Стефан Стефаноски вљубеник во физиката, природата и Охрид

Охриѓанецот Стефан Стефаноски е вљубеник во физиката, природата и Охрид, човек чија што неизмерна страст кон пренесување на неговите знаења на младите генерации не може ништо да ја замени.

 |   | 

Охриѓанецот Стефан Стефаноски кој години работи во САД како професор по физика, покрај тоа се заинамва со научно-истражувачка работа применувајќи ги своите знаења од полето на физиката. Дипломира на Природно математичкиот факултет во Скопје во 2005-та година како најдобар во својата генерација, но и покрај неговиот несомнен талент бил приморан да замине во САД да ги продолжи своите докторски студии добивајќи целосна стипендија. Долго време ги пренесува своите знаења на студентите како професор по физика на Универзитетот во Орегон САД, каде што и самиот се стекнал со огромни знаења од областа на обновливите извори на енергија. Нешто за кое во Македонија многу малку се знае, а уште помалку се користи.

„Ние не ја користиме соларната енергија воопшто во нашиот град. Да разјаснам една мисконцепција која постои. Често кога на нашите луѓе ќе им споменете соларна енергија, кај нас се спомнуваат соларните колектори што е апсорбирање сончева енергија и топлење на вода. Меќутоа во светот соларната енергија каква што се развива е креирање електрична струја или фотоволтаична технологија“ обасјнува Проф.Др. Стефан Стефаноски.

Сепак објаснува Стефановски станува збор за доста скапа технологија за која кај нас сеуште нема дури ни услови за нејзино одржување. Исто така мора многу да се работи и на промовирање на овој вид технологија, посочи Стефаноски. Неговата најголема страст односно пренесувањето на неговите знаења на младите генерации, не може ништо да ја замени, а тој не ја заборава и додека е на одмор во родниот Охрид.

„Активноста е еедна мини летна академија на тема обновливи извори на енергија на тема обновливи извори на енергија, дискутираме на тема соларна енергија, енергија на ветар, био горива, идејата дојде од една невладина организација и проект кој се вика „Проект за македонските школи“ од Орегон, Портланд САД, каде до скоро живеев и во контакт со основачот на организацијата Том Лајнам, дознав и прифатив, наменето е за деца од средните училишта од Охрид, исклучително талентирани и паметни, што мене ми дава посебна иницијатива и мотивација“ вели Проф.Др. Стефан Стефаноски.

Стефаноски ќе каже дека според квалитетот кој го поседуваат овие деца, им претстои навистина светла иднина без разлика каде ќе одлучат да го продолжат своето образование. Но смета дека најдобро место за градење на една креативна мисла и користење на својот потеницијал секогаш останува родниот Охрид. Моментално Стефаноски работи на научно истражувачки проект за креирање на посебен вид на батерија, но сепак пренесувањето на знаењата останува неговата најголема љубов.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top