Успешно завршува спортско едукативниот камп „Охрид 2017“

Post Views: 1 Успешно завршува спортско едукативниот камп „Охрид 2017“. Уште два дена остануваат децата кои се дел од овој камп да уживаат во спортско рекреативните содржини кои им беа организирани како и во меѓусебната дружба која ќе ја паметат. Ова е втора година како Асоцијацијата Спорт за сите сите за спорт го организира овој камп и тие се презадоволни од тоа како се протекло. Сите активности ги реализиравме ни останува уште утре целосно да ја заокружиме програмата. Впечатоците се крајно позитивни. Мислам дека сите ќе си одат со позитивни импресии. По завршувањето на овој камп...

Continue reading

Microsoft за пронаоѓање грешка во софтверот дава 100.000 долари

Post Views: 6 Компанијата Microsoft е релативно нов играч во индустријата за наградување за пронаоѓање грешки, но и во ова подрачје добро се снаоѓа.Имено, минатата седмица објавена е надоградба на оригиналната програма и наградата за оние кои ќе пронајдат безбедносен проблем во софтверот на Microsoft наградата е зголемена двојно и сега изнесува 100.000 долари.Со други зборови, тоа е износот кои може да се добие ако се пронајде грешка во апликациите на Microsoft квалификувани за Bounty for Defence категоријата, пишува Softpedia.Microsoft истовремено нуди бонус за пронаоѓање на ранливост...

Continue reading

Туристичкиот бисер среде главната туристичка сезона е градилиште

Post Views: 2 Во центарот на Охрид, но и на крајбрежјето како што е населбата Лагадин се гради во ек на сезона. Градежни зафати има на објекти, се прават реконструкции на улици, тротоари и на мостот кај каналот. Со еден збор градат и приватни инвеститори, но и локалната самоуправа. Градот е со прашливи улици и застој во сообраќајот, бука од рано наутро до доцна на вечер. Гостите ни заминуваат, се жалат приватните станоиздавачи. „ Туристите не доаѓаат каде што има бука, ѓубре, комунална нехигиена. Не им е пријатно да престојуваат во такви околности. И онака е слаба сезонова за приватните...

Continue reading

аналгин

108 лекови на продажба во маркетите и бензинските станици

Post Views: 8 Маркетите и бензинските станици до Министерството за здравство може да поднесуваат барања за дозволи за слободна продажба на лекови без рецепт, или познати како ОТЦ препарати. Правилникот за продажба на лекови по продавници, иако требаше да стапи во сила на 13 февруари, официјално профункционира вчера откако ресорното Министерство ја обелодени листата на ОТЦ препаратите. Таа опфаќа 108 лекови или тоа е околу 54 отсто од вкупниот број лекови без рецепти, кои досега се продаваат само во аптеките. Палетата содржи лекови за болка – аналгетици, за намалување на температура...

Continue reading

Земјотресите, медиумите, социјалните мрежи и паниката

Post Views: 1 Охрид деновиве најдобро ја почуствува „битката за насловната страница“, односно за „кликови“ или „отворања“ кај интернет медиумите . Серијата земјотреси кои изминатиов месец и половина го зафатија регионов, извесни електронски медиуми буквално ја злоупотребија, само за да бидат први во трката за тоа кој ќе има најсеназционален наслов, најстраотна фотографија, а несвесни за стресот кој го предизвикиуваат кај граѓаните, ширењето на паника или за економската штета која градов ќе ја претрпи, со оглед на тоа што случувањата кои никој не може да ги предвиди и контролира ни...

Continue reading

Станарите од скалестата зграда на булевар „Туристичка“ со петиција бараат да се стави крај на непрописното паркирање и задржување на туристичките автобуси

Post Views: 5 Станарите од скалестата зграда на булевар „Туристичка“ веќе две години мака мачат поради непрописното паркирање и задржување на туристичките автобусите и огромниот метеж што се создава пред зградата. И покрај сите напори и алармирања до надлежните служби и до сообраќајната полиција за решавање на овој проблем не е превземено ништо. Потенцираат дека тие како станари на таа зграда се одданочени со највисока ставка на имот за домување па бараат да се почитува правото да ги живеат сите услови кои се загарантирани согласно таа ставка. Станарите на скалестата зграда по пат...

Continue reading

spomenik

Негрижа за спомениците

Post Views: 4 Пропаѓа споменикот на револуцијата во Струга. Малку остана од она што значи спомен и почит кон паднатите борци од НОБ. Надлежните ова место го запоставиле и малку водат грижа за да се зачува вредното, велат стружани. Додаваат дека секој ќош во општината има свое значење. „Треба да се води повеќе грижа за историските споменици. Во Струга се е од голема важност и треба тоа да се негува“ Денес тука пред споменикот на револуцијата може да се забележи дека човечката рака само го доуништува она што забот на времето веќе одамна го прави. Искршени скалила, откорнати столови,...

Continue reading

Охриѓанецот Димче Коруноски е добитник на државната награда за уметничка фотографија „Благоја Дрнков“

Post Views: 3 Охриѓанецот Димче Коруноски ја доби државната плакета „ Благоја Дрнков“ на Деновите на македонската фотографија во Битола. Наградата посветена на доајенот на македонската уметничка фотографија е востановена во 2012 година по неговата смрт. Коруноски аплицирал на конкурсот за 55 -то јубилејно издание на државната изложба во две категории и тоа во колекција на фотографии и поединечна фотографија. Жирито во висока конкуренција на пристигнати уметнички фотографии ги избрало неговите фотографии од црквите Св.Јован Канео, Св. Богородица Перивлепта и Св. Климент и Пантелејмон...

Continue reading

Кривична за скопјанец кој ширел омраза на социјални мрежи

Post Views: 8 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишниот М.Т. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 6-ти мај 2021 година, пријавениот коментирал на објава на портал, при што ширел и промовирал насилство и поттикнувал омраза кон група или поединец, информираат од МВР.

Continue reading

За прв пат „Охридско лето“ отворено со џез музика

Post Views: 5 Древниот Охрид, креативното духовно жариште и прекрасна приказна, останува мост за духовно поврзувње и негување на културните и духовни вредности но и патоказ за еден поубав и похуман свет. Тоа се потврди и синоќа на отварањето на 57 издание на најпрестижната културна манифестација „Охридско лето“. Светската атракција, џез составот „Форплеј“, со својот настап ја воодушеви публиката во преполнетиот амфитеатар. Американските џезери придружувани од Македонската филхармонија под диригенската палка на маестро Емин Џијан, приредија незаборавен концерт кој долго ќе се памети....

Continue reading

Стефан Стефаноски вљубеник во физиката, природата и Охрид

Post Views: 1 Охриѓанецот Стефан Стефаноски кој години работи во САД како професор по физика, покрај тоа се заинамва со научно-истражувачка работа применувајќи ги своите знаења од полето на физиката. Дипломира на Природно математичкиот факултет во Скопје во 2005-та година како најдобар во својата генерација, но и покрај неговиот несомнен талент бил приморан да замине во САД да ги продолжи своите докторски студии добивајќи целосна стипендија. Долго време ги пренесува своите знаења на студентите како професор по физика на Универзитетот во Орегон САД, каде што и самиот се стекнал со...

Continue reading

Глисерите и скутерите ќе мора и ова лето да ја почитуваат забраната за пловење

Post Views: 0 И ова лето сопствениците на глисерите и на скутерите ќе мора да ја почитуваат забраната за пловење од 1јули до 31 август со која не смеат да сообраќаат во езерото од 11 ди 19 часот. Иако тие имаа поднесено иницијатива за укинување на оваа забрана од Охридската капетанија било констатирано дека со тоа во голема мера ќе има нарушување на безбедноста во водите на езерото, па затоа таа останува на сила. Заклучокот е донесен врз основа на податоците кои ги имаме за периодот кога нема забрана. Констатирано е дека воопшто не се почитуваат правилата па ова е резултато поради...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top