Izgubeni germanci

„Изгубени германци“ во Њујорк

Post Views: 9 Драмските дела „Изгубени Германци“ и „ММЕ кој прв почна“ на македонскиот писател Дејан Дуковски првпат ќе бидат изведени во Њујорк, во престижниот Продусерс клуб (Producers’ Club), на Бродвеј. „Изгубени Германци“ и „ММЕ кој прв почна“ на македонскиот писател Дејан Дуковски првпат ќе бидат изведени во Њујорк, во престижниот Продусерс клуб (Producers’ Club), на Бродвеј. Изведбите на „Изгубени Германци“, во режија на Петар Варбанов, почнуваат од 21 март, а на „ММЕ кој прв почна”, во режија на Теодор Петелов, од 28 март. Претставите ќе се одржуваат секој ден....

Continue reading

Конечно нова седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 2 По подолга пауза, за понеделник, 19-ти јуни е закажана 71-та седница на градскиот совет, со почеток во 11 часот.Советниците ќе расправаат по 37 точки предвидени со дневниот ред. Тие ќе треба да се произнесат по предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти. Пред градските избраници ќе бидат и извештаите за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид, за реализација на програмите за поддршка на локалниот економски развој, изработка на урбанистички планови во првите три месеци од годинава,...

Continue reading

Од 1-ви јули, нови повисоки цени на цигарите

Post Views: 0 Од први јули годинава се очекува поскапување на цигарите во Македонија. Според пресметките, кутија цигари ќе поскапи за околу 4 денари. Со ваквото покачување, до 2023 година се очекува кутија цигари да поскапи и за 40 денари. Од 1 јули 2016 до 1 јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за цигара секоја година, поради што од почетокот на наредниот месец се очекува цигарите да поскапат за 4 денари. Сепак, во земјава покачувањето на акцизата не се врзува секогаш за поскапувањето на цигарите во малопродажба. Некои производители веднаш...

Continue reading

sednica

Промена на крајбрежниот појас

Post Views: 20 Обид за узурпација на спортските терени во Струга. Ова е впечатокот на струшките светници од редовите на ВМРО ДПМНЕ од денешната 38-седница.   Деталениот урбанистички план за уредување на крајбрежјето на 3 километарскиот потег од Еврохотелот па се до угостителскиот објект Аквариус, предвидува изградба на хотел П+6(потровје плус шест ката) и скратување на теренот кај ракометното игралиште. Доколку планот добие зелено светло ќе замре спортот во Струга, реагира координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Момчило Аврамоски. „Ние генерално целата промена не ја подржуваме не само патот...

Continue reading

Охриѓани и стружани пијат исправна вода од градските водоводи

Post Views: 1 Водата во градските чешми во Охрид и Струга, а и во Дебрца е безбедна за пиење информираат од Центарот за јавно здравје. Нивните анализи од испитувањето на квалитетот на водата во последните 3 месеци покажале дека водата е со добар квалитет. Но тоа не случај со селата кои пијат нехлорирана вода веќе подолг временски период како што се Вапила, Ливоишта, Свиништа, Куратица, Елшани. „Дел од селските водоводи имаат неисправна вода за пиење. Недостасува дезинфекционо средство во најголем број на случаи, но има и микробилошки загадувања кои може да се опасни за населението...

Continue reading

ТИРЗ започна со мерки за штедење на електрична енергија

Post Views: 3 Дирекцијата на Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) започна со редукција на уличното осветлување во делови од ТИР Зоните низ државата, а целосно се исклучени и надворешните светлечки табли во Дирекцијата, како придонес во надминувањето на кризната состојба во енергетскиот сектор. Како што соопшти Дирекцијата на ТИРЗ, редуцирањето на уличното осветлување се прави во соработка и консултација со компаниите во зоните и се применува во одредени делови за кои се смета дека осветлувањето не е неопходно и нема да го наруши нивното функционирање. Оваа мерка, додаваат,...

Continue reading

Има ли решение за дивата депонија во Струга

Post Views: 0 Проблемот со депонијата во Струга, министерот за животна средина Садула Дураку, министрите без ресор Зоран Шапуриќ и Рамиз Мерко како и ВД Градоначалникот на Струга Мустафа Забзун ги седна на маса. Но, и после едночасовен разговор тие не излегоа со конкретно решение за овој горлив проблем. Рекоа дека во моментов се формирани специјални тела составени од експерти кои ќе работат на случајот за да се најде некое краткорочно решение за депонијата која ги труе граѓаните на Струга, а во меѓувреме ќа се бара и простор за изградба на регионална депонија со што трајно ќе се реши...

Continue reading

Тепачки и агресивно однесување во Охрид и Струга-СВР БИЛТЕН

Post Views: 3 На 19.08.2021 година во 22.15 часот, на улицата „Партизанска” во Охрид, Љ.К.(63) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз малолетник. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 19.08.2021 година во 15.00 часот, во семејниот дом на И.Д.(41) од Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со негово агресивно однесување кон членовите на неговото семејство и со оштетување на предмети во домот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 19.08.2021 година во ОВР Струга, приведен е М.Ч.(41) од Струга, кој претходно, околу 22 часот, на...

Continue reading

Исечените дрва на булевар Туристичка наскоро ќе се заменуваат со нови

Post Views: 6 Комисијата за сечење дрва од одделението за животна средина при Локалната самоуправа на барање на оделението за комунален развој донела решение да се исечи дрворедот на булевар Туристичка на влезот на градот. Во барањето било наведено дека кореновиот систем прави проблем на атмосферската канализација. Дипл. шум. инж Јовче Цветкоски вели дека доколку дрвата прават проблем со кореновиот систем и го подигаат асфалтот има решение кое го применуваат во цивилизираните и еколошки освестени земји. „Дрворедите се на тротоар и се прават лесни санации со мали градежни зафати. Се...

Continue reading

Ставен камен темелник на новиот пазар

Post Views: 6 Денес со свечен чин беше удрен камен темелник на затворениот пазар во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески во оваа прилика кажа дека охридската градска власт ги исполнува ветувањата пред граѓаните, а градскиот пазар на охриѓани им бил ветуван неколку години наназад. Бакрачески истакна дека после една голема и комплексна постапка за реализација на овој капитален објект, граѓаните препознаваат кој работи, а кој само ветува. „Пазарот ќе биде опремен со околу 190 тезги изработени по сите хасап и халал стандарди а во рами на објектот ќе биде изграден и подземен јавен...

Continue reading

Три години порано ја отстварија својата цел

Post Views: 1 Германскиот Volkswagen во првата половина на оваа година ја престигна Toyota по бројот на продадени возила, па така својата цел да стане најголем производител на автомобили ја отствари три години порано од планот. Toyota во вторникот објави дека од јануари до јуни продала 5,02 милиони автомобили, што е пад од 1,5% во однос на истиот период лани и помалку од 5,04 милиони автомобили колку што испорачал VW. Во соопштението се вели дека продажбата во шестмесечниот период влијаело успорувањето на продажбата на пазарите во развој и зголемувањето на мини-возилата во Јапонија. Германскиот...

Continue reading

Столици и маси насекаде

Post Views: 0 Градот блокиран со столици и маси  поставени на летните тераси. На улицата „Гоце Делчев“ или позната како старата чаршија неколкуте ресторани  буквално го имаат узурпирано просторот па минувачите не можат да се разминат. Дополнителен метеж создаваат и подвижните реклами поставени на средината од старата чаршија кои ги има на секој чекор па оние кои шетаат можат да се сопнат на нив. Истата слика е и во центарот на градот. Речиси целокупната урбана опрема на летните тераси на градскиот плоштад е поставена надвор од жолтата линија која годиниве наназад требаше да биде некоја...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top