СДСМ: Проектите за спортот на ДПМНЕ, само мртво слово на хартија

Многу проекти на ВМРО- ДПМНЕ од областа на спортот останаа мртво слово на хартија и пуста желба, обвинија охридските социјалдемократи на денешната прес конференција.

 |  Николоска Биљана  | 
sdsm
сдсм

Охридските социјалдемократи на денешната прес конференција посочија каков е односот кон спортот на новата локална власт. Според нив, градската власт, следејки ги политиките на централната извршна власт за бркање на младите од сопствената држава, ги превзела следниве конкретни чекори: згаснување на женската фудбалска екипа, Кошаркарскиот клуб „Колибри“ бил оставен на цедило без средства за котизација и превоз, Атлетскиот клуб бил оставен сам на себе, а активностите на кајакарскиот и веслачкиот клуб биле сведени на минимум.  Портпаролот Александар Кузески обвини дека во вода паднал и проектот за изградба на затворен пливачки базен како основен предуслов за развој на пливањето и ватерполото, како водени спортови со најдолга традиција во спортскиот живот во Охрид.

kuzeski„Жалосно е за спортот во Охрид кој сме навикнале да е центар на фудбалот, кошарката, атлетиката и ракометот сега да биде на маргините на опстојувањето. Охрид во минатото со години бил домаќин на големи европски и светски натпреварувања на што единствено се должи и одигрувањето на Купот на Македонија во кошарка токму во нашиот град. За парадоксот да биде уште поголем, на манифестацијата за избор на спортист на градот, на градоначалникот Бакрачески му беше доделено посебно признание за подршка и развој на спортот во Охрид, а притоа спортските работници останаа навредени и згрозени. Охрид ги има сите потребни предуслови да стане лидер во спортскиот туризам и место каде што спортските селекции ќе ги вршат своите претсезонски подготовки. Попластично, тоа значи шанса за солиден прилив на пари, а не несреќна околност која СРЦ Билјанини Извори ќе го заглави во долгови од кои претпријатието нема да може да крене глава“- вели Кузески.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top