НУ Центар за култура “Григор Прличев” -Охрид,Ве поканува на ПРЕДВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ со “ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ”, – група која ја негува македонската чалгиска музика, но и изведува музика које е инспирирана или слична со чалгиската.Концертот ќе се одржи оваа САБОТА, 12-ти АПРИЛ 2014 година во големата сала на центарот со почеток 20.30 часот. Влез 100 денари.Чалгија саунд систем е состав формиран во 2008 година од група на млади луѓе кои претходно беа ангажирани во неколку проекти со слична музичка ориентација како Калдрма, Бидичалги и Стринг Форсис. Во него членуваат Добрила Грашеска – вокал, …
Одложена една од најинтересните точки од дневниот ред на дваесет и втората седница на градскиот совет. „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“, беше тргната на барање на секретарот на општината Димитар Спасески. Причина, изготвувачите на физибилити студијата кои требало да пристигнат од Скопје не стигнале поради дефект на возилото. За опозицијата ова образложение е смешно и н…
Зелено светло за физибилити студијата за изградба на пазарот со јавно приватно партнерство. Гласањето за оваа важна инвестиција помина само со дискусија на советниците од опозицијата. Опозиционерите беа со став дека студијата треба да се врати на доработка. Ставија забелешка дека изготвувачот на студијата не изработил еколошка анализа. Исто така, не им дал можност на советниците да изберат кое е најповолното решение од 4 -те законски можности за приватно јавно партнерство туку понудиле само еден модел. Имаа забелешка и на процентот при распределбата на имотот, 20 -80 во корист на инвести…
СДСМ ги наградува личностите кои биле дел од тимот на владеење, за време на т.н мрачен период за Охрид, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот Никола Митровиќ постави низа прашања до кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ Томислав Тунтев: Дали Тунтев знаел за долгот на градот и што направил за да го спречи финансиското тонење на градот? Кој бил ставот на Тунтев кога во 2013 година во предизборниот период ангажирале 320 нови лица и покрај тоа што знаел дека администрацијата е пренатрупана и кога знаел дека општината и ЈП се во финансиски колапс? Митровиќ исто така праша, дали Тунт…
Незгоден ривал во незгодно време за охридските гладијатори. Помалку исцрпени и без помошта на Иван Тасески ракометарите на градскиот ракометен клуб Охрид ги очекува дуел против Бутел. За проблемите да се поголеми останаа и без омилената сала на која се навикнати и каде ги забележаа најголемите успеси. „Не преместија во салата Тодор Александров во Велгошти што е мал хендикеп за нас. Нова подлога не е паркет како во Билјанини Извори, подлогата е потврда, но тоа не треба да е пречка ние да дадеме се од себе и да извојуваме победа.“ – изјави Мартин Иваноски. Екипата на Бутел е позната по физич…
Охридските социјалдемократи на денешната прес конференција посочија каков е односот кон спортот на новата локална власт. Според нив, градската власт, следејки ги политиките на централната извршна власт за бркање на младите од сопствената држава, ги превзела следниве конкретни чекори: згаснување на женската фудбалска екипа, Кошаркарскиот клуб „Колибри“ бил оставен на цедило без средства за котизација и превоз, Атлетскиот клуб бил оставен сам на себе, а активностите на кајакарскиот и веслачкиот клуб биле сведени на минимум. Портпаролот Александар Кузески обвини дека во вода паднал и проектот…
Дел од населбата Рача е без основна инфраструктура потребна за нормално живеење, се жали Сандре Трифуноски староседелец на оваа населба. Рачанци очекуваат од Локалната самоуправа да им ги реши натрупаните комунални проблеми. Дел од куќите се изградени во минатиот век, но има и понови градби. 80 проценти од 800-тината жители од населбата Рача живеат на септички јами, раскажува Трифуноски. Рачанци сами изградиле водоводна мрежа, а веќе 5 години чекаат да заврши изградбата на започнатата секундарна и примарна канализација во населбата. Еден крак е завршен, вели Трифуноски но на него се…
Во однос на безбедноста на учениците беа изработени огради од страна на хаусмајсторите во училиштето, со кои подoцна беа оградени скалилата во предметна настава во која учество зеде и ликовната секција која ги обојуваше оградите. Наставниците беа стручно усовршени во уште едно поле од наставата со што се здобија со сертификати, кои се доказ за нивната континуирана и посветена работа во наставниот процес.{loadposition content9}