Скопјанец „оперирал“ по охридските хотели

Поради постоење основи на сомнение дека е извршител на повеќе кражби, вчера СВР Охрид приведе и лиши од слобода 66- годишен скопјанец.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr
свр

осомниценПоради постоење основи на сомнение дека е извршител на повеќе кражби, вчера СВР Охрид приведе и лиши од слобода 66- годишен скопјанец.

Приведениот, кражбите ги извршил во периодот  од јануари до мај оваа година во повеќе хотели во Охрид при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 1500 евра.

Серијата кражби ги започнал во јануари оваа година во хотелот „Милениум“ каде извесно време го следел движењето на гостите по што искористил погодна прилика и одзел една ташна со околу 6500 денари, мобилен телефон „Самсунг-галакси“ и повеќе кредитни картички. При неговото следно доаѓање во Охрид, кај хотелот „Дончо“ забележал поголема група странски гости. Откако влегол во хотелот, извесно време го опсервирал нивното движење. Во момент кога еден од гостите оставил ташна на масата, приведениот вешто ја одзел. Во ташната имало видео камера марка „Панасоник“ и неколку патни исправи. Тој, на сличен начин извршил кражба и во хотелот „Силекс“ каде влегол за време на доручек. Тука, забележал како една гостинка ја остава својата чанта на стол по што,разговарајќи на мобилен телефон, се приближил до чантата во која имало 400 евра, мобилен телефон, кредитни картици и лични документи и ја одзел сокривајќи ја под јакна што ја држел во рацете.

корсаНа идентичен начин, сега притворениот кражба извршил во хотелот „Милениум“ каде, за време на доручек ја искористил раздвиженоста на гостите во ресторантскиот дел.  Се фокусирал на чанта оставена на маса и искористил момент на оддалечување на сопственикот и ја одзел. Во украдената чанта имало 700 евра, мобилен телефон „Нокиа“, фото апарат, кредитни картици и други документи, информира портпаролот на СВР Охрид, м- р Стефан Димоски.

Димоски додава дека пријавениот при секое доаѓање во Охрид со неговото патничко возило „Опел-Корса“ најнапред вршел обиколка по хотелите, а потоа се одлучувал каде ќе изврши кражби. Одземените предмети ги продавал на „Бит-пазар“, а патните исправи, документите и лични предмети ги фрлал во контејнер или по пат за Скопје.

Лицето било приведено откако по обиколка низ охридските хотели го паркирало своето возило во близина на хотелот „Инекс Горица“. Против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top