Охридските млади музичари дел од „Концертот на 100 млади“

Три млади музички ѕвезди од Основното музичко училиште „Методи Патчев“Охрид, блеснаа на „Концерот за 100 млади“ во Белград, Република Србија.

 |  Голабовски Крсте  | 
ucesnici
учесници

Даниел Мојсовски, Александар Грунчевски и Бајрам Рамадановски се музичките таленти од Основното музичко училиште „Методи Патчев“ од Охрид, кои беа дел од  европскиот партнерски музички прект, “Концертот 100 млади”, кој неодамна се одржа во Белград. Таму младите охридски музичари  настапија и како солисти и како дел од големиот оркестар. Вложениот труд пред и за време самиот камп им донесе голема сатисфакција на идните големи музичари.

aleksnadar,daniel,bajram„Прво ќе кажам дека овој оркестар содржеше ученици од 10-12 години, а за нас како најмлади таму беше огромно задоволство да сме дел од тој проект. Исто ќе кажам дека имав огоромна чест да бидам избран да настапам како солист. Настапив со дело на Вивалди, a-mol  прв став.“

„Вежбавме по 7-8 сати на ден но многу сум среќен што ја прифатија македонската група, а тоа што сите останати професори и другарчиња беа од различни земји не н претставуваше проблем да се разбереме со англискиот јазик.“

„Ние прв пат свиревме во толку голем оркестар и за нас беше големо задоволство да учестуваме во тој оркестар, вежбавме по 7-8 часа но со дружење  не беше толку тешко.“

пробаЕлица Џуклевска, нивниот професор по виолина и воедно ментор, која беше влкучена во работата на самиот камп со голем број еминентни музички таленти, задовлна од настапот на најзините ученици.

„Се беше на исклучително професионално ниво, децата работеа по цел ден, и ние со нив. Единствениот коментар од сите кои ги гледаа концертите, беше: Како е возможно толку мали деца да звучат толку добро после само една недела музичка соработка.“, вели Џуклеска.

Антонио Балески, – Координатор на Проектот при Секторот за туризам и локален економски развој – Општина Охрид, објасни дека целта на овој европски партнерски проект e интеркултурен дијалог помеѓу младите, преку музиката како универзален јазик, со акцент на едукативниот момент и размената на искуства во процесот на музичката наобразба.

druzenje„После одржувањето на концертите, после извонредние критики и успешниот настап, и на оркестарот од млади луѓе од различни држави веднаш после тоа се доби понуда за следни концерти и покана на младите музичари и на музичкото училиште „Методи Патче“ за концерти во Словенија во Љубљана и Блед кои следат и со најава можам да кажам дека проектот продолжува со следната фаза во 2015-та со концерти во Италија, на еден од најпосетените саеми во Милано“, објаснува Балески.

Нина Момироска, директорката на Основното училиште „Методи Патчев“, благодарна до можноста која Општина Охрид им ја овозможи за учество во овој голем европски музички проект.

„Самото учество на овој европски музички камп е од големо значење за нашите млади музички таленти за нивниот развој и проектот со задоволство го прифативме бидејќи бевме сигурни во потенцијалот кој го имаат нашите млади музички надежи во нашето училиште“ потенцира Момироска.

Инаку  европскиот партнерски проект „Концерот за 100 млади“ кон крајот на минатиот месец на едно место собра млади музичари од различни европски држави и тоа: Блед Словенија, Тамсвег Австрија, Десензано дел Гарда- Италија, Белград- Србија и Охрид- Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top