Слаб интерес за купување на недвижности во општина Дебрца

Слаб интерес  за купување на  недвижности во општина Дебрца.

 |  Валентина Неловска  | 
ЛС Дебрца
ЛС Дебрца

Во општина Дебрца слабо оди продажбата на недвижнини. За купување куќи и земјиште нема интерес, кажуваат  од агенциите за недвижности. Цените за земјиштето и објектите се формираат паушално во зависност од атрактивноста на земјиштето и постоечката инфраструктура, вели  Александар Трајкоски од агенцијата за недвижности Енхелеја. Дебрчани мора да ја решат  урбанизацијата  и окрупнувањето на имотите.
Тој очекува  со изградбата на автопатот Охрид -Кичево да се раздвижи пазарот со недвижности во оваа општина. Жителите може да извлечат економски бенефит, укажува Трајкоски.  

„ Апелирам до луѓето кои имаат недвижности да се информираат подобро. Да ја видат трасата, да размислуваат околку окрупнување на имотите, да размислуваат и предлагаат за сообраќајните решенија на клучките. Важно е да имаат слика како би добиле нешто. Ако се затекнати во ситуацијата, бизнисот не признава затекнатост. Тој што е информиран ќе има бенефит тој што спиел нема ништо да добие.“
ЛС Дебрца
Од општина Дебрца за периодот 2013  и почетокот на 2014 година не можат да се пофалат со голем број продадени  објекти. Но,  укажуваат дека продажбата на  недвижности во селата во Дебрца е  во нагорна линија. Како причини ги неведуваат  регулирањето на сопственоста на недвижностите и изградбата на автопатот  Охрид – Кичево. Од локалната самоуправа укажуваат дека општинатаод поодамна  се соочува со миграција која пак влијае врз интересот за изградба на нови куќи. Во Дебарца има 5 индустриски објекти кои ги смениле сопствениците и се чека на нивно заживување.
Во моментов куќите се продаваат според градежната вредност на објектите и во зависност од локацијата, а вредноста се утврдува според просечните цени по метар квадратен по катастарската општина каде припаѓа земјиштето. Цената, според одлука на Советот, варира од 150 до 1600 денари за метар квадратен. Но, има недвижности кои се продаваат и за повисока цена, информираат од општината.
Во Општина Дебрца е во тек изработка на  урбанистички планови за повеќе неселени места. Во моментов како поатрактивни за купувачите се локации и куќи во селата Оровник, Горенци, Мешеишта, Требеништа и Волино.
Општина Дебрца според последниот попис има  5.500 жители.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top