Реформи во јавната адмнистрација, најави министерот Манчевски

 Реформи во јавната администрација, најави министерот Манчевски.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски оствари работна средба со Пецо Грујовски претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани. При тоа претседателот на УПОЗ напомена дека од новиот министер ќе бараат измени, на како што велат штетниот Закон за административни службеници . Законот е на сила 10 -тина години, а претходниот министер тврдел дека отстапки нема да има бидејќи е европски закон, вели Грујовски. Веруваат дека со новиот министер ќе ги усогласат предлог измените. На листата на барања е воведување на флексибилно работно време, но и други одредби.

„ Во однос на законот за административни службеници има повеќе забелешки тука е правото на наградување и казнување. Сега законот вели некој мора да биде казнет па 5 посто од вработените, независно како работат мора да бидат казнети. Познавањето на јазик кој го оспоривме пред Устаевн суд, изгубениот степен на кариера, мотивацијата на администртативните служебници. Главниот проблем е да се тргнат некои одредби од Законот и да се озвозможи тие права да се регулираат со колективен договор“, наведува Грујоски.

Министерот за информатичко општетство Дамјан Манчевски вети конструктивни разговори и економско – социјален дијалог со синдикатите и граѓанските здруженија за да се решат проблемите во државата. Министерот најави Стратегија за реформи во јавната администрација. Со тоа  паралелно ќе се работи на подобрување на животот на луѓето кои работа во јавната администрација , но и на подобрување на нивната ефикасност во работата. Откога ќе се слушнат мислењата ќе се донесат и конкретни решенија, истакна Манчевски.

„ Стратегијата за реформи во јавната администрација не сметаме дека ние како министерство или Влада имаме монопол сами да ја усвојуваме и да ја презенираме. Пред тоа да биде направено веќе од следната недела започнуваме со отворени консултации и на транспарентен начин да ја усвоиме и да ја имплемнтираме“, вели Манчевски.

На денешната средба министерот Манчевски на вработените од УПОЗ , кои во Охрид се на 23 спортски игри, им порача да се чувствуваат слободно и профеисонално да си ја вршат работа. Заврши времето на притисоци врз јавната администрација кога никој повеќе нема да ве тера на партиски собири и да ви бара списоци, порача Манчевски.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top