Јул 19, 2014

Зачестија дефектите во Охрид

Ова е трет поголем дефект за само два дена на подрачјето на општина Охрид. Синоќа жителите на улиците „Гоце Делчев“, „Дејан Војвода“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“, „Стив Наумов“, „Јабланица“ и делови од булеварот „Туристичка“, до нешто после полноќ останаа без вода. Интервенцијата траела до доцна во ноќта затоа што  пукнала цевка со димензии Фи 300 и целата морала да биде заменета. И овој пат како и во претходните случаи со дефектите кај  Енерго Центар на ЕВН и наспроти СВР Охрид, кога жителите во реонот останаа без вода, директорот на МЈП Проаква Томе Паскалиев недостапен за јавноста. Д…

Јул 19, 2014

Паркингот во Охрид поскапи или не

Дел од паркинзите од  зона Б, со одлука на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“, префрлени во зона А. Со тоа практично, паркирањето на најголем дел од паркинзите во градов поскапува иако не е променета цената  за паркинг место со одлука на совет. Граѓаните  реагираат дека  не се информирани кои паркинзи се префрлени во зона А каде што се наплатува по 30 ден за час. И што е уште поважно, дали Управниот одбор на јП, може, со одлука сите паркинзи од зона Б да ги префрли во поскапата зона без за тоа да побара амин од градските советници.Од ЈП „Билјанини Извори“ не излегоа во јавноста со инф…

Јул 19, 2014

Две локации во игра за изградбата на градската марина

Утврдувањето на конечната локација за изградба на градската марина е при крај, најавуваат од локалната самоуправа. Реализацијата на овој проект кој долги години наназад се најавува, според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ќе добие финансиска поддршка од Владата, односно средства од буџетот на Република Македонија. За изградба на марината, во моментов се одлучува помеѓу две локации.„Во оптек се две локации, едната е локацијата во централното градско подрачје до старото градско пристаниште и втората локација е некаде околу каналот „Студенчишта“ за кои што треба да се остварат и нек…

Мај 18, 2021

Започнуваат уписите во летната сликарска школа во здружението Тактус

Здружението Тактус за развој на културните и уметничките вредности кај најмладите ги отпочна уписите за летната сликарска школа. Здружението постои 5 години со цел да го подигне интересот за уметноста и културата за деца на возраст од 7 до 15 години. Младите се интересираат за активностите кои ги организираат низ музика, театар, куклен театар, а од минатата година организираат и сликарска школа, инфомира Снежана Попов, претседател на здружението Тактус. „Недостасуваат активности ние се трудиме уметноста со сите елементи да ја доближиме поблиску до децата. Организиравме концерти кои се безп…

Јул 18, 2014

Бурна седница на охридскиот Совет

Бурна седница на охридскиот Совет. Обемниот дневен ред од 74 точки беше надополнет со уште 3 точки, по предлог на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески. Предлог одлука за добивање согласност на одлуката за усвојување на физибилити студијата за ЈП Градски Пазар, предлог одлука за започнување на повторена постапка за доделување на договор за воспоставување на ЈПП за изградба на затворен пазар во Охрид и предлог одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на ценовникот на услугите на ЈП „НИСКОГРАДБАОХРИД“ Охрид. Овие предлог одлуки неприфатливи од страна на опозициските сове…

Јул 18, 2014

Четкар му го честита роденденот на Аквариус со извонреден концерт

Како подарок за 23тиот роденден на култното охридско кафуле “Аквариус“, синоќа свој концерт одржа светски познатиот џез гитарист Владимир Василески – Четкар, охриѓанецот кој со својата гитара и насмевка го плени светот. Негово музичко друштво синоќа беа и Оли Јосифовски на бас и Гоце Стевковски на тапани. Веќе неколку години наназад Четкар, еден од најперспективните домашни џез музичари, на овој ден настапува во „Аквариус“ а покрај многубројната охридска публика еден од неговите најверни фанови е и Претседателот на република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Синоќа пред публиката Четкар се претста…

Јул 18, 2014

Актерите со „Многу врева за ништо“ ќе внесат позитивна енергија кај гледачите

Драмата  „Многу врева за ништо“ е вечерашната претстава на актерите од НУ „Театар Комедија“. Шекспировата комедија напишана во 1598  година  се однесува и на времето денес. Станува збор за претстава  која бара силна физичка и психичка подготовка на актерите,  брза игра и менување на жанровите, кажува режисерот Дејан Пројкоски.  Благодарение на оваа прекрасна екипа успеавме да созададеме една храбра и радикална Шекспирова претстава која се поигрува со жанровите. Започнува со една гротеска, интересна комедија, за потоа  да влеземе во трагедија, па пак преку гротеска која ја создаваме на сцена…

Јул 18, 2014

Противпожарната единица од Охрид доби нова опрема

Противпожарната единица од Охрид доби нова опрема. Преку донација од противпожарната од  Лејден -Холандија пожарникарите добија заштитни одела, чизми и наочари со кои ќе се зголеми нивната безбедност при гаснење на пожари.-Ваква опрема не ќе можевме уште многу години да набавиме, тоа не ќе можеше да го стори ниту Локалната бидејќи е многу слкапа. Едно одело чини 1500 евра. Оваа опрема е користена, но е од 2009, 2010 и 2011год., а онаa која ја имаме ние е стара 20год. А сепак со неа пожарникарите одеа на интервенции. Затоа оваа донација за нас многу значи, вели Спасе Прентоски, командирот на…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top