• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Решение за отстранување на времените објекти во автокамп Градиште по вонредната инспекција

Решение за отстранување на времените објекти во автокамп Градиште по вонредната инспекција

Бетонски подлоги, недозволени дрвени и метални конструкции и времени објекти затекнале градежните инспектори при вонредниот надзор во автокампот Градиште. „Констатираната моментална состојба е надвор од сите одобрени проекти и законски прописи, стои  во записникот врз основа на кој Одделението за инспекциски надзор донесе Решение за отстранување на времените објекти.

 |   | 


Градежните инспектори од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид на 19ти мај извршиле вонреден инспекциски надзор во автокампот „Градиште“ со увид на лице место согласно Законот за градење и Законот за инспекциски надзор.

“Извршен е комплетен надзор на 15 автокамп приколки, при што се затекнати бетонски подлоги, метални настрешници, целосно затворање на автокамп приколките со лим, дрво, алукобонд и водоотпорни гипс картон плочи. Затекнати се недозволени дрвени и метални конструкции и времени објекти. На одредени локации се затекнати и приклучоци за водоводна мрежа, канализациона мрежа и електрична енергија.“- информираат од локалната самоуправа.

Инспекторите констатирале дека субјектот кој стопанисува со автокампот „Градиште“ не поседува одобрение за поставување на времени објекти, решение за изведба на платформи изведени од дрвена и метална конструкција и решение за изведба настрешници кои се поставени над автокамп приколките, за што изготвен е записник и фотодокументација.

Констатираната моментална состојба е надвор од сите одобрени проекти и законски прописи. Врз основа на тоа, Одделението за инспекциски надзор донесе Решение за отстранување на времените објекти, платформите, настрешниците, армиранобетонските плочи, плочите од бекатон плочки, според член 134 и член 135 став(1) алинеа 3 од Законот за градење. “ – соопштија од локалната.

Од таму најавуваат спроведување на инспекциски контроли во автокампот „Градиште“ и на останатите автокампови на крајбрежјето на Охридското Езеро, кои се наоѓаат на локации кои се на територија на општината.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top