Авг 14, 2014

Двете охридски високообразовни институции денес ги отворија вратите за упис на новите студенти

Охридските високообразовни институции, Факултетот за туризам и угостителство и Универзитетот за информатички науки и технологии денес им ги отворија своите врати, но и вратите кон иднината на кандидатите за новата учебна година. Ако се земат предвид бројките со кои веднаш по затворањето на првиот уписен ден од првиот уписен рок, охридските високообразовни институции можат да бидат задоволни до овој момент од интересот на кандидатите. А тие, секој со различни очекувања и причини зошто го одбрале својот факултет.„Да продолжам колку да имам некоја основа, диплома за завршено образование.“-рече…

Авг 14, 2014

Поезијата е важна за малите земји

Поетите Патрик Котер и Тања Бакиќ се дел од  учесниците на овогодинешната Поетска ноќ во Велестово.  Покрај нив, на интернационалната вечер ќе се чита поезија и од словенечката поетеса  Барбара Погачник. Тие се дел од интернационалната вечер на манифестацијата воведена пред 6 години, а која  привлекува силно внимание кај странските поети. Ирскиот поет Патрик Потер е втор пат на оваа манифестација, а за Македонија дознал повеќе од Струшките вечери на поезијата. Тоа е доказ колку поезијата може да биде силно маркетиншко оружје за да се знае повеќе за една земја. Ирска е исто така мала земја к…

Мај 21, 2021

Решение за отстранување на времените објекти во автокамп Градиште по вонредната инспекција

Градежните инспектори од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид на 19ти мај извршиле вонреден инспекциски надзор во автокампот „Градиште“ со увид на лице место согласно Законот за градење и Законот за инспекциски надзор.“Извршен е комплетен надзор на 15 автокамп приколки, при што се затекнати бетонски подлоги, метални настрешници, целосно затворање на автокамп приколките со лим, дрво, алукобонд и водоотпорни гипс картон плочи. Затекнати се недозволени дрвени и метални конструкции и времени објекти. На одредени локации се затекнати и приклучоци за водоводна мрежа, канализациона …

Авг 14, 2014

Премиера на албанскиот театар со претставата „Предавање“

Утревечер премиера на претставата Предавање на албанскиот театар на текст од  Мартин Мек Донах. Предавање е приказ на 4 човечки драми. Станува збор за црна комедија од обичното секојдневие. Ова е претстава е слика на времето во кое живееме, со сите недостаоци и проблеми, со сите радости и таги. Црната  комедија преку карактерите , преку комична реплика  во една трагична ситуација успева да третира и изнесе на површина комична ситуација од најтрагичен начин  имајќи во себе вистинско емоционално доживување.  Актерите се задоволни што повторно играат претства на Охридско лето. „ Секоја година …

Авг 14, 2014

Се анкетираат гостите и туристичките работници

И ова лето туристичките работници, странските и домашните гости , а и граѓаните ќе можат да си ги напишат маките на хартија. ТЛЕР изготви формулар на кој сите субјекти кои се вклучени во туризмот, а и гостите ќе можат да ги стават своите забелешки и да кажат од што се, а од што не се задоволни. Анкетата не е класична со точно утврдени прашања туку секој може да наведе повеќе забелешки доколку ги има.-Генерално анкетните прашалници се исти како и минатата година со мали модификации кои ги направивме врз основа на тековната состојба во туризмот, вели Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР.Од ТЛЕР…

Авг 13, 2014

УХМР смирува-жолтата фаза значи само малку повисоки температури од нормалните

Охриѓани денес ја почувствуваа жолтата температурна фаза, прво вакво предупредување за ова лето. Но, она што се чини како нормално покачување на температурите, во најголемиот дел од медиумите беше сензационално најавено како алертна или алармантна фаза што секако може да ги вознемири граѓаните. Но, причина за паника, барем според зборовите на одговорните од Управата за хидрометеоролошки работи, во моментов нема. Тие појаснија дека постојат четири нивоа со кои тие го опишуваат интензитетот во однос на материјални штети и опасност по човечки животи. Ги запрашавме што точно значи моменталната,…

Авг 13, 2014

Управата за јавни приходи повторно со новитети

Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10 милиони денари, треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат фискален апарат со GPRS уред. Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година. Од УЈП велат дека постапката на регистрација на фискалниот апарат отсега ќе трае само 10 минути, наместо како досега од 3 до 5 дена, затоа што ќе се врши размена на податоците помеѓу сервисниот центар од каде обврзникот ќе ја купи фискалната каса и системот на УЈП. Со воведувањето на новите фискални каси Управата за јавни приходи стартува со он-лајн следење на г…

Авг 13, 2014

Олдтајмер ревија Охрид 2014

Изложбата на 40 –те историски возила произведени до осумдесеттите години ќе се одржи на три локации во градот, кај Чинарот, на шеталиштето и плоштадот Св. Климент Охридски. На изложбата на која најстариот автомобил ќе биде од 1931 година, посетителите ќе имаат можност да ги запознаат и олдтајмерите на екипите од соседните земји. Покрај изложбениот дел , вљубениците на олдтајмерите ќе имаат можност да го проследат и ревијалното возење во сабота, 16 август, од 14:30 часот до месноста Св. Наум и 20:30 часот до хотелот Инекс Горица. Ревијата е од меѓународен карактер, а учество ќе земат екипи о…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top