Започнува конзервацијата на фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта

Кон средината на месецов започнува конзервацијата на фрескоживописот во црквата СВ. Богородица Перивлепта.Се надеваме дека со оваа конзервација ќе се постигнат резултати бидејќи отстранети се сите  причини кои придонесоа за продор на влага во црквата, вели Тања Паскали Бунташеска, директорката на Завод и музеј. Од септември ќе се работи и на конакот и на камбанаријата.

 |  Јаковлева Лионела  | 
perivlepta
перивлепта

Започнува конзервацијата на фрескоживописот во црквата СВ. Богородица Перивлепта. Конзерваторското одобрение е добиено и најавено е дека околу 15ти август ќе се отпочне со работа.  На реализацијата на проектот се ангажирани конзерватори од Македонија и двајца експерти од УНЕСКО кои во Охрид треба да пристигнат на 1ви Септември.перивлепта

Се надеваме дека со оваа конзервација конечно ќе се стави крај на оние зборувања дека живописот во Перивлепта пропаѓа, се рони и го губи својот пигмент. Се надеваме дека со оваа конзервација ќе се направи најдоброто бидејќи отстранети се сите  причини кои придонесоа за продор на влага во црквата, вели Тања Паскали Бунташеска, директорката на Завод и музеј.konak

Бунташеска објаснува дека веќе во завршна фаза е конзервацијата на архитектурата на црквата. Се изврши санација на покривот, а моментално се доработуиваат дренажните канали околу црквата и се дообработува просторот во тремот . Се очекува за една недела комплетно да завршат архитектонските работи.

Веќе подолго време се правеа испитувања и анализи  затоа се оддолжи конзервацијата на архитектурата на црквата. Околу три години  кровот беше отворен, се направи наткров кој допринесе оние делови кои беа влажни да се вентилираат и исушат така да новиот кров е направен на комплетно сува површина па мислам дека и конзервацијата на фрескоживописот ќе оди без проблеми, вели Бунташеска.

Од 1ви септември се очекува да започнат и градежните работи на конаците и на камбанаријата. Проектите за ревитализација на овие објекти се завршени и за нив има конзерваторско одобрение така да штом поминат потребните тендерски процедури се започнува со работа на терен. Во приземјето на конакот ќе се прави санитарен чвор, како и простории за продавање сувенири, рекламен материјал и свеќи. На горниот кат ќе има една просторија за библиотека и за бифе кое ќе биде поврзано со отворената површина надвор. камбанаријаДодека пак на камбанаријата ќе се смени само кровот бидејќи во еден период на него било интервенирано и бил малку спуштен. Сега ќе се враќа во првобитната состојба и ќе биде повторно во вид на ѕвоно. Ќе се превземат и санациони мерки на кулата на камбанаријата. Камбаните остануваат истите. Едната тешка 2300кг датира од далечната 1923 год. и е подарок од научникот Михајло Пупин.
За партерното уредување на дворната површина уште малку ќе се почека. Ќе се вршат дополнителни археолошки истражувања по што целиот тој простор ќе биде поплочен и оплеменет. Само за потсетување сите овие проекти се реализират со пари од добиениот грант од 650 000 американски долари од американската амбасада кои беа одобрени пред повеќе од четири години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top