Мај 26, 2014

Избор за најубаво уреден двор за Денот на екологијата

По повод Денот на екологијата  05.Јуни.2014год. Женски  центар „БИСЕРА“  Охрид, објавува награден конкурс  за избор на најубаво уреден двор и стамбена површина.  Конкурсот се објавува со цел да се поттикнат граѓаните на град  Охрид да учествуват и дадат свој придонес  за  почист и поубав град, во пресрет на туристичката сезона.КОНКУРСОТ  ќе трае од  24.Мај. до 02.Јуни.2014год.Заинтересираните граѓани  своето учество  може да го пријават На телефон       264-469 секој ден од 10  до 13 часот  од Понеделник до Петок  или во  канцеларијата  на  Женски центар „БИСЕРА“Охрид, ул.Димитар Влахов бр….

Мај 26, 2014

Скопјанец „оперирал“ по охридските хотели

Поради постоење основи на сомнение дека е извршител на повеќе кражби, вчера СВР Охрид приведе и лиши од слобода 66- годишен скопјанец.Приведениот, кражбите ги извршил во периодот  од јануари до мај оваа година во повеќе хотели во Охрид при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 1500 евра.Серијата кражби ги започнал во јануари оваа година во хотелот „Милениум“ каде извесно време го следел движењето на гостите по што искористил погодна прилика и одзел една ташна со околу 6500 денари, мобилен телефон „Самсунг-галакси“ и повеќе кредитни картички. При неговото следно доаѓање во Ох…

Мај 24, 2014

Здружението „Брег на младоста“ќе помага во поплавените региони

Охридското здружение „Брег на младоста“ ќе помага на настраданите во поплавите од Србија, Босна и Хрватска. Членови на здружението, од 18 до 60 години подготвени се некаде кон средината на месец јуни да заминат во градовите погодени од катастрофалните поплави, со цел да помогнат во изградба, санација и ревитализација на просторните и животни услови на тие места. Зоран Стевоски од здружението вели дека следуваат подготовки и медицински обуки на луѓето кои ќе помагаат.„Во овој момет не можеме да тагуваме, не можеме да бидеме рамнодушни, сега е време за хуманост, солидарност и акција. Во теков…

Мај 24, 2014

Охрид ги чествува сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“

Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј со бројни свечености и манифестации. Пригодна реч за делото на словенските браќа пред споменикот на светителите одржа писателот Тоде Илиевски, а букети свежо цвеќе положија повеќе делегации од локалната самоуправа, советот на општина Охрид, како и делегации од основните и средните училишта од градов. Воедно како дел од манифестацијата, градоначалникот Никола Бакрачески им додели награди на ученици од средните и основни училишта од градов кои добиле признанија на меѓународни и државни натпревари. Професор д-р Красимира Илиевска од катедрата…

Мај 5, 2021

Да се отстранат пловните објекти од Сараиште

Општина Охрид,  упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат  од брегот кај плажата  „Сараиште“ со цел навремено расчистување на плажата  која  се очекува  годинава да е посетена од  охриѓани и   туристи од земјава и соседството.Плажата „Сараиште“  привлекува бројни посетители и капачи  пред се жители од старото градско јадро,  но и  охриѓани од останатите охридски  населби.

Мај 23, 2014

Охридските матуранти одиграа квадрил

Охридските матуранти на градскиот плоштад по 9-ти пат го одиграа  квадрилот. 450 средношколци од трите охридски  училишта танцуваа на звуците операт на Штраус „Лилјакот“, а заиграа и  салса.  Завршувањето на средното образование на сите охридски ученици им го честита градоначалникот Никола Бакрачески.   Тој им порача да продолжат со школувањето и да бидат среќни. Но,  да ги направат  и другите околу нив да се чувствуваат среќно.  „ Пред Вас е отворен нов пат кој секој посебно ќе го осмислува и ќе го поминува. Бидете достоинствени и храбри да се соочите со предизвиците кои секогаш ќе стојат …

Мај 23, 2014

„Од жени за жени“ хуманитарна акција на вработените од ЈП Нискоградба

18 жени од ЈП Нискоградба започнаа  хуманитарна акција за помош на жените од поплавените подрачја. Кафе, крем за лице и раце, шампон, пакетчина со елементарни  потреби за жените. Со подароците сакаме  барем малку да го разубавиме денот на жените од Србија, БиХ и Хрватска, раскажува Орхидеја  Топенчарова. Идејата дошла спонтано поаѓајќи од личните потреби на секоја жена. Хуманиот гест го нарекоа „ Од жени  за жени “.„ Да направиме пакетчина во кутија од кондури да ставиме тоа што мислиме дека и е потребно на една жена. Се водиме од себе си што би сакале да има во пакетчето тоа и ќе има. Ќе г…

Мај 23, 2014

Арман, македон е името на власите каде и да се

Власите не боледуваат од национализам, живеат во различни држави, секаде лојални на државата и се што направиле било резултат на заедничкото живеење, истакна претседателот на здружението „Луњина“ од Охрид Драган Коровешоски.  Денес власите од цела земја го прославуваат 23 мај, националникот ден на власите. За правата на власите зборуваше Коровешоски.„Р. Македонија е единствена држава во светот која ги признала Власите, за разлика од РМ власите во сите други држави побарале признавање при што онаму каде што се најбројни во Грција и Романија, сеуште немаат добиено нивно признавање, дури напро…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top