„ Институциите ме игнорираат “, реагира охридскиот уметник Сергеј Цингулоски

„ Институциите ме игнорираат “, реагира охридскиот уметник Сергеј Цингулоски.

 |  Валентина Неловска  | 
sergej
sergej

Уметникот  Сергеј Цингулоски  реагира на игнорантскиот однос на институциите кон него како уметник. Цингулоски добил негативен одговор од Министерсвото за култура на неговото барање за месечен надоместок за самостојни уметници.  Уметникот  нема диплома од ликовна академија , но затоа во неговото ЦВ има 15 години изработка на дела во посебна техника во дрво и 10 самостојни и групни изложби во земјава и странство. Има забелешки во наведеното образложение кое го добил од ресорното  министерството, а кое во меѓувреме го  обжалил.  Длабоко ме навреди игнорантскиот однос не само кон мене туку и на уметниците  кои работеа со мене, вели Цингулоски.
sergej
„ Ние македонците сами одиме против себе. Некој да ги негира своите институции како Охридско лето, Мајски оперски вечери, Куќата на Робевци. Јас сум единствен македонец кој имам изложувано во Црна Гора каде излагале Воја Поповиќ, Мича Станиќ и 30 други современи уметници и ако таа не е реномиран галерија нека ми достават список кој според нив се реномирани галерии. Ќе разберев  да кажеа дека нема буџет и пари, но со ова ги негираат историчарите на уменост како што се Николоски, Упевче, Маленко и оние од Црна Гора.“

Негативната одлука ја носи Комисија од министерството  составена од правници, а не од  историчари на уметност и тие одлучуваат за уметноста во Македонија, раскажува Цингулоски. Затоа културата е на ова ниво и е просечна, посочува уметникот. Сергеј Цингулоски вели дека крева раце и од градот. Побарал прием кај градоначалникот, но до ден денес не добил никаков одговор.

sergej
„ Министерството ме одбива дека јас не сум излагал по реномирани галерии, сега исто однесување како од Министерството така и од градоначалникот. Сакав да разговараме за јагулата што ќе се случува со неа и за нов проект, но не сум примен и не сакам да контактирам  со градот и да се јават што сакаат нека прават. Овој игнорантски однос од градот и министерството е знак дека јас не треба да работам тука.“   

Сергеј Цингулоски  е татко на три малолетни деца. Неговото 5-члено семејство живее единствено од  неговата уметност. Разочарано вели дека сигналите кои ги добива од институциите ќе го принудат да ја напушти својата  татковина и да бара друго место каде ќе живее и твори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top