• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Основно училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид врши пријавување за упис во прво одделение за учебната 2021/2022 година

Основно училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид врши пријавување за упис во прво одделение за учебната 2021/2022 година

Во прво одделение ќе се запишуваат деца родени од 1.1.2015 до 31.12.2015 година. Во прво одделение можат да бидат запишани и деца родени заклучно со 31.1.2016 год. по претходно писмено барање од родителот, односно старателот и добиено позитивно мислење од педагогот и психологот во училиштето.

 |   | 

Во прво одделение ќе се запишуваат деца родени од 1.1.2015 до 31.12.2015 година. Во прво одделение можат да бидат запишани и деца родени заклучно со 31.1.2016 год. по претходно писмено барање од родителот, односно старателот и добиено позитивно мислење од педагогот и психологот во училиштето .        

За пријавување за запишување во прво одделение потребно е да се достават следните документи:

Пополнета пријава за упис од училиштето
Извод од матична книга на родените

Медицински потврди  за примените задолжителни вакцини за детето, стоматолошки преглед и офтамолошки преглед издадени  од надлежна здравствена установа. Закажување на преглед во стоматолошка ординација во Маларична  на телефонски број 078/384 557.  Офтамолошките прегледи се закажуваат преку матичните лекари.
За дете со попреченост треба да се достави мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.    
Пријавувањето за упис во прво одделение ќе се врши во просториите на централното  училиште од  3.5.  до 31.5. во период  од 9,00 до 12,00 часот кај училишниот педагог/ психолог. При пријавувањето за упис родителите ќе бидат известени за  термините за индивидуална опсервација на деца.

ДЕЦА ЗА КОИ НАМА ДА БИДЕ ДОСТАВЕНА КОМПЛЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА, НЕМА ДА МОЖАТ ДА БИДАТ ЗАПИШАНИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ.     

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top