиот плоштад се сретна соучениците од некогашното економско училиште Мите Богоески. Средбата е јубилејна и се одбележуваат 55 години од завршувањето на средното стручно училиште од учебната 1958 -1962 година , напоменува Димче Стојкоски Лепи од иницијативниот организациски одброр. Средбата беше срдечна, се евоцираа спомени од другарувањето и училишните денови, вели Стојкоски.Се присетува на тие минати денови поминати во школските клупи кога како и сите средношколци биле темпераментни, потшепнувале, препишувале ,поткажувале и си помагале.
„Нашата генерација...
Post Views: 11
Денес се одбележуваат 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Делегација на македонската Влада денеска, денеска по повод одбележување 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, ќе положи свежо цвеќе во црквата „Св.Спас“ во Скопје, каде се наоѓа вечното почивалиште на македонскиот револуционер. Владината делегација е составена од министерот за здравство Никола Тодоров, министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, министерот за култура, Елизабета Канческа Милевска и министерот за животна средина и просторно планирање...
Post Views: 2
Aндреа Бeкали менаџер во американска информатичката компанија ИКАН ја нагласува потребата луѓето активно да се вклучуваат во управувањето и развојот на интернетот. На конференцијата Управување со Интернетот кај државите од Југоситочна Европа сме присутни да дадеме поддршка на заедницата во Македонија и регионот. Зборуваме за употребата и да објасниме што поддржуваме во развојот на интернет технологијата и како интернетот да се употребува во иднина, напомeнува Бeкали.
„За таа цел баравме идните генарации под 25 години што повеќе да го употребуваат Интернетот. За прв пат...
Post Views: 1
Охриѓани подготвени да трчаат. Големиот спортски настан „Охрид трчаТ“ кој е во организација на Асоцијацијата за спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ги обедини граѓаните од различни возрасни и социјални категории. Досега се пријавени околу 150 охриѓани кои трчајќи сакаат да дадат свој допринос во промоцијата на спортските настани кои се одржуваат во Охрид. Како спортска дисциплина е избрано трчањето бидејќи атлетиката е основа на сите спортови, но и здрава навика за добар психофизички живот. Oвој настан организаторите планираат да прерасне во традиција.
Целта е малку...
Post Views: 12
Под тежината на километри кабел од кабелските оператори, паѓаат столбовите за улично осветлување во Струга. Во близина на пливалиштето, кај кафе барот „Адмирал“ веќе две недели стои срушен еден ваков столб. Тажгур Сулејмани – соработник за јавно осветлување О.Струга, вети дека во најскоро време истиот ќе биде подигнат.
„Тој столб досега требаше да биде подигнат од страна на приватна фирма „Сити Лајт“, но не знам зошто досега не е извршена таа услуга, па денес, најдоцна до утре и тој проблем ќе биде решен“, вели Сулејмани.
Сулејмани кажа дека кабелските оператори од...