Портпаролот на Вмро Дпмне, Никола Митровиќ, на денешната прес конференција ги презентира потрошените суми за гориво и масла за општинските возила за периодот 2005-2013. Митровиќ таксативно ги наведе потрошените суми по години почнувајќи од најниската во 2005 година од околу 425.000 денари па се до највисоката од 1.844.000 денари во 2012 година. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината и неразумното трошење на нивните пари, рече Митровиќ.„ Ваквиот принцип на нивно недомаќинско трошење на парите на граѓаните и вртоглавите осцилации од година во година е само пример за неразумноста која пр…
Уметникот Сергеј Цингулоски реагира на игнорантскиот однос на институциите кон него како уметник. Цингулоски добил негативен одговор од Министерсвото за култура на неговото барање за месечен надоместок за самостојни уметници. Уметникот нема диплома од ликовна академија , но затоа во неговото ЦВ има 15 години изработка на дела во посебна техника во дрво и 10 самостојни и групни изложби во земјава и странство. Има забелешки во наведеното образложение кое го добил од ресорното министерството, а кое во меѓувреме го обжалил. Длабоко ме навреди игнорантскиот однос не само кон мене туку и н…
Во насока на подобрување на ефикасноста во работењето на општина Охрид, по претходни подготовки, денес започнаа активности за имплементацијата на најсовремен, интегриран општински информационен систем. Со ова Охрид е прва и во овој момент единствена општина на државно ниво што го реализира овој најнов проект од информатичката сфера. По претходно распишан тендер изработувач на истиот е информатичко софтверската фирма “Ентер“ од Охрид.Со воведување на овој најсовремен софтверски систем во работењето, се овозможува подобрување на перформансите на секој вработен и зголемена ефикасност на општи…
Во рамки на неодамна започнатите активности за средување на населбата Канео и делот што води кон црквата “Св. Јован- Канео” ,Јавното претпријатие “Градски гробишта“ започна со реконструкција на постоечките потпорни ѕидови кои се опасност за минувачите а ќе се подигнат и нови. На овој простор се планира поставување на ново осветлување, односно замена на старите со нови фенери со што ќе се добие уредена патека што води кон црквата посветена на “Св. Јован-Канео”. Овој простор од градов ќе добие нови зелени површини и хорти културно ќе се дооплеменува.{loadposition content9}
По средбата на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од стариот дел на градов на која беа изнесени нивните проблеми од областа на инфраструктурата, охридските јавни претпријатија “Градски гробишта“ и “Ниско градба“ започнаа акција на санирање на оштетените делови низ улиците од стариот дел на градот. Градежните активности започнаа од просторот кај малиот плоштад и ќе се одвиваат по целата должина на улицата “Коста Абраш“ до црквата Св. Софија при што ќе се преуредуваат коцките од калдрмата таму каде има нејзино оштетување, а просторот околу црквата партерно ќе се уредува. Паралелн…
Во прво одделение ќе се запишуваат деца родени од 1.1.2015 до 31.12.2015 година. Во прво одделение можат да бидат запишани и деца родени заклучно со 31.1.2016 год. по претходно писмено барање од родителот, односно старателот и добиено позитивно мислење од педагогот и психологот во училиштето .
За пријавување за запишување во прво одделение потребно е да се достават следните документи:
Пополнета пријава за упис од училиштетоИзвод од матична книга на родените
Медицински потврди за примените задолжителни вакцини за детето, стоматолошки преглед и офтамолошки преглед издадени од над…
Чамците кои се користат на езерата во државава кои не се впишани во регистарот на пловни објекти ќе може да се легализираат до 3 септември годинава. Ова е овозможено со измените и дополнувањата на Законот за внатрешна пловидба што неодамна беа усвоени од страна на Собранието на Република Македонија. Легализацијата на чамците ќе се врши со поднесување предлог за легализација до надлежниот суд според местото каде што се наоѓа живеалиштето на сопственикот на тој пловен објект. По поднесениот предлог за легализација, судот во рок од три дена ја известува Капетанијата на пристаништа со барање …
До денес поднесени 4166 годишни даночни пријави за Охрид и 165 пријави за Дебрца во Управата за јавни приходи.Од таму информираат дека овие даночни пријави, физичките лица можат да ги поднесат и во контакт центарот во Скопје доколку моментално не се наоѓаат во градов. Од Управата велат дека ќе го продолжат рокот за поднесување на годишните даночни пријави. „Рокот за поднесување на годишните даночни пријави и годишниот даночен биланс за персонален данок на доход е 15ти Март, а бидејќи последниот рок паша во сабота, неработен ден, потсетуваме дека согласно законот, даночните обврзници своите …