Три термини за три различни реони за подигање на комуналниот отпад во градов. Поради проблемот од недостиг на возила за подигање на сметот, кој најмногу доаѓа до израз за време на туристичката сезона, ЈП „Охридски Комуналец“ веќе неколку месеци прво пробно а сега и официјално отпадот од Охрид ќе го подига од понеделник до сабота за три различни реони. Постојат три термини за подигање на смет и тоа во првиот реон сметот ќе се подига во понеделник и четврток, во вторник и петок во втор реон и во среда и сабота во третиот реон. Елена Скрческа директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ вели де…
На денешен ден Светата православна Црква го празнува денот на отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител. Свети Јован Крстител или уште како се нарекува Св. Јован Претеча живеел во исто време кога и Исус и тој всушност го најавува неговото доаѓање. Јован уште пред Исус ги крштевал луѓето во реката Јордан и притоа им велел „Јас ве крштевам со вода, но ќе дојде друг кој ќе ве крсти со Дух“. Јован го крстил и Самиот Исус во реката Јордан. Во времето кога Јован проповедал во Палестина, во Галилеја владеел Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прославил со својот расипан …
Непознати сторители на вандалски начин искршија уште едно новозасадено дрвце на тротоарот на улицата „ Партизанска“ , наспроти хотелот „Палас“. Ваков случај на истата улица имаше и минатата недела, а забележани се и кршења на улични светилки и оштетувања на сообраќајни патокази.Локалната самоуправа, апелира до граѓаните за поголема грижа за заштита на новозасадените дрвца, уредените паркови и другите јавни добра и ги замолува доколку видат било каков случај на уништување, веднаш да ги алармираат надлежните инспекциски служби и полицијата.Со заедничка кординација на надлежните институции и с…
Во завршна фаза се активностите за реконструкција на подовите во ООУ „Григор Прличев“. Нови подни облоги од линолеум се поставени во ходничните простории на приземјето и првиот кат од новиот училишен објект.
Оваа инвестиција е дел од овогодишната Програма за образование на Општина Охрид и за нејзина реализација од општинскиот буџет се издвоени 748.162 денари.
Со цел да се подобрат условите за одвивање на наставата, во текот на изминатиот период, со средства од Општина Охрид беше извршена промена на дограмата во новиот објект, беа реконструирани подовите во неколку училници и беше извршена…
Изградбата на регионалниот пензионерски дом и понатака е пуста желба на охриѓани. Иако градењето на домот е ставен во програмата на Локалната самоуправа досега од постапката нема ништо. Потребите пак на старите лица од ден на ден стануваат се поголеми. Нема ден, а да не дојде некој пензионер и да праша до каде е градењето на домот, потврдува и претседателот Здружениeто на пензионери од Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески. Сведоци сме дека голем е бројот на младите луѓе кои емигрираат во странство и родителите остануваат сами. „ Има потреба, родителите се оставени на милост и немилост. Заминуваа…
Во хиперповрзаниот свет на глобални случувања, големите бази на податоци го менуваат светот. Вистински предизвик е начинот на кој се разбираат податоците, истите може да бидат сфатени како јавен ресурс, како приватна сопственост или како израз на индивидуален идентитет. Ова се дел од поентите искажани на затворањето на 18та конференција за достигнувањата во доменот на базите на податоци и информациони системи АДБИС и почетокот на 6та ИЦТ конференција за иновации кои се одржуваат во Охрид. Според претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, во обидот да се достигне иднината и врвните…
Даниел Мојсовски, Александар Грунчевски и Бајрам Рамадановски се музичките таленти од Основното музичко училиште „Методи Патчев“ од Охрид, кои беа дел од европскиот партнерски музички прект, “Концертот 100 млади”, кој неодамна се одржа во Белград. Таму младите охридски музичари настапија и како солисти и како дел од големиот оркестар. Вложениот труд пред и за време самиот камп им донесе голема сатисфакција на идните големи музичари.„Прво ќе кажам дека овој оркестар содржеше ученици од 10-12 години, а за нас како најмлади таму беше огромно задоволство да сме дел од тој проект. Исто ќе кажа…
Дел од вработените во јавното претпријатие Градски пазар пуштени на принуден одмор односно примаат 70% од платата. Во ова претпријатие работат околу 30 лица од кои 50% јавна администрација а 50% оперативци. Според информациите до кои дојде ТВМ најголем дел од вработените пуштени на принуден се оперативците односно чистачите, редарите на пазарот и паркингот.
За потврда на овие информации се обративме до директорот на ЈП „Градски Пазар“ Тони Коталески. Два дена со директорот комуникацијата е сведена на смс пораки, во кои тој неизлегувањето пред јавноста со одговори ја правда со презафатено…