Post Views: 23
Денес градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески свечено ја пушти во употреба пешачката патека Кошишта – Лабино – Канео и два краци, еден кон плажата Лабино другиот кон Воска и Даљан. Добивме една целина, со која на граѓаните им нудиме место за релаксација, спорт и доживување на убави моменти во раскошната природа и пејсажи кои ги нуди погледот од оваа патека, истакна првиот човек на градот, Бакрачески.
„Го споделувам задоволството од реализација на овој проект и да се заблагодарам на сите оние кои што учествуваа во изведувањето на целокупниот проект од...
Post Views: 1
Низ струшките чаршиски кулоари се погласно се коментира кој в раце ќе го земе кормилото на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ. Од околу 40 пријавени активисти на најголемата владеачка партија, деновиве на разговор кај премиерот Никола Груевски повикани биле само 5 од нив и тоа, Стефан Томаноски, Зорица Кленкоска, Гоце Божиноски, Перо Петкоски и Марко Стрезоски. Дел од посериозните кандидати за оваа атрактивна позиција се релативно млади кадрии. Конкурсот кој го распиша партијата за избор на претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, уште пред 4 месеци, следи по назначувањето...
Post Views: 1
Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски оствари работна средба со Пецо Грујовски претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани. При тоа претседателот на УПОЗ напомена дека од новиот министер ќе бараат измени, на како што велат штетниот Закон за административни службеници . Законот е на сила 10 -тина години, а претходниот министер тврдел дека отстапки нема да има бидејќи е европски закон, вели Грујовски. Веруваат дека со новиот министер ќе ги усогласат предлог измените. На листата на барања е воведување...
Post Views: 12
Вечерва во 21 часот на Антички Театар се спушта завесата на годинешното издание на фестивалот „Охридско Лето“, со претставата „На отворено море“.
„На отворено море“ е жанровски комплексно парче: трагично, апсурдно и сатирично. Тоа е приказна за љубовната афера на една убава, среќно омажена жена со министер во владата. Во оваа драма сите се уценети и корумпирани, бидејќи тоа се луѓе од власта или од непосредна близина на власта. Зад семејните, пријателските и љубовните врски стои исклучиво голиот интерес. Сите имаат корист од оваа афера. Нушиќ никогаш не би напишал драма...
Post Views: 0
Од санитарниот државен инспекторат информираат дека водата за пиење во селските водоводи во населените места во поранешната општина Косел е неисправна за пиење.
По контролата која во ја извршил овластен државен инспектор, Агенција за храна и вереринарство донела решение за забрана за користење на водата од локалните водоводи во селата Косел, Свињишта, Завој, Ливоишта, Куратица и другите населени места во поранешната општина Косел.
Државниот инспекторат информира дека водата во селексите средини не се хлорира редовно, бактериолошки е неисправна и небезбедна за корист...
Post Views: 6
Пишува: Шефкије Аласани
Написот со провоцирачки наслов Албанскиот премиер му оддава почит на Имер Имери и Борис Трајковски (ФОТО), е објавен на информативниот портал ТетоваСот на 28 јуни 2020 година. За време на предизборната кампања ова вест со тенденциозен наслов е објавена во рубриката „Вести од земјата“.
Насловот е и доста конфузен и не разјаснува на кој „албански премиер“ се однесува написот. Собранието на Република Северна Македонија се распушти на 16 февруари поради распишувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април, но истите се одложија како последица...
Post Views: 0
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во деновите 10.06.2017 год.(сабота ) и 11.06.2017 год. (недела ) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка...
Post Views: 7
Стоп за сите проекти во НП Галичица предлози на поранешната влада, препорачува во заклучокот Монитринг мисијата на Унеско. Состојбата со Охрид е оценета како сè поранлива во новиот извештај на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите Нации (УНЕСКО) за степенот на зачуваност во подрачјата прогласени за светски наследства. Како главна причина за можната деградација се наведени предвидените инфраструктурни проекти а посебно експресниот пат Охрид Св Наум и ски центарот на Галичица.
„ Она за што е дадена препораката е овие деструктивни проекти особено...
Post Views: 0
Пластичните шишиња се најлесни за транспорт на вода и други освежителни пијалоци за време на летните горештини, но експертите предупредуваат дека проблемот започнува кога едно шише се користи неколку пати.
–Шишето е легло на бактерии – За време на летните горештини бактериите молскавично се шират во околината па посебно внимание треба да се обрне на приборот кој го користиме за јадење и пиење. Најопасен дел од пластичното шише е отворот на кој ги принесуваме усните, бидејќи бактериите се пренесуваат од усната шуплина на нерамните делови од пластиката и таму се...
Post Views: 1
Во рамките на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици , а во склоп на Договорот за работа со ЈП „ Градски пазар“ ,по налог на Одделението за сообраќај, започна санација и замена на целосно и делумно уништените сообраќајни знаци на целата територија на Општина Охрид.
Изминатиов период, стручните служби на Одделението за сообраќај извршија целосно детектирање на направените штети од страна на несовесните граѓани и по однапред утврдена програма и динамика на работа, техничко – оперативните екипи на ЈП „Градски пазар“ ќе извршат...
Post Views: 10
Европскиот парламент доцна вечер ќе расправа за извештајот подготвен од британскиот европратиник Ричард Ховит за напредокот на Македонија во 2013 година, јавува МИА.
Во резолуцијата за која по вечерашнава дебата, европратениците ќе гласаат утре, Европскиот парламент уште еднаш го повикува Советот на Европската унија да утврди без одлагање датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Притоа се нагласува дека билатералните проблеми не треба да бидат пречка за почеток на преговорите, иако тие треба да бидат решени пред крајот на процесот за зачленување.
Билатералните...
Post Views: 13
Денес активниот состав на полициската станица од Општа надлежност и полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Охрид, ќе извршат вежбовна активност за боево гаѓање. Според планот, боевото гаѓање ќе се реализира со огнено оружје-автоматска пушка, на стрелиштето „Бејбунар“ со почеток од 08 часот.
Утрешната вежбовна активност ќе се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид“ и урбаната заедница „Биљјанини извори“.
Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски...