Дел од населбата Рача е без основна инфраструктура

Дел од населбата Рача е без основна  инфраструктура

 |  Валентина Неловска  | 
Raca
Raca

Дел од населбата Рача е без основна  инфраструктура потребна за нормално живеење, се жали Сандре Трифуноски староседелец на оваа населба. Рачанци очекуваат од Локалната самоуправа да им ги реши натрупаните комунални проблеми. Дел од куќите се изградени во минатиот век, но има и понови градби. 80 проценти од  800-тината  жители од населбата Рача  живеат на септички јами, раскажува Трифуноски. Рачанци  сами изградиле водоводна мрежа, а веќе 5 години чекаат да заврши изградбата на  започнатата секундарна и примарна  канализација во населбата. Еден крак е завршен,  вели Трифуноски но на него се приклучлени само мал број жители. Поголемиот дел од населбата на која се изградени куќите а се на стрмен и тешко пристапен терен останаа неприклучени, се жали  Трифуноски. Жителите кои не се приклучени на канализацијата плаќаат по 60 денари месечно за атмосферската канализација, а по секое заврнување  дожд вода им тече по неасфалтираните сокачиња и им создаваа глаболки на жителите, укажува Трифуноски
Raca
„Проблем, се ронат камењата и кај што е стрмно, ризично е. Жена пред една недела скрши нога се лизнала на каменчињата, предходно пред неа друга падна и ја скрши раката.“

 Друг сериозен проблем кој ги мачи жителите на Рача  е  комуналниот отпад. Во  близина на нивните куќи нема контејнер за отпад. Мора да го носиме ѓубрето на определено место за службите на Комуналец да го подигаат но при тоа се создава друг проблем, се жали Трифуноски.    

 „Го подигаат во среда и сабота. Нас ни е далеку 1 км  го носам. Нема контејнер во близина и не знаеш кога ќе дојдат да го подигнат од Комуналец , дали во 10 или 12 часот. Кучињата во меѓувреме ги распарчуваат вреќите со смет. Од навечер да го носиш повторно истиот проблем.“
Raca
Од Локалната самоуправа знаат за комуналните  проблеми со кои се соочуваат жителите од Рача. Општинскиот портпарол Томе Џамтоски нагласува дека општинските служби ќе работат на решавање на проблемите иако  станува збор за дивоградби.  Во моментов ЈП  треба да изготви техничка документација и да се изготви проект со кој треба да се реши проблемот на жителите. Трасата на примарната и секундарната канализација ќе поминува низ приватен имот, објаснува Џамтоски.

„Ние претпоставуваме ќе се соочиме со проблеми од имотно- правна пририда. Ќе има проблеми затоа што тие куќи се изградени без детален урбанистички план. Но, тоа не значи дека проблемот нема да  се реши. Чекаме да се изготви техничка документација и да се пристапи кон проектот.“

Од изградбата на примарната и секударната канализација зависи и поставувањето на асфалт  на тесните улички, напоменува Џамтоски и за другиот сериозен  проблем. Додека за комуналниот отпад вели дека од ЈП Комуналец се отвортени за соработка со жителите. Комуналците се подговени да ги прифатат сите  конструктивни предлози на рачанци за подигањето на сметот.  
 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top