По седми пат Француска вечер на „Охридско лето“. По тој повод вечерва концерт ќе одржат пијанистите од Франција – Уго Леклер и Елен Котино-Коен.Леклер е француски пијанист кој изградил многу успешна кариера, настапувајќи во најпрестижните концертни сали со реномирани оркестри. Дипломирал пијано, музичка теорија и камерна музика со високи одликувања. Настапува како солист и камерен музичар, а неговиот репертоар го сочинуваат дела од речиси сите епохи. Вечерва заедно со својата колешка ќе изведат дела од Дебиси, Пуланк и Стравински.-Навистина сум среќен што имам прилика да го откријам фестив…
Полициски службеници и граѓани синоќа патролираа низ Охрид. Заменик градоначалникот Ангел Јанев, претставници од секторот за образование во локалната самоуправа, претставници од урбаните заедници, од училишните одбори, од советот на родители, наставници, репрезенти од советодавните групи на граѓани и други заинтересирани институции, синоќа посетија повеќе угостителски објекти и места каде во изминатиов период се случиле кривични дела и прекршоци. Овие заеднички патроли се дел од проектот „Соседска патрола“ кој го спроведува МВР.-Сите што беа поканети на синоќешната патрола сите ја прифати…
Општина Охрид ги поканува месните заедници, и сите заинтересирани правни и физички лица на јавна расправа која ќе се одржи утре, 12ти август, со почеток во 13 часот, во малата сала на општината. На јавната расправа ќе се презентираат капитални инвестициски програми и тоа:- рехабилитација на неколку улици и два локални патни правци- набавка на специјална опрема за ЈП Охридски Комуналец- и аплицирање на Општина Охрид во рамки на проектите кои се финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка.
{loadposition content9}
Со донација од поранешни ученици, во ОУ Григор Печичев ќе се доопремат санитарните јазли во старата зграда. Трисеттина ученици од генерацијата 1948/49 собраа парични средства во висина од околу 1500 долари за да го поправат осветлувањето во училишните тоалети. Александар Сталески кој живее во Индијана, САД, вели дека тој и неговите соученици се вклучиле во акцијата секој колку што може. Ние имаме должност кон училиштето кое засекогаш е во нашите спомени, да бидеме општествено одговорни и да ги подобриме условите во училиштето, во кое сега учат нашите внуци.„ Мене ми е чест и задоволств…
Раководството на охридските социјалдемократи на работна средба во нивните австриски колеги од социјалдемократската партија. Австријците биле детално запознаени со моменталните состојби во СДСМ во услови на вонпарламентарни активности. Австриските социјалдемократи изразиле поддршка за нивните колеги во како што велат од СДСМ, нивните напори за демократизација на општеството, надминување на политичката криза и нормализација на политичките состојби. Австријците изразиле надеж дека политичките субјекти во земјава ќе постигнат одржлив политички договор. Двете делегации ја искористиле средбата да…
Денес на градскиот плоштад Охрид, претставници од локалната самоуправа, претставници од Советот на општина Охрид, како и директорите на основното и средното училиште кое го носи името на светецот, се поклонија пред споменикот на Свети Климент. Делегациите положија свежо цвеќе пред заштитникот и патрон на градот, Свети Климент Охридски. Ова е само дел од настаните со кои годинава се одбележува големиот празник Свети Климент летен. Вечерва е вториот ден од Меѓународниот фестивал на духовна музика „Тебе поем-Св.Клименте“ кој оваа година е подржан и финансиски помогнат од Локалната самоуправа и…
Едриличарите бараат сидришта и услови за развој на спортот.
„Со едрилици до зелено езеро“ е концептот на едриличарите од Охрид Го сакаат едриличарството, екологијата, се грижат за Охридснкото езеро, но немаат соодветни услови за развој на овој мошне значаен спорт на вода. Тие бараат едрилиците да добијат соодветен третман, како еколошки пловила. За стимулирање на набавка на едрилици наместо глисери и јахти, првенствено да се намалат царинските давачки.
„Царинските давачки се околу 33 %. Ние доставивме барање до надлежните институции посебно за едирилиците да се ослободат од царина и …
Младите невработени лица од Охрид имаат можност за професионална обука за баристи и бармени. Туристичкиот кластер ЕДЕН од Охрид објави јавен повик за таа цел, а во насока на подобрување на квалитетот на услугите во угостителството.
Кандидатите, наредната сабота, на 16 Август 2014та година со себе треба да понесат лична карта, картон од Агенцијата за вработување, копија од диплома за завршено образование како и копии за дополнителни курсеви доколку ги имаат и да се појават на јавниот повик, во големата сала на вториот кат од Агенцијата за вработување во Охрид, со почеток од 13 часот.
Критер…