„По стапките на А. Ден Долард“ изложба на стари фотографии од Струга

 „По стапките на А. Ден Долард“  изложба  на стари фотографии од  Струга.

 |  Валентина Неловска  | 

Стотина слики од Струга и струшко кои датираат од 70 -тите години на минатиот век се изложени во Домот на културата „Браќа Миладиновци“. Холанѓаните Marja Koopman, Fred Volpp и Carlus Koopman, кампувајќи на брегот на езерото, во струшкиот регион, во периодот од 1973 до 1975г. со своите фотоапарати и видео камери зачувале дел од минатото на Струга.

Станува збор за стари фотографии кои не навраќаат во минатото, на кои се прикажани моменти од животот на луѓето во тој период. На фотографиите се зачувани струшките сокаци и архитектура, обичните луѓе, музичари, обичаи од Струга и струшко. Секојдневно ги снимале и фотографирале свирачите на локалните свадби, уличните свирачи на автобуската станица, децата од градот, свадбите и обичаите од блиските села. Денес, стружани можат да се потсетат на заборавените лица –легенди на седумдесеттите од Струга. Д

ел од нив сеуште активни во животот, а некои зачувани во сеќавањата на стружани. Во подготовката на изложбата тројцата холанѓани сеуште се сеќаваат на жителите на Подгорци, децата од крајот на градот, фамилијата на Адем Муслиоски, тајфите на чалгаџиите и старите стружани.

 

 

Изложбата е со наслов „По стапките на А. Ден Долард“ и се реализира од случајна средба на интернет форумите на овие тројца холандски туристи од седумдесетите години со стружанецот Владислав Жупан.

Поставката со фотографии и аудио записи ќе биде изложена во Домот на културата Браќа Миладиновци во Струга до 9 јуни.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top