Паркингот во Охрид поскапи или не

Не поскапел паркингот во Охрид, уверува секретарот на општината Димитар Спасески. Охриѓани и гостите плаќаат поскап паркинг затоа што ЈП Билјанини Извори дел од паркинзите кои беа во зона Б ги префрлило во зона А каде се наплатува поскапо за час паркирање. Советниците од опозицијата реагираат дека тоа не може да се направи без одлука на совет и дека се манипулира со граѓаните и нивните пари.

 |  Николоска Биљана  | 
parking
паркинг

parkingДел од паркинзите од  зона Б, со одлука на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“, префрлени во зона А. Со тоа практично, паркирањето на најголем дел од паркинзите во градов поскапува иако не е променета цената  за паркинг место со одлука на совет. Граѓаните  реагираат дека  не се информирани кои паркинзи се префрлени во зона А каде што се наплатува по 30 ден за час. И што е уште поважно, дали Управниот одбор на јП, може, со одлука сите паркинзи од зона Б да ги префрли во поскапата зона без за тоа да побара амин од градските советници.

Од ЈП „Билјанини Извори“ не излегоа во јавноста со информација, точно кои паркинзи и на кои улици се префрлени во зона А. На таблите импровизирале со лепенка, на која што пишува зона Б, а со лепенка прикриена е и цената од 20 ден и над неа залепена е нова цена со 30 ден.

parkingСоветниците на опозицијата со реакција околу промената на зоните. Дејан Блажески од ЛДП вели дека тоа е класична манипулација со граѓаните и нивните пари. Зоните во градот се утврдени со одлука на совет и истите можат да се менуваат само со донесување одлука за измени на предходната одлука, дециден е Блажески.

„Очигледно е дека сакаат да дособерат плус пари за да можат да го вратат во нормална состојба работењето на ЈП, но неможете вие да ограбите банка и да ги дадете парите и да се вадите позади тоа. Уште повеќе кога флагрантно се крши статусот и она што е како ингеренција на Советот, првенствено во најмала рака, ако беше ова одговорна општина, градоначалник и служби, ќе дадеа информација до граѓаните и до сите јавни гласила, дека има промена на зоните и врз основа на тоа во најмала рака граѓаните првенствено ќе беа информирани. Не го направија тоа повторно го скокнаа Советот а веројатно и ова мнозинство ќе биде познато и оваа локална власт како луѓе кои што работат надвор од прописите и процедурите и Советот како една највисока инстанца на Локалната самоуправа е повторно скокнат“ – нагласи Блажески.

parkingСекретарот на општина Охрид, Димитар Спасески смета дека прашањето за промената на зоните на паркирањето во градов не го засега Советот на општината.

„Од она што јас сум информиран од страна на директорот на ЈП, можете и вие многу подобро да го прашате и него, но можам да дадам информација во делот кој што сум јас сум информиран и кој што сигурно е така. деновиве во медиумите се изнаслушавме еден куп шпекулации дека паркингот е поскапен тоа не е точно туку Советот ја утврдува цената на чинење на паркинг место и како што знаете нема нова одлука на Советот за воспоставување на нова цена на паркингот. ЈП со оглед на тоа што на сила е стапен летниот режим, со одлука на Управниот одбор ја има утврдено во зона А што значи дека тоа е прашање што не го засега Советот и ЈП функционира по свој принцип“ – вели Спасески.

И како што кажа секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, најдобро ќе биде директорот на ЈП, Ристе Мише, да даде информација околу сите прашања на јавноста поврзани со работењето на претпријатието. Но, директорот е недостапен за изјави. ТВМ 10 тина дена се обидува да стапи во контакт со директорот Ристе Мише но нашите обиди останаа безуспешни а јавноста покуса за информации.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top