Авг 4, 2014

Започнува конзервацијата на фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта

Започнува конзервацијата на фрескоживописот во црквата СВ. Богородица Перивлепта. Конзерваторското одобрение е добиено и најавено е дека околу 15ти август ќе се отпочне со работа.  На реализацијата на проектот се ангажирани конзерватори од Македонија и двајца експерти од УНЕСКО кои во Охрид треба да пристигнат на 1ви Септември.-Се надеваме дека со оваа конзервација конечно ќе се стави крај на оние зборувања дека живописот во Перивлепта пропаѓа, се рони и го губи својот пигмент. Се надеваме дека со оваа конзервација ќе се направи најдоброто бидејќи отстранети се сите  причини кои придонесоа …

Авг 4, 2014

Панорамскиот автобус засега вози само холандски туристи

Единствениот панорамскиот автобус во градов засега вози  само холандски гости. Туристичките тури  за холандските гости ги организира агенцијата „Ohridholidays“ која го има изнајмено од ЈП Билјанини извори,  во чија сопственост е автобусот.  Оваа година за првпат„Ohridholidays“ се  организатори на туристички разглед  на градот во кои е вклучена понудата превоз со панорамски автобус од хотелите до градскот пристаниште. Тие организираат патување со брод до Св. Нуам, а до пристаништето пристигнуваат со двокатниот автобус. Гостите се задоволни и покажуваат голем интерес да се возат со него, напо…

Авг 2, 2014

Изложба на Емел Махмуд во куќата на Робевци

Синоќа во куќата на Робевци беше отворена првата самостојна ликовна изложба на Емел Махмуд. Како што кажа уметникот Никола Николоски за делата на Емел, публиката нема видено досега вакви неоткриени дела. Додаде, дека Емел сликите ги чувала само за себе бидејќи нејзиниот сензибилитет не и дозволувал своите дела да ги покаже во јавноста.„Преку доста голем број на разговори ние успеавме да ја натераме на некој начин да отвори своја изложба во прекрасната куќа на Робевци во Националниот Музеј и ова е една прекрасна можност да ги видиме нејзините слики кои со години биле скриени во нејзината куќ…

Авг 2, 2014

Илинден одбележан во Охрид

Македонија и Охрид знае кое е значењето на втори август, рече градоначалникот Никола Бакрачески на денешното чествувањето на Денот на републиката. Тој на сите македонци каде и да се им го честита најголемиот македонски празник и истакна дека денес живееме во време кога еден мал народ по број, но голем по душа се уценува да биде обезличен и идентитетски избришан и да се откаже од заветот кој го дадоа нашите предци пред 111 години и пред 70 год на двата Илиндена од заветот  за кој тие крвареа и страдаа.„Денес во овој нов милениум во време на модерен живот прогрес и просперитет на нациите и вр…

Авг 2, 2014

Извонредните Voca People ја воодушевија публиката на Антички

Антички театар синоќа исполнет до последно место. Израелскиот вокално-театарски состав, Вока пипл, не остави никого рамнодушен. Нивното извонредно а-капела пеење во комбинација со модерните звуци низ бит бокс, ја крена на нозе публиката на антички, а во нивниот настап особено уживаше помладата популација. Нивната програма насловена како „Историјата на музиката во 5 минути“, се состоеше од музика од филмовите „Вљубени момчиња“, „Жени во лов“, „Класични времиња“, „Титаник“, вклучуваше изведба на најпопуларните опери, евергрини но и повеќе стилови на поп, рок, соул, ритам и блуз, па дури и еле…

Мај 20, 2021

20 мај – Ден на пожарникарството во Македонија

Денес пожарникарите го одбележуваат нивниот ден. На овој датум во 1836 година во Битола бил формиран првиот противпожарен одред. Пожарникарство — професија која има за цел згаснување и спречување на ширење на пожар во згради, возила, шуми и слично. Лицата кои го прават тоа се нарекуваат пожарникари. Тие имаат за цел да го заштитат општеството, животите и имотот од настанат пожар, но исто така пружат и друг вид на помош. Оваа професија бара високо ниво на тренинзи. Првите професионални противпожарни служби во Македонија се појавиле во 1836 година.

Авг 2, 2014

Маратонците и едриличарите денес во духот на „Илинден“

Како поубаво да се одбележи Денот на  републиката од она што денес пливачите на Илинденскиот маратон и едриличарите на Илинденската регата го приредија и за себе, но и за сите љубители на овие два спортови. Охриѓани, но и сите туристи ја имаа можноста денес, да ги проследат овие два традиционални спортски настани, кои години наназад со својата елегантност привлекуваат внимание. „Убава традиција, убаво и за градот и за гостите да видат.“„Јас мислам дека е соодветно на денот, и ми се допаѓа. И во Скопје што успеав сабајле да видам на телевизија, се ми се допаѓа, организацијата е на висина.“„В…

Авг 1, 2014

Крвава тепачка на тинејџери во Охрид

15 тинејџери од Скопје физички се пресметувале синоќа на Kеј Маршал Тито . 10 минути после полноќ  дошло до  тепачка меѓу две групи тинејџери од Скопје, во која на  едно лице му биле нанесени убодни рани од нож. Избодениот тинејџер бил пренесен во Медицински центар Охрид, каде му била извршена хируршка интервенција и е задржан на понатамошно лекување. СВР го потврдува настанот. Портпаролот Стефан Димоски вели дека веднаш излегле на лице место на настанот и презеле активности за расветлување на случајот што резултирало со откривање на сторителите.„Во текот на денешниот ден СВР Охрид ги идент…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top