Апр 5, 2014

Започна програмерската битка на Codefest 2014

Започна 32 часовниот програмерски маратон Codefest 2014. Веќе втора година со ред оваа програмерска битка се случува на Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“, а под програмерската палка на тимот H-Sense, со што само се потврдува паролата на Коудфест дека тоа е настан организиран од студентите и за студентите. „На првиот настан, тоа се случи минатата година, во Февруари, учествуваа околу 70 учесници, но оваа година успеавме да го зголемиме нивото и бројот на учесници на настанот, така да самиот настан трае 32 часа, и за тие 32 часа имаме околу 28 тимови или …

Апр 5, 2014

Се одржа општинското натпреварување во Детски семафор

Традиционално и годинава во Охрид се одржа општинскиот натпревар од сообраќајно воспитната манифестација „Детски семафор.“ Оваа манифестација се одвива во два дела, теоретски, проверка на познавањето на сообраќајните знаци, правилата и прописите преку тестирање и практичен дел односно вешто возење со велосипед на уреден полигон на ул. „Кеј Маршал Тито“. Цане Георгиески претседателот на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Охрид, ја истакна важност од организирањето на една ваква манифестација.„Секоја нова генерација мораме да ја подготвуваме од најмала возраст биде…

Апр 5, 2014

Пендаровски: Македонија мора да биде земја на сите граѓани

Народот масовно бега од својата земја, иселувањето во сите региони е со масовни пропорции, малку луѓе останаа во државата, изјави кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски на синоќешната средба со охриѓани, на градскиот плоштад. Неговата изјава ја темели врз база на сите поплаки од граѓаните што досега имал можност да ги слушне во сите региони од државата вклучувајќи го и охридско – струшкиот. Пендаровски нагласи дека Македонија во сферата на економијата не само што е на дното на Европа, туку е и на дното на балканот според сите економски индикатори на меѓународните е…

Апр 4, 2014

Основците од Христо Узунов, желни за настани

  Основците од Христо Узунов го одбележаа месецот на франкофонијата. Традиционално трета година по ред учениците неуморно работеа на подготовките по повод одбележувањето на овој ден, вели наставничката по француски јазик Билјана Трајкоска. Директорот пак Тони Симоноски, потенцира дека обврска му е како прв човек на училиштето да ја реализира предвидената годишна програма, но исто така вклучил и вонредни активности, како што е денешната посетата на македонските ракометни репрезентативци.„Кај учениците има голема заинтересиреност успешно изведуваат еве веќе две години. Имаме повеќе музички то…

Апр 4, 2014

Започна решавањето на статусот на волонтерите во градинката „Јасна Ристеска“

Започна решавањето на статусот на волонтерите во градинката „Јасна Ристеска“. Директорката Розе Костоска вели дека од септември минатата година за потребите на оваа детска установа биле ангажирани 30 работници преку агенцијата за времени вработувања. Откога во јануари агенцијата ја изгубила лиценцата и згаснала работниците биле ангажирани на волонтерска основа. Од вчера започна постапката за повторно нивно времено вработување.-Ние имаме реална потреба од овие работници, дури и за повеќе од оваа бројка, но средствата моментално се тие па дел од волонтерите ќе бидат ангажирани преку агенцијат…

Апр 26, 2021

Документи од бирото за развој на образованието од охрид доставени до подрачното одделение на државниот архив

Државниот архив на република Северна Македонија, Подрачно одделение Охрид ја презеде документацијата од Бирото за развој на образованието – подрачно одделение Охрид. Станува збор за документи од Бирото за развој на образованието со гранични години од 1965 до 2000 година.

Апр 4, 2014

Промотивна тура „ Охрид 2014 “

Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира промотивна тура „ Охрид 2014 “ . На оваа тура присуствуваат претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово кои во наредните два дена ќе  ги посетат хотелските капацитети во градов, културно-историските знаменитости, формите на алтернативен туризам, руралните средини, планината Галичица, Заливот на коските, клубот за параглајдинг и др. -Јас верувам дека оваа година како пилот проект ќе успее но ќе има и конкретен бенефит како склучување…

Апр 4, 2014

Спортски акадмии за ракомет и фудбал ќе се отворат во Охрид

Од наесен две спортски паралелки за фудбал и ракомет ќе се отворат во Охрид. Пралелките ќе работат во средното општинско училиште Ванчо Питошески.  Децата  родени 1999 /2000 година кои  активно тренираат во клубовите и школите за фудбал и ракомет ќе може да се пријавуваат за упис во спортските академии. Најдобрите од нив ќе ги избира Комисија за избор на играчи составена од селектори од двата спорта.  Конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2014 /2015 година од Министерството за образование заврши, а со него се отвора можност во спортската акедемија  да се запишат 60-тина млади с…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top