stojalishte

Автобус во Струга се чека под отворено

Post Views: 5 И да врне и да вее и сонце да пече, стружани на одредени места автобус си чекаат на отворено. Крајно неаздоволни се од состојбата во која се наоѓаат автобуските постојки во градот и околните струшки села. „Не, порано имаше постојки да се сокриеш од дождот, сега и тие ги откорнаа, не е во ред, треба да бидат подобри. Ние граѓаните сме виновни ние ги кршиме“, револтирани се граѓаните. Доколку сакаме некаде да ја лоцираме вината, не треба далеку да бараме. Самите ние сме виновни за ваквата состојба, потврдуваат граѓаните. Не често овој вид на урбана опрема е мета на крадците...

Continue reading

„По стапките на А. Ден Долард“ изложба на стари фотографии од Струга

Post Views: 9 Стотина слики од Струга и струшко кои датираат од 70 -тите години на минатиот век се изложени во Домот на културата „Браќа Миладиновци“. Холанѓаните Marja Koopman, Fred Volpp и Carlus Koopman, кампувајќи на брегот на езерото, во струшкиот регион, во периодот од 1973 до 1975г. со своите фотоапарати и видео камери зачувале дел од минатото на Струга. Станува збор за стари фотографии кои не навраќаат во минатото, на кои се прикажани моменти од животот на луѓето во тој период. На фотографиите се зачувани струшките сокаци и архитектура, обичните луѓе, музичари, обичаи од Струга...

Continue reading

Југословенскиот драмски театар вечерва на „Охридско лето“

Post Views: 1 Претпоследната вечер од годинешното 61-во издание на фестивалот „Охридско лето“ е резервирана за Југословенскиот драмски театар од Белград, Република Србија и тетарската претстава „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, во режија на Јована Томиќ. На сцената „Долни Сарај“ од 21 часот ќе играат српските актерки Jована Беловиќ и Сања Mарковиќ. Румена Бужаровска во збирката раскази „Мојот маж“ создава портрети на различни жени, а поентата на нивната поврзаност е фактот дека мажите се централен фокус на нивните животи и постапки. Румена, создавајќи ги ликовите на нејзините хероини,...

Continue reading

Охридското очно одделение врши 1500 прегледи месечно

Post Views: 0 Офталмолошкото одделение при Општа болница, Охрид има полни раце работа. Месечно на очното одделение се прават дури 1500 прегледи открива главната сестра од ова одделние Јулија Трпковска. Таа вели дека работната атмосфера на нивното одделение е на високо професионално ниво, благодарение на добрата организациона поставеност и залагањето на докторите, да одговорат на потребите на сите пациенти. „Кај нас има постојано гужва. Нашите доктори се врвни специјалисти, доаѓаат пациенти од Струга, Дебар, преголема фрекфенција имаме, замислете први пациенти 1500 во месецот…тоа...

Continue reading

Охрид е подготвен да трчаТ

Post Views: 1 Викендов ќе биде во знакот на големата спортска манифестација Охрид трчаТ. Се е подготвено за реализација на овој настан кој годинава за прв пат се организира од страна на Асоцијација „Спорт за сите сите за спорт“. Активностите започнаа уште вчера со основците од градов каде беа вклучени над 300 ученици. Иван Цветкоски од Асоцијација за спорт, истакна дека во текот на утрешниот ден од 15 часот до 20 часот ќе се делат стартните пакети, каде ќе биде стартниот број со електронски чип. Тој исто така ги откри и деталите за главната трка која ќе се одржи во недела на 4 ти...

Continue reading

Девет ефикасни помошници при убод од комарец

Post Views: 6 Убодот од комарец во нашето тело остава отровна течност која предизвикува досадно чешање, а за да го ублажите чешањето на местото можете да ставите било кој од овие девет евтини помагатели кои сигурно ги имате дома.–Медицински алкохол – Алкохолот како и производите со висок процент на алкохол како што се средствата за дезинфекција на раце, делуваат антисептично што значи дека каснувањето од комарец нема да се инфицира. Чувството на благо пецкање ќе ви ги отстрани мислите од чешањето.–Селотејп – Парче селотејп залепете преку местото на каснување кој ќе го...

Continue reading

Екстерното замина во историјата

Post Views: 5 Сите присутни 64 пратеници во Собранието денес ги изгласаа законите за укинување на екстреното тестирање. Се работи за законите за основно и за средно образование и законот за наставници во основните и средни училишта. Законите се донесени по скратена постапка, а гласањето беше според принципот на Бадентер. Предлагачите на законот од пратеничката група на СДСМ велат дека со оваа одлука се става крај на една долгогодишна лоша реформа во образованието. „Ова беше една лоша реформа за која учениците и наставниците протестираа, кампуваа и повикуваа на нејзино укинување, со...

Continue reading

хидроцентрала

Зелено светло за изградба на малите хидроцентрали

Post Views: 11 Започнува постапката за додоелување концесија за изградба на 80-те мали хидроцентрали во Македонија. Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, г-дин Владимир Пешевски и министерот за животна средина и просторно планирање, г-дин Абдилаќим Адеми  денес ќе одржат прес конференција за спроведување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 80 мали хидроелектрични централи во Република Македонија. Прес конференцијата ќе се одржи во 11:00 часот, во просториите на...

Continue reading

Oхридскиот Brein o Brein со прв демофестивал

Post Views: 1 Прв Демофестивал одржаа од прогармата Brein o Brein. Учениците кои го посетуваат центарот пред голем број посетители ги покажаа вештините кои ги научиле па така свиреа , пееа, танцуваа, а истовремено и сметаа. Учествуваа над стотина деца од сите нивоа на програмата , информира Валентина Кузманоска координатор инструктор во центарот бреин о бреин. „Покрај вештините со абакус и менталната картичка ги видоа децата и во друго светло и способностите и талентите ,свирење, пеење, играње со пресметување и мултитастинг , истовремено да се обавуваат неколку активности“, вели Кузманоска....

Continue reading

Основците од Охрид почнаа да трчаат

Post Views: 1 Школската трка на охридските основци го означи почетокот на големиот настан Охрид трчат. Денес по кејот Македонија со старт од пред хотел Милениум па се до споменикот на браќата Кирил и Методиј во градскиот парк, трчаа три категории ученици во, женска, машка и рекреативна конкуренција. Една од целите на овој настан е етаблирање на трчањето и спортот како потреба за квалитетен живот, истакна Јоне Станкоски од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“. „Училишните спортови треба да заземат примат во понатамошниот тек на образованието и да се етаблираат на...

Continue reading

Stefan Dimoski

Детонаторот одекна и во Струга

Post Views: 27 Близу 40 покер и флипер апарати, маса за рулет и платформи за играње карти и „блек џек“, се пронајдени и одземени во синоќешната акција, која во рамките на акцијата „Детонатор„ беше спроведена во Струга, Велешта,Вевчани и Лабуништа. Акцијата беше реализирана во координација на полициските службеници со инспектори од Управата за јавни приходи во вкупно шест објекти, од каде беа пронајдени и одземени и рулет механизми, материјали за кладилници, 52 специменти-пластични жетони со парична вредност, 33 шпилови карти, 29 клучеви за покер апарати, 6 читачи за покер апарати,...

Continue reading

Охридската ривиера располага со многу апартмани од висока категорија

Post Views: 10 На охридското крајбрежје има над 90 регистрирани апартмани од висока категорија. Оваа бројка пред 4 години била скоро двојно помала, информираат од одделението за туризам при ЛС. И додека бројот на регистрирани легла во приватното сместување квантитативно е стандарден, расте квалитативната понуда на апартманското сместување, напоменува Ѓоко Апостолов од Тлер. „Она што е упадливо и значајно што бројот на апартманите со една ѕвездичка опаѓа.Во моментов нема апартмани од најниска категорија, додека бројот на апартмани со 2, 3 и 4 ѕвездички се зголемува. Ако се направи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top