Бутел незгоден противник за ГРК Охрид

Охридските ракометари ги очекува предизвик наречен пласман во европските купови. Утре неопходна им е победа против ракометниот клуб Бутел, екипа која оваа сезона два пати беше подобар противник од охриѓани.

 |   | 

Незгоден ривал во незгодно време за охридските гладијатори. Помалку исцрпени и без помошта на Иван Тасески ракометарите на градскиот ракометен клуб Охрид ги очекува дуел против Бутел. За проблемите да се поголеми останаа и без омилената сала на која се навикнати и каде ги забележаа најголемите успеси.
 
„Не преместија во салата Тодор Александров во Велгошти што е мал хендикеп за нас. Нова подлога не е паркет како во Билјанини Извори, подлогата е потврда, но тоа не треба да е пречка ние да дадеме се од себе и да извојуваме победа.“ – изјави Мартин Иваноски.  

Екипата на Бутел е позната по физички доминантната одбрана. Статистиката покажува дека во нивните три победи примиле под 25 голови. За разлика од нив охриѓани во двете победи постигнале над 25 погодоци па очигледно е дека овој пат нападот ќе биде пресуден за победа. За тоа се потребни лесни погодоци од контра и полуконтра напади, како и висок процент на реализација. Со овој натпревар ќе започне вториот дел од плејофот во кој гладијаторите треба да имаат малку полесен распоред но останува чувството дека можеле да бидат подобро пласирани од моменталното 5 то место.

„Тргнавме во добро темпо издвојувавме победи над Пролет и Металург, но потоа се случија неколку киксови. Не само клубот туку и ние играчите не сме задоволни од прикажаното во првиот дел од плејофот но се надевам дека сето тоа ќе го подобриме во вториот дел и ќе стигнеме до нашата цел.“ – вели Иваноски.

Натпреварот против Бутел е закажан за утре во 14 часот а покрај на социјалните мрежи овој интересен и значаен натпревар ќе можете да го проследите и на ТВМ телевизија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top