Мај 14, 2014

„Комуналец“ интеревнираше во населбата „Крум Точко“

По налог на општинскиот инспекторат Ј.П.„Охридски Комуналец„ изврши расчистување на просторот во населбата „Крум Точко“, на потегот кај река Грашница, Лабино и станбените објекти во оваа населба. Просторот се  расчистуваше машински бидејќи беше обраснат со различни видови високи билки со трње, трева и депониран отпад. Целата вегетација е отстранета и просторот е расчистен.{loadposition content9}

Мај 14, 2014

Бегај, бегај гадуријо ете ти го Еремија…

Денес православните христијани одбележуваат еден од поголемите пролетни празници, во чест на Светиот пророк Еремија.Тој живеел шест века пред Исус Христос. Роден е во малото село Анатот во близината на Ерусалим. Уште како дете го слушнал гласот на Бога кој му одредил да биде пророк. Еремија не сакал да биде пророк, се оправдувал со тоа што уште бил мал, но не можел да ја одбие Божјата заповед. Така од 15 години станал пророк. Поради тоа што претскажал многу несреќи за еврејскиопт народ имал многу непријатности. Три пати бил затворан, а животот го завршил со каменување од неговите сонародниц…

Мај 4, 2021

Започна масовната имунизација на населението против Ковид 19 во регионалниот центар во Охрид

Во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ започна масовната вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Граѓаните и веруваат на медицината и задоволни од организацијата на процесот на имунизација па некои од ниви уште утрово ја примија првата доза на кинеската „Синофарм“ вакцина. Имунизацијата ќе се одвива според протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини. Регионалниот центар во Охрид располага со 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. Цента…

Мај 13, 2014

НП Галичица од јуни ќе почне да наплаќа влезници

НП Галичица за посетителите од јуни ќе почне со наплата на  влезници. Цените за наплатата се формирани, а влезници  ќе се купуваат во инфо центрите во Охрид и во Стење, кажува Огнен Достиноски од НП Галичица.  Влезниците ќе чинат 30 денари по лице за еднодневен престој,  за автомобил ќе се наплаќа 50 денари, а за комби и мини бус  80 денари. За посета на посебни објекти и за патеката Магаро или островот Голем град влезницата ќе чини 200 денари за еден посетител, напоменува Достиноски. Исто толку ќе чини еднодневно кампирање кое е дозволено единствено во локалитетот Корита, а за поставување …

Мај 13, 2014

Пристапниот пат до хотел Даљан неосветлен и неуреден

Пристапниот пат до извидничко и хотел Даљан, заборавен од надлежните. Бројните ветувања на градските власти години наназад, никако да се исполнат, нагласува Славица Стефаноска менаџер на хотел Даљан. Од таму постојано бараат од Локалната самоуправа пристапниот пат до хотелот да се осветли и да се расчисти од високите треви, трња и смет.„Во 21 век ние сеуште се соочуваме со некои проблеми, како што се осветлување пристапен пат што навистина не е фер, немаме еднакви услови за работа. Во Охрид туризмот како да е од Биљанини извори натаму и само некој елитен туризам, меѓута развиеноста на едно …

Мај 13, 2014

Без радио станица нема пловење

Сопствениците на пловилата со посилен мотор од 20 киловолти кои имаат подрачје на пловидба повеќе од една наутичка миља одалеченост од брегот, имаат уште половина месец да си набават опрема која им ја налага новиот правилник за пловидба. Покрај тоа што мораат да имаат аларм за високо ниво на вода во потпалубата, електрична пумпа за празнење на вода, рачна пумпа за празнење на вода од чамецот, обврзен елемент во самата опрема станува и ВХФ радио станица. -Со тоа ќе се подобри комуникацијата и ќе се подобри преносот на информациите од капетанија према учесниците во пловниот сообраќај и обратн…

Мај 13, 2014

Охрид дел од европската мрежа на градови со езера

Охрид стана дел од мрежата на европски градови со езера.  Во италијанскиот град Исео градоначалникот Никола Бакрачески го потпиша меморандумот за пристапување на семејството на езерски градови од 11 европски земји. Создавњето на  мрежа на градови со езера ќе овозможи поблиска соработка меѓу членките во областа на туризмот, културата и размена на искуства од секојневното живеење во европските градови со езера, ја  појаснува придобивката од оваа соработка преставникот од Тлер, Антонио Балески.„ Основна цел е формирање на европска мрежа на градови со езера и секако искористување  на сите потен…

Мај 13, 2014

Како се меси леб

Учениците од VI одделение од ОУ,,Св.Климент Охридски“ остварија посета на АД „ЖИТО- ЛЕБ” во корелација со преметот природни науки.Заедно со наставничката Нине Симоновска, учениците имаа можност да го видат процесот на производство на леб и бели печива. Посетија различни погони за производство и пакување на различни видови на леб, апетисани , лиснати теста, кори и ролати и секако познатите охридски варени ѓевреци. Одговорниот технолог  навистина им го привлече вниманието со детално објаснување и демонстративно покажување во  самиот процес на производство,притоа одговарајќи на прашањата од љу…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top