Изложба на Емел Махмуд во куќата на Робевци

Прва самостојна изложба на охриѓанката Емел Махмуд.

 |  Николоска Биљана  | 
izlozba emel
изложба емел

izlozba emelСиноќа во куќата на Робевци беше отворена првата самостојна ликовна изложба на Емел Махмуд. Како што кажа уметникот Никола Николоски за делата на Емел, публиката нема видено досега вакви неоткриени дела. Додаде, дека Емел сликите ги чувала само за себе бидејќи нејзиниот сензибилитет не и дозволувал своите дела да ги покаже во јавноста.

„Преку доста голем број на разговори ние успеавме да ја натераме на некој начин да отвори своја изложба во прекрасната куќа на Робевци во Националниот Музеј и ова е една прекрасна можност да ги видиме нејзините слики кои со години биле скриени во нејзината куќа“ – нагласи Николовски.

izlozba emelСликам во сув пастел вели уметничката Емел Махмуд која прв пат се појавува со самостојна изложба во Охрид. Нејзиниот мотив е љубовта кон сите народи, природата, животните и се што постои во светот.

„Инспирација добивам од убавиот Охрид од природата и се запазени дервишите од Мевлана, со моја имагинација се трудам да ја претставам нивната безгранична љубов кон Бога и кон универзумот преку форма боја и линија“ – појаснува Махмуд.

Самостојната изложбата на уметничката Махмуд има 22 слики, кои во куќата на Робевци ќе бидат изложени до 8 ми август, така што сите љубители на ликовната уметност во тој период ќе можат да ги погледнат. Инаку уметничката Махмуд основното образование го стекнала во ОУ „Братство и единство“. Со средно образование продолжува во гиманизјата „Св. Климент Охридски“,по што се запишува на факултет за ликовни уметности на универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како наставник по ликовна уметност во ОУ „ Братство и единство“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top