• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Ветените стипендии од МОН, ветар во грб за стручните средни училишта и нивните партнер компании

Ветените стипендии од МОН, ветар во грб за стручните средни училишта и нивните партнер компании

Околу двеста ученици од дуалните паралелки од електормашинскиот училишен центар „Св наум Охридски“ од Охрид, од септември ќе добијат стипендија во висина од 3 500 денари месечно.

 |   | 

Околу 200 ученици од дуалните паралелки од електормашинскиот училишен центар „Св наум Охридски“ од Охрид, од септември ќе добијат стипендија во висина од 3 500 денари месечно. Во I година во учебната 2021/22 година во ова наше стручно училиште предвидено е да се запишат вкупно 280 ученици во 9 паралелки со настава на македонски наставен јазик во МАШИНСКА СТРУКА, ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА, ЛИЧНИ УСЛУГИ и

СООБРАЌАЈНА СТРУКА. Сашо Недески – директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид вели дека ова ќе биде мотив и за образовните установи во кои се одвива дуалното образование, но и за партнер компаниите на кои им е непоходен образован стручен кадар.

За сите ученици кои ќе се запишат во овие профили, предиведна е помош од Министерството за образование, односно стипендија за секој ученик во вредност од 3500 денари месечно, што е огромна поддршка и ветар во грб за стручните школи, секаде каде ќе се реализира ваквиот тип на настава, на принцип на партнерство со компаниите. Мотивот е огромен, а и побарувачката од компаниите за стручен кадар, но исто така и ние како школо ќе испорачаме што е можно подобри кадри од стручното образование за вработување во самите компании“, вели Сашо Недески – директор ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид.

Сите ученици од дуалното образование, коишто ги исполнуваат условите и оние коишто се во тригодишно стручно образование, околу 2000 од нив, ќе добијат стипендија во висина од 3.500 денари месечно, уште од прва година, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за Алсат телевизија. Министерката најави дека од септември ќе има стипендирање и за другите струки коишто не се дуални, а сепак се потребни на пазарот на труд, како машинска, електротехничка и таму се предвидени 200 стипендии од по 2 200 денари месечно.

Точно знаете и како родител и како ученик, дека во тоа училиште, таа паралелка има интензивна пракса во одредена компанија. Тоа ви дава простор да укажете на учениците и на родителите, дека тие работодавачи се подготвени понатаму овие ученици да ги апсорбираат во своите компании по завршување на средното образование. Правиме две можности за еден ученик, ако заврши со средно образование да има директно вработување или пак подобра стартна позиција за во високото образование“, порача Царовска.

Конкурсот за упис во средните стручни училишта е направен врз основа на потребите, утврдени во социјален дијалог меѓу училиштата, локалните самоуправи и компаниите, посочи Царовска, според која, некои струки ќе се исфилтрираат и модернизираат за да одговараат на потребите на реалниот сектор, а во исто време да бидат атрактивни за младите.

На ниво на државата, во новата учебна година ќе стартуваат 97 дуални паралелки, а околу 2 000 ученици од дуалните паралелки во средните стручни училишта ќе ја добијат стипендијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top