Мар 25, 2014

На кино репертоарот во Охрид,”Убавицата и ѕверот”

Во „Месецот на киното“ во Охрид во наредниве неколку денови на кино репертоарот на НУ Центар за култура „Григор Прличев ќе се прикажува францускиот филм „Убавицата и Ѕверот“. Кино проекциите ќе бидат во деновите 26-ти (среда),27-ми (четврток) и 28-ми (петок) и 29-ти (сабота) март 2014 година, почеток 20.00 часот, влез 50 денари.Станува збор за неочекувана романса на најмладата ќерка на трговец, под ропство на мистериозниот ѕвер, ќерката за да го спаси таткото се нуди да остaне со ѕверот.{loadposition content9}

Мар 25, 2014

Новини во работата на лабораторискиот комплекс при Центарот за јавно здравје во Охрид

Утре ќе бидат презентирани новините во работата на лабораторискиот комплекс при Центарот за јавно здравје во Охрид, кои се во насока на подигање на квалитетот на здравствените лабораториски услуги кои им се пружаат на пациентите и кои треба да придонесат во забрзување и олеснување на дијагностицирањето на видот на заболувањето и подобрување во ефикасноста на лечењето. Воедно ќе бидат презентирани и најновите извештаи од лабораториската анализа на водата во Охридското езеро.{loadposition content9}

Мар 25, 2014

Награда за документарецот на Антонио Вељаноски „Поет на мал народ“

На 40 издание на фестивалот „Млада камера“ кој се одржува во Уничов, Република Чешка, Антонио Вељаноски од Охрид ја доби третата награда за документарниот филм „Поет на мал народ“.Документарниот филм претставува портрет на македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, а приказната се следи преку три негови песни:„ Куќа“, „Траума“ и „Ноќта е црна Liebe Marija“. Покрај поетот во филмот настапуваат  Верица Недеска, Катерина Петреска, Александра Котушеска како и музичка илустрација на етно групата Љубојна.Антонио Вељаноски ја следи завршната година  на филмската академија  ФАМУ во Прага, најстарата во…

Мар 25, 2014

Срушен уште еден уличен патоказ во Охрид

Овој пат настрада еден од уличните патокази на улицата „Марко Нестороски“.Уште во текот на вчерашниот ден патоказот беше срушен, но некој од совесните минувачи го тргнал од коловозот и го оставил пред дворот на една од станбените згради на оваа улица. Дали патоказот бил несoодветно поставен или едноставно станува збор за вандалски чин, не знаеме, но случувањата од минатотo и односот на охриѓани кон овие знаци оди во „полза“ на нашата негрижа.{loadposition content9}

Мар 24, 2014

Слаб интерес за купување на недвижности во општина Дебрца

Во општина Дебрца слабо оди продажбата на недвижнини. За купување куќи и земјиште нема интерес, кажуваат  од агенциите за недвижности. Цените за земјиштето и објектите се формираат паушално во зависност од атрактивноста на земјиштето и постоечката инфраструктура, вели  Александар Трајкоски од агенцијата за недвижности Енхелеја. Дебрчани мора да ја решат  урбанизацијата  и окрупнувањето на имотите.Тој очекува  со изградбата на автопатот Охрид -Кичево да се раздвижи пазарот со недвижности во оваа општина. Жителите може да извлечат економски бенефит, укажува Трајкоски.  „ Апелирам до луѓето ко…

Апр 22, 2021

Ветените стипендии од МОН, ветар во грб за стручните средни училишта и нивните партнер компании

Околу 200 ученици од дуалните паралелки од електормашинскиот училишен центар „Св наум Охридски“ од Охрид, од септември ќе добијат стипендија во висина од 3 500 денари месечно. Во I година во учебната 2021/22 година во ова наше стручно училиште предвидено е да се запишат вкупно 280 ученици во 9 паралелки со настава на македонски наставен јазик во МАШИНСКА СТРУКА, ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА, ЛИЧНИ УСЛУГИ и СООБРАЌАЈНА СТРУКА. Сашо Недески – директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид вели дека ова ќе биде мотив и за образовните установи во кои се одвива дуалното образование, но и за партнер …

Мар 24, 2014

Советот на градски татковци бара решенија за екононмски развој на Охрид

Денес се состана Советот на градски татковци. На работната средба ги разгледуваа развојните планови од економски и туристички апсект на градот. Локалниот економски совет на чело со градоначалникот Никола Бакарчески  ќе разгледуваат повеќе точки важни за развојот на градот меѓу кои и за авто кампот Андон Дуков.Тема на состанокот беше и изградбата на индустриската развојна зона на Мауцкер. Градоначалникот  од советот на градските татковци во интерес на градот побара  нивен личен придонес  за изградба на долго очекуваниот пензионерскиот дом.„ Ќе има информации од локалната самоуправа за изград…

Мар 24, 2014

ВМРО ДПМНЕ ја започна претседателската кампања од Велгошти

ВМРО ДПМНЕ ја започна претседателската кампања од Велгошти. Денешниот ден беше посочен како денот кога во Велгошти и Охрид пред една година била извојувана најголемата победа на ВМРО ДПМНЕ. Таа симболика ќе биде водилка и на овие претседателски избори, а Велгошти како место од каде започнале многу револуционерни походи ќе ја детерминира нашата иднина, рече Градоначалникот Никола Бакрачески пред многубројните присутни во салата Тодор Александров.-И денес од овде ќе испратам силна порака дека кај нас нема наши и нивни. Ние секогаш сме биле тоа што сме и никогаш не сме биле тоа што не сме. Ние…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top