Промотивна тура „ Охрид 2014 “

Општина Охрид организира промотивна тура „ Охрид 2014 “ . На оваа тура присуствуваат претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово кои во наредните два дена ќе  ги посетат хотелските капацитети во градов како и најпознатите туристички места.

 |  Јаковлева Лионела  | 
promocija
промоција

Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира промотивна тура „ Охрид 2014 “ . На оваа тура присуствуваат претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово кои во наредните два дена ќе  ги посетат хотелските капацитети во градов, културно-историските знаменитости, формите на алтернативен туризам, руралните средини, планината Галичица, Заливот на коските, клубот за параглајдинг и др.

-Јас верувам дека оваа година како пилот проект ќе успее но ќе има и конкретен бенефит како склучување на аранжмани со нашите туристички чинители, вели Апостолов.туроператори

Садик Малај, претседателот на Унијата на туроператори од Тирана потенцира дека ваквите средби значително ќе влијаат врз зголемувањето на бројот на гости кои во иднина ќе доаѓаат во Охрид.

Со помош на оваа промотивна тура и земајќи ги во предвид политиките на македонската влада за субвенционирање во областа на туризмот се зголемува и можноста за поголема соработка и поголем број туристи кои од Албанија ќе доаѓаат во Македонија. Минатата година во вашата земја донесовме од 2000 до 3000 туристи, а оваа година според нашите проценки земајќи ги во предвид овие олеснителни околности со субвенционирањето, планираме да донесеме од 7000 до 8000 туристи, рече Малај.

Турските туристички работници велат дека во Турција за Охрид малку се знае. Додаваат дека неговите убавини се бесконечни и Турција треба да дознае за нив.

-По враќањето во Анталија, ќе подготвиме телевизиски прилози за туристичкиот потенцијал на Охрид, како и репортажи во пишаните медиуми. Имате прекрасен град и езеро кое наликува на море, кои заслужуваат да бидат видени од што поголем број луѓе во светот . Во Турција најпознат град од Македонија е Скопје, наша цел е за Охрид да слушнат што повеќе луѓе и во иднина Македонија да биде препознатлива по убавините на Охрид, истакна Артим Коч, туристички работник од Турција.

Од ТЛЕР најавија дека идната година од општинскиот буџет ќе бидат издвоени повеќе средства за организирање на Промотивната тура.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top