Како еден турист да стигне до Билјанини извори? Ова не е наградно прашање туку прашање кое си го поставуваат туристите, но и охриѓани кои често го посетуваат ова место кое е едно од обележјата на градот. Нема патокази, нема ниту некоја табла која ќе асоцира дека натаму води патот до изворите каде Билјана го белела своето платно.-Јас многу често доаѓам овде и секогаш доаѓајќи си размислувам како еден турист би стигнал до Билјанините извори. Срамота е за градот за едно вака значајно место да нема никакво обележје, вели една наша сограѓанка.-Ова е уште еден доказ за нашата негрижа за значајнит…
Денес се воспостави бродската линија Охрид- Поградец. Пред тргнувањето на бродот „Александрија 2“ со кој се реализира ова патување, се одржа мала свеченост на охридското пристаниште, со сечење на лента. Присутните уживаа во звуците на охридската староградска песна на ансамблот „Билјана“ како и во настапот на подмладокот на КУД „Гердан“. На промотивното патување покрај многу видни луѓе од градов присуствуваа Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кои на пристаништето во Поградец беа пречекани од албанските колеги, Министерот за транспорт…
Срушена огрaдата пред Долни Сарај. На овој простор Локалната самоуправа ќе гради паркинг простор наменет, како што кажуваат, за жителите на Варош. 30-тина паркинг места ќе добијат жителите кои од неодамна не смеат да паркираат околу источниот и јужниот дел од црквата Св. Софија. Граѓаните ќе добијат доволно, бесплатни паркинг места за нивни потреби. Секое паркинг место ќе биде обележано со број и жителите точно треба да знаат кое место им припаѓа. Зеленилото и дрвјата нема да се сечат. Само ќе се оплеменува овој простор и ќе се постават бекатон плочки, најавува директорката на ЈП Комуна…
Од 23.00 часот (10.05.2021) до 05.00 часот (11.05.2021) констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (10/11.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 449 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
Од денес Охрид и албанскиот град Поградец поблиску еден до друг. Овие два езерски града години наназад правеа напори да се поврзат преку воден сообраќај. Од охридското пристаниште исплови бродот „Александрија 2“. Конечно се реализира долгонајавуваната бродска линија Охрид- Поградец. На бродот се наоѓаа видни луѓе од градов како и министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски. Пред тргнувањето на бродот, се одржа мала свеченост на охридското пристаниште, со сечење на лента. Присутните уживаа во звуците на охридската староградска песна на ансамблот „Билјана“ како и во настапот на подмл…
Започнуваат подготовките за реконструкција на некогашната ограда околу црквата Св. Софија. Каменорезците веќе на големо работат на делкање камени блокови од кои ќе се гради ѕидот. Камената ограда ќе биде во должина од 130 метри, висока 50 цм, а ќе биде надоградена со ковано железо. Каменот се носи од Горна Белица. Нема податоци кога е подигната првичната ограда, но била срушена некаде кон крајот на 70 години од минатиот век.
Проектот е на Завод и Музеј и локалната самоуправа, а финасиите ги обезбедува Македонската православна црква, ги појаснува проектните зафати Анита Пејчиноска архи…
Генерацијата матуранри 1964 од Гимназијата Св. „Климент Охридски“ го одбележа својот 50 годишен јубилеј. Дваесет некогашни ученици заедно со нивниот класен раководител Зарко Баче евоцираа спомени за нивните школски денови, за сите згоди и незгоди, скриени љубови.
Во саботата претпладнето се собраа на класен час а вечерта прославија во ресторанот „Далга“. Тие се договорија ваквите дружби да ги практикуваат почесто бидејќи тоа им дава еден поголем смисол на нивните пензионерски денови.
{loadposition content9}
200 столови и 50 угостителски маси беа подигнати при акцијата што ја спроведе Општинскиот комунален инспекторат. Ова следуваше поради непочитување од страна на голем дел од угостителите на одлуката која беше донесена уште во зимскиот период од Локалната, а со која сите беа обврзани да достават барања за поставување урбана опрема до Секторот за урбанизам најдоцна до 15 април оваа година. Од општинскиот инспекторат после овој рок спровеле акција и уште еднаш на терен ги опоменале сите кои немале доставено барања во рок од 15 дена да го направат тоа, но и покрај тоа голем дел од угостителите…